Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ама овие нашиве не се со сите, а? :pop:

6jdb2x.jpg
 
Нема пари, нема нов играчи.Се надевам дека газдите ќе се смилуват и ќе фрлаат некоја пара да земеме некој добар играч до 20 милиони (Милнер или Силва) но не верувам да се случи вакво нешто, најверојатно ќе се палиме на играчи од типот на Смалинг и Чичарито ... Не за џабе Ферги инсистираше 3-та ветерани (Гигс,Сколс,Невил) да го одложат своето пензионирање уште на 1 година :toe:
 
Вчера Чичарито како изгубен беше, едноставно не знаеше кај се наоѓа. Само нејќам да биде ист случај како Манучо :toe:
 
...пресвртот против Баерн на Ноу Камп(да те надополнам):smir: Тоа е она вистинското, но денес на децава ги пали фрлање пари на Бенземовци,Агуеровци и други преценети серковци.
Да, спомнах, сите пресврти кои гии правил клуубо. Има повеќе такви, ама НАЈ е тој против Баерн. :) Па и за тва пишах, оти сите се праат навиваче а плачат за 50милионски играче...
 
Како тргнала работава изгледа се остварува она што еден член порано го кажа дека Реал ги купува ѕвездите играчи за да нема другите што да купат. А и кај го прочитавте тоа за Ди Мариа, официјално е или шпекулација?
 
^

Вчера ја тоа го спомнав,ако мислиш на мене.Не мислев на ѕвездите,туку на појаките играчи.
Зошто Ди Мариа сеуште не е ѕвезда.
 
Јас мислам дека Арсенал нема шанси Руни да ни го земе иако се најблиску до тоа... :S
 
^^ И јас истото го слушнав.... Мислам дека Суарез може да се вклопи во тимот. Но ни преостнанува да видиме што-како ќе се одвиваат работите...:tv:
 
Без паника ве молам...Дали некој ќе дојде или не пак ќе останеме „црвени ѓаволи“.

Само видете кое богатство го имаме со младинава во клубов...за некоја година овие ќе бидат новата генерација и водичи на тимот


 
Браво за видеата погоре само би додал дека ова се резевниот тим а па U 18s со Масаки, Петручи, Форнасиер и Погба.:)

Ди Мариа сепак најверојатно ќе потпише со Реал и нема да тргнат по Силва. Барса го зема Виља, Реал го зема Ди Мариа и Силва останува слободен се надевам дека Ферги ќе испрати понуда за него.
 
Браво за видеата погоре само би додал дека ова се резевниот тим а па U 18s со Масаки, Петручи, Форнасиер и Погба.:)

Ди Мариа сепак најверојатно ќе потпише со Реал и нема да тргнат по Силва. Барса го зема Виља, Реал го зема Ди Мариа и Силва останува слободен се надевам дека Ферги ќе испрати понуда за него.
Ди Марија сигурно потпишува со Реал.А ако Реал го зеде Мурињо мислам дека тој нема да сака да го донесе Давид Силва а и се сомневам дека некој во Реал пак би трошел големи пари за засилувања.Ди Марија 40 мил. Маикон 25 мил. Луиз или Коларов 20 мил. Мурињо 15 мил.+мислам дека ке тражат уште еден напагач.А ако сакаат да ги купат Лампард,Џерард,Де Роси или Снајдер да го врати Мурињо(Иако според мене невозможно) сметајте колку пари Реал ке ги даде за оштета 100 за овие што милам дека ке дојдат а од овие 4та последни ако сака Мурињо да купе некои двајца би го чинеле 50-60 милиони евра.А ако сакаат да продаваат за да земат некој пара Гарај 10 мил Дренте 5-10 мил. Ван Дер Варт 15 мил. Гути без пари Мамаду Диара 10 мил. Ласана Диара 20 мил. Игуаин 35 мил.(мислам дека нема да го продадат) е од овие сега мислам дека Мурињо ке ги продаде Дренте,Гути,Лас или Мамаду Ван дер Варт тоа се 50 мил.
Бројките можеби и не ми се најточни како што треба да се реални според мене.
И каде е според мене главниот проблем тешко дека Мурињо ке успее ти толку звезди да ги воигра за кратко време.
Па според ова јас мислам дека Манчестер е во пол-позиција за купување на Силва.
И мислам дека треба да го купиме пред Светското ако сакаме да го земеме за помалку пари затоа што мислам дека тој ке блесне на светското и ке му порасне цената за барем 5 мил.
И главното според мене мислам дека Силва ке се вклопи одлично во концептот на САФ.Кој од вас ја има гледано Валенсија многу добро знае што значи за Валенсија Силва.Со Виља играч сличен на Руни беа одлични.Тој на многу натпревари играше како полу-шпиц зад Виља и токму на тие натпревари играа одлично.А кога Валенсија мораше да се брани и да игра на резултат тој се вракаше многу поназад и играше во средниот ред.Често знаеше и да игра како крило.Доста е брз има добар шут одлична прегледност на играта токму таков играч ни фали.Може да игра на било која позиција средниот ред а сите знаеме колку Ферги ги цени тие фудбалери.
Ако дојде тој јас лично типувам на ваква формација на Ферги.
Ван дер Сар
Рафаел,Фердинанд,Видич,Евра
Флечер,Андерсон
Силва
Валенсија Нани
Руни
 
Капело призна дека можеби средниот ред е со квалитетни фудбалери како Ламп и Стиви Џ, но се` уште никој не ги повлекува конците како Сколс. :tv:
 
Се надевам оти ме разбираш, фала. :)
Тотално те разбирам и јас на тва си помислих (на начино на кој е создаден клубо итн. да не те повторувам), ама мислам оти и титулите се дел од историјата па за тва те реплицирах.

Иначе гледам некои изопачија ги работте.
Иначе јас НЕ СЕ ПАЛАМ НА МИЛИОНСКИ ИГРАЧИ!!!За мене Јунајтед е религија...ај да не се повтарам.
 
Капело призна дека можеби средниот ред е со квалитетни фудбалери како Ламп и Стиви Џ, но се` уште никој не ги повлекува конците како Сколс. :tv:

Па и на Џерард ко го прашале на прес конференција кој е најдобриот партнер со кој шо играл во средина, овај без мислење рекол Сколс! :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom