Денес барав да ми се издаде пасош по итна постапка. Ова што се случува не е ни видено, ни чуено. Ех каде ќе одиме со ваква држава каде лични документи неможат да се извадат за 2 милиони луѓе...дефинитивно крајно разочарана сум.
Само што ме закажаа женската на шалтер ми вели да си носам кога ќе се сликам валиден документ со мене, а мене и личната карта ми е истечена, пријавена сум пред 3 месеци и ме закаажаа за 25.10.2010 година. Заклучокот е дека е невозможно да се извади пасош по итна постапка. Нема никој со кој да се разговара, не помага ни молба, ни ништо.
Така во понеделник ќе имало некоја раководителка таму, па со неа треба да разговарам. На милост или немилост незјина ќе биде целата оваа работа. Само ми е жал што оваа прекрасна земја не заслужува толку неодговорност, толку доцнење, толку неписмени луѓе.
Или како што би рекол некој, ред е да се бара некој пријател, инспектор итн. Се така функционира во оваа кутра државичка. Ама се дури одат така работите ќе останеме она што сме.