Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Кога веќе зборувате за гнасни филмови... The human centipede.
Одвратен е. Ваквите режисери почнав да ги гледам како луѓе кои имаат смелост својата ментална пореметеност да си ја искажат на еден многу фин начин, па и на сето тоа да ја наречат уметност.
Мислам, секој понекогаш помислува на гадни работи, ама да сакаш таа помисла да се оствари во конкретен филм и цел свет да види што ти се мотало во глава, е премногу.
 
И секако, кога излезе Antichrist од Lars von Trier беше уметност нели?

Спрски Филм благо земено.. ме изненади. Како прво, целата приказна ќе ја немаше таа јачина, ќе го немаше тој посакуван ефект ако во филмот беа изоставени експлицитните сцени. Таа доза реалност го доловува цел момент. Заедно, да не речам дисфункционално функционираат. Филмот е одвратен, факт. Реалноста е одвратна, факт! Филмот има приказна, сценарио, и вака грубо земени можеби без контраверзните сцени ќе беше далеку поприфатен, полесен за голтање и ќе имаше позитивни критики, но ќе го немаше тој ефект, немаше да ја шокира публиката со еден нов вид на психолошки-хорор. Исто имам пишано за Антихрист, значи и двата имаат добра приказна, интересно сценарио, за доста позитивна оцена, но контраверзноста ја намалува, и двата од мене имаат 6-ка.

Не го оправдувам. Не го препорачувам. Сцените се гадни и претерани, плус многу реални. Но како филм од тој жанр си ја завршува фино работата. Ако имате добар желудник (и не, не мислам ако сте гледале wrong turn, можете овој) и сакате еден шокантен психолошки-хорор.. тогаш, Srpski Film.

И луѓе читаат. Од трејлери и рекла-кажала муабети.. фер е да не го дискутирате. До секој е достапен. Секој може да го симне и даде негова оценка. Плус, никој не ви става нож на грло да го гледате до крај. Можете во секој момент да го изгасите, но како што реков од рекла-кажала муабети и ако не го изгледате до крај, за да ве потресе приказната, максимално шокира, до степен што ги заборавите грозните сцени, туку стоите со отворена уста и се прашувате што се случи, треба да останете надвор од дискусијата.

ПАК, не го препорачувам ниту оправдувам. Но, ако се решите да го погледнете, гледајте го само како филм од одреден жанр. Не се фокусирајте само на одвратните сцени за да имате материјал за плукање, хејтање, кој и да е новиот збор на денешната младина.. :icon_lol:

6-ка од мене.

 
Кога веќе зборувате за гнасни филмови... The human centipede.
Одвратен е. Ваквите режисери почнав да ги гледам како луѓе кои имаат смелост својата ментална пореметеност да си ја искажат на еден многу фин начин, па и на сето тоа да ја наречат уметност.
Мислам, секој понекогаш помислува на гадни работи, ама да сакаш таа помисла да се оствари во конкретен филм и цел свет да види што ти се мотало во глава, е премногу.

Ма каков Human centipede,да гнасен е Human centipede сум го гледала,али погледни го „Srpski film„ па да видиш што е вистинска гнасотија.
Ако го изгледаш „Српски филм„,после нема да имаш такво мислење за Human centipede дека е гаден,и јас пред да го изгледам „Српски филм„ мислев дека The Human centipede е еден од најгнасните филмови,но грешев,имало и многу погадно,а тоа е Српски филм.
 
После толку зборење го гледав Српски филм.

Што да кажам, досаден неуспешен обид да се направи српска верзија на Хостел 2.

Кој гледал хорори нема да се припотресе од ништо, се е веќе видено и запакувано во никакво сценарио со повремени квази шокантни сцени на насилство и секс. И крајот е тап, ма се е тапо.

Отепани 2 саата за џабе...
 
Hard Candy

hard-candy-onesheet.jpg


{пред да напишам ствар на вкусови е}

Значи незнам зошто,покрај толку фалење мене филмов ми беше еден од најглупите во животот што сум ги изгледал.И не ми беше само глуп него ми беше и гаден,грозен,никаков.........од што ми беше гаден последниот пола саат го измотав колку да се рече,можда имаше добра тематика и глума ама дефинитивно бљак.......14 годишно девојче се допишува со некој 32 годишен фотограф а тој нешто као демек педофил,некојси гревен човек,девојката врзува боље чворови од Индијана Џонс, па она го заведува го мачи како Саид што ги мачеше лугето на островот од Lost ,него ке му го кастрирала пенисот,цело време 2-ца во кадар во иста соба досаден,тој као демек плаче за некоја пичка стара љубов и оваа го тера да се самоубие таму се обеси ебате будалата, па уште тоа absolutely terrifying ме наведе да го гледам,барем јас не бев terryfied at all ........оценката на имдб 7.2 /10............јас му давам 4/10 заради глумата и ништо повеќе дури се чувствувам и како наставник кога ке му подари на ученик оценка повеќе! Си се запишував јас вака посабајле ама дефинитвно филмов ми остави многу лош и гаден впечаток што ке морам да ги гледам Van Wilder и Hangover некојси си 10 пати за да ја добијам пак довербата во филмовите. Моја препорака- Никаков е филмов


:pos2:

Значи за да играш на вкус карта, треба барем малкуодмалку да си компетентен да правиш разлика од лош и добар филм.
Hard Candy e стварно тешка драма и не е за широката публика. Плус треба да обожаваш драми. Значи и за да ја оцениш оваа, треба да изгледаш барем култните од жанрот. И све океј, прифатив играњето на вкус ама кога прочитав Wan Wilder да ти врати вербата во филмовите.. :pos2:

Ај, сите сфатија...

Idiocracy. (predlog)
Гледај го.
 
^Дека е никаков не е, дека е ремек дело па и тоа не е, се измеѓу се прифаќа. Мене ми се свиѓаше посебно глумата на двајцата и развојот на настаните во филмот, незнам зошто ти бил досаден,филмот беше многу ефективен и тоа е една од причините што на многумина им се допаѓа без разлика што приказната е малце Sci-Fi:)
 
:pos2:

Значи за да играш на вкус карта, треба барем малкуодмалку да си компетентен да правиш разлика од лош и добар филм.
Hard Candy e стварно тешка драма и не е за широката публика. Плус треба да обожаваш драми. Значи и за да ја оцениш оваа, треба да изгледаш барем култните од жанрот. И све океј, прифатив играњето на вкус ама кога прочитав Wan Wilder да ти врати вербата во филмовите.. :pos2:

Ај, сите сфатија...

Idiocracy. (predlog)
Гледај го.

Имав чувство дека ке налетам на вакви коментари ;) ,мене едноставно тоа што го видов не ми се допадна едноставно девојчето беше Супермен се знае ,на се е спремна кажав глума такви работи се е ок ,едноставно начинот на кој е направен филмот е нешто што ме изнервира во тие доцни часови :pos2: , дефинитивно ке го симнам и Idiocracy да го гледам па ке си кажам мислење :)
 
Па нејќе баш да е драма, поише иде накај трилер, како и да е добар филм. А тој Idiocracy незнам по кој пат го читам во твој пост, и се заебав да го глеам, многу глупа комедија, али добар за тепање време.
 
Па нејќе баш да е драма, поише иде накај трилер, како и да е добар филм. А тој Idiocracy незнам по кој пат го читам во твој пост, и се заебав да го глеам, многу глупа комедија, али добар за тепање време.

Обожавам тешки филмови затоа.

Него, Idiocracy, не е битен хуморот колку што е битна поентата. Но хеј, beats the hell out of Wan Wilder.
 
Дали некој беше во можност да го ѕирне документарецот на Кејси Афлек со Жоакин Феникс во главна улога I'm Still here. Човекот се надмина себеси , актерска игра која трае две години досега никој не извел, и целата фарса кај Дејвид Летерман било само глума. Секоја чест за човеков. Дефинитивно со ова застана на врвот на листата на моите омилени актери.
 
Дајте предлог за некој филм со повеќе пресврти , мање битно дали е понов или ептен ретро , нешо у стил на Wild Things ... , ... :tv:
 
The Professional (1981)

1278114683_2.jpg


Action Drama Triler Француски филм
Еве една препорака од мене за cool филмче.Кратко---Jean-Paul Belmondo во главна улога.Работи како таен агент и го праќаат да делне еден претцедател во Африка.У меѓувреме тие што го пратија,ја менуваат тактиката и треба да го делнат него.Филмот е класика добар шизички филм со Француски шмек и е доста по оргинален од новиве филмови.

Oдличен избор, култна класика! додека пак за немам зборови! врв! Енио Мориконе at its best!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom