Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Го гледав сам.... по претходна претпоставка која се испостави дека е точна :) дека филмот е уметност и не е за пред секој. Би го гледал пак, после 2-6 години...

Точно така овој филм не е за секој,ретко кој ќе успее цел до крај да го изгледа.
Но ако го изгледа до крајот,ќе остане занемен.
Искрено јас на последната сцена од филмот (не кажувам каква беше ппоследната сцена,тие што го гледале ќе знаат) останав без текст.
И други што го изгледале до крај исто така последната сцена од филмот ги шокираше исто како мене!
Бљак :nesvest::shok:
 
Српски филм нема да го гледам, оти животот е краток за да гледаш секакви срања од филмови.Најпрво треба да издвоиме време за филмови што стварно вредат.

Се сложувам дека е брутален,ама како и секој филм си има поента.Всушност како што читав критика од некојси српски критичар---"за поконзервативните луѓе-да знаат дека ова не е фикција,туку ова се случува и кај нас".
Јас лично не знам дали се случува,ама ништо чудо.
 
Не се работи за конзервативност... еве јас не сум конзервативен па не значи дека сакам да гледам гадотии. Не сакам кога некој продава срање а се крие зад финтата: седете бе таму што разбирате вие од уметност! Филмот е за уживање колку што знам, треба да ја направи публиката задоволна... не гледам некој посебно да уживал во ова. Сега останува да ни снимат филм за канибализам ама онака без цензура... пошто и тоа се случува по светов, јбг...

Енивеј, некако го издржав Hostel, иако гадни работи имаше, мислам дека тука некаде треба да биде границата на она што може да се прикажува.
 
Зборот ми беше дека вајда режисеров го снимил филмов заради некоја причина-нели.Не е вајда снимен за да се прослави со такви гадости или слично,туку да можда погледнеме што е веројатно да се случува некаде.Иначе трпам колку толку гадости,ама воа е КРАЈ на се.Колку само психолошки убива.Јас го гледав без препораки,и очекував некој класичен српски филм.Ама воа да ти било the Devil's job на екран.Не сум помислувал дека човечки мозок може да измисли вакво сценарио.
 
Мене ме разубедија да го гледам. Другар ми траума доживеа. Ми вика вака, не вреди да се трауматизираш за ваков филм, ова може само болен ум да го измисли, освен перверзија нема ништо друго. Штом три дена немаше збор да ми опише што гледал , му верувам..:)

Јас нема да го гледам, али му ја прочитав содржината на википедија. И замислете, од читањето се згрозив, а не па од гледање.
 
druze,ti ne si go gledal izgleda ili gledash nekoi vesti od Ruanda
па тоа е одговор на ограничен ум. ако си го гледал филмот и све што си гледал е
педофилија, некрофилија, порно
и др, тоа си е до твојот ум. пробај погледни малце подалеку од тоа
плус, зар не гледаме постојано вести за педофилл, татковци силуваат керки, синови што тепаат татковци со секири...доволно ли е

--- надополнето ---

за поконзервативните луѓе-да знаат дека ова не е фикција,туку ова се случува и кај нас". Јас лично не знам дали се случува,ама ништо чудо.

exactly my point
 
Да се сложувам со некој погоре што напиша дека сега дојде лошо време и се и сешто се случува,ама па и тоа што го има во „Srpski film„ е претерано.
Мислам дека доколку сакале да ја прикажат реалноста дека во денешно време се случуваат многу лоши работи,мислам дека сепак можеле на поблаг начин да го прикажат тоа.А не на човек после изгледаниот „Српски филм„ да му се згади да живее и да има нагони на повраќање и што уште не.
Во секој случај во филмот претерале со перверзијата и гнасотиите.
Јас што без проблем гледам хорори и колање и такви гнасни ствари,сепак на „Српски филм„ неможев да издржам,едвај до крај го изгледав,па уште и самиот крај на филмот,самата последна сцена од филмот кога ја видов е тоа беше капак на целиот филм.
 
Тоа е негативната страна на филмот. ке шокира и ке се збори за него, и ке го гледаат луѓе. а режисерот ќе остане запаметен..да не речам, чист маркетинг.
секој што чул за некој филм дека е забранет,истиот ке го копка дур не погледне.
 
Тоа е негативната страна на филмот. ке шокира и ке се збори за него, и ке го гледаат луѓе. а режисерот ќе остане запаметен..да не речам, чист маркетинг.
секој што чул за некој филм дека е забранет,истиот ке го копка дур не погледне.

Апсолутно точно,факт е дека „Srpski film„ е направен да ја шокира публиката и да остане запаметен,а во тоа и успеа.
 
Баш напротив јас веќе не паѓам на ваков маркетинг, секој пат кога некое дело ми го прикажувале како контроверзно всушност било еквивалент за одвратно , јас верувам дека имагинацијата е бескрајна или дека може да се претера ама таква ефтина финта од типот сите зборат за него па мора да се гледа (нешто во стилот на книгите на Ден Браун) веќе нема шанси да ме заинтересира. На пример Антихрист исто така никогаш не би го погледнала. Аман со тие контроверзи, нема веќе ремек дела од трилери и драми. Се се сведува на перверзија.
 
Boondock Saints II: All saints day (2009)

Boondock_2_poster.JPG


Океј, првиот дел од светиите е ремек дело, во мојава топ10 листа се наоѓа, ама вториот .... шознам, има одлични сцени кои ти ја креваат косата нагоре, ама првиот е далеку подобар. Не, не е лош овој дел, ама ако споредуваме со првиот, не е тоа тоа.
Околу приказната: дејствието продолжува 8 години после настаните од првиот дел. Браќата се враќаат со желба за одмазда. Полицијата пак им е во траг, а инспекторите од првиот дел исплашени.
Глумата беше на ниво, место Вилем Дефо се појавува Џули Бенз во улога на агентица, другите си се истите од првиот дел, само 10 години постари.:D

Со тешко срце би му дал седмица.:)

Болдираното: Филмот е добро осмислено сценарио и квалитетно одработена замислата за течење на настаните.

Дефо е мастер за такви улоѓи, штета што не нашле соодветна замена, мислејќи дека ќе биде подобро да земат кур*а да ја одигра улогата на агент кој ѓи брка добрите/лошите момци :) .

Сигурно ќе има и тројка, ама славата на првиот тешко да се достигне. :wink:
 
Болдираното: Филмот е добро осмислено сценарио и квалитетно одработена замислата за течење на настаните.

Дефо е мастер за такви улоѓи, штета што не нашле соодветна замена, мислејќи дека ќе биде подобро да земат кур*а да ја одигра улогата на агент кој ѓи брка добрите/лошите момци :) .

Сигурно ќе има и тројка, ама славата на првиот тешко да се достигне. :wink:
Знаев дека ти ќе ме цитираш. Ова ти е Декстер со пушки и пиштоли.:D
Ми се допадна таа бекграунд приказната од вториот дел за Ноа, ама не беше пак тоа шо требаше. Да, и тоа да, ќе има трет дел, после 10 години може.:)
 
Знаев дека ти ќе ме цитираш. Ова ти е Декстер со пушки и пиштоли.:D
Ми се допадна таа бекграунд приказната од вториот дел за Ноа, ама не беше пак тоа шо требаше. Да, и тоа да, ќе има трет дел, после 10 години може.:)

заборавив да напоменам:

И што викаш, после 10 години 3-ка...
Сигурно, и после Willem Dafoe (ќе има 65 год.) и Julie Benz (ќе има 48 год.) да ѓи видеме заедно во филм.... Awesome :vozbud:
 
Филмот е срање, и типично второ продожение т.е банален обид да се направи нешто... било што. Приказната е очајна, сценариото и репликите исто така... со други зборови колку и да го сакате првиот дел и да сте се напалиле на него, заборавете дека има и втор дел.

А кога веќе се дискутираат филмови... ќе го спомнам мојот последно гледан (пред саат време) Српски Филм, епа... ко за почеток, јапонците може вода да му носат на режисерот на грдосијава од филм. Понатаму мислам дека филмов заслужува и посебна тема, истко како што неговиот режисер и сценарист си заслужиле место во санаториум... кој не го видел незнае што зборувам, и од таму џабе ќе ми биде било каква рецензија? за ова чудо (незнам зошто некои воопшто се труделе да го спомнат филмов во темата за рецензии), го изгледав буквално о.0 се тоа пропратено со константно гласче во главава кое онака на рипит повторуваше... wtf.... wtf.... wtf...
 
Го изгледав Српски Филм и што да кажам, да почнам од тоа дали воопшто може да се нарече филм, нели секој филм треба да има поента некаква освен да се направат пари.
До пола филм и нема толку одвратни сцени, али понатака почнува она "вистинското". Не ми беше воопшто гад да го гледам, едноставно знам дека isn't real. Да, се случуваат вакви или слични работи али ова е веќе глума.
На крајот знаев дека беше син му
И да, општо глуп "филм".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom