Нова издавачка куќа - “Зеница“

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.307
Утрински весник напиша:
Новата издавачка куќа „Зеница“, која ја формираа Глигор Стојковски, донеодамнешен уредник на „Култура“ и писателот Венко Андоновски, ќе публикува теориски и историски книги, како и дела од светската класика, но не и бестселери кои се медиумски експонирани...
Линк до изворот.http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31101115111&id=16&setIzdanie=21922


Интересно. Венко Андоновски со смел чекор, да формира сопствена издавачка куќа. Туку, да не биде исклучиво тема во која ќе биде муабетот “ајде честито...“, кажете ми, има ли доволно издавачки куќи во Македонија, има ли премалку? Има ли доволно изданија, квалитетни ли се? Ќе биде ли “Зеница“ нешто спектакуларно...?
 
издавачките куќи немаат основна култура и во се се испод ниво на човечанство само ги интересира профитот ништо друго
 
Не е дека се премалку, ама не би штетело кога би ги имало повеќе. :) И мислам дека треба да се работи повеќе на преведување на одлични книги кои се веќе и класика станати во другите земји, а кај нас знак прашање е и на српски дали ги има. :toe:
Одлична идеја, се надевам дека се ќе им излезе според планот.
 
Како што рече Ма-Ста-Пе повеќето од издавачките куќи се` помалку се интересираат за квалитетот на тоа што го нудат, но кога веќе живееме во време каде профитот е нешто како број 1 во правилникот на секој човек, нема зошто бунење. Искрено, ако почнат овие да прават добри преводи на класиците, зошто па да не. Но искрено веќе во се` се сомневам.
 
Јас, како најобјективен член на форумов за темава да кажам дека сигурно ќе излегуваат квалитетни книги од издавачкава куќа.:pipi:

Па доста ми е да гледам како кога влегувам во Три, како издавачка куќа со најголем рејтинг, секогаш прво да ги гледам Виолетова Крава, Како да пливате со ајкули, Калуѓерот што си го продаде ферарите, Герила маркетин... па уште таа обавезно ти ги препорачува. Више на памет ги научив у пм. Венко како универзитетски професор сигурно знае што квалитетна книга подобро од психологот кој ја држи Три. И озбилно, зарем некој со цел памет ги купува книгите кои ги набројав?:uvo: Треба да се издаваат и популаризираат поквалитетни книги.
 
Многу сме ограничени не ни знаеме кој се квалитетни книги и кој се популарни книги, низ светот мислиме дека тие кој се кај нас издадени се вистинските бестселери, ама сепак мислам дека има доста преведени книги во Македонија и издавачките куќи добро си ја работат работата, само повеќе треба да се експонираат младите Македонски автори, мислам дека заслужуваат. Ај ќе видиме дали Зеница ќе е бледа копија на голем број издавачки куќи кој профитот им е пред се.
 
Интересно. Венко Андоновски со смел чекор, да формира сопствена издавачка куќа. Туку, да не биде исклучиво тема во која ќе биде муабетот “ајде честито...“, кажете ми, има ли доволно издавачки куќи во Македонија, има ли премалку? Има ли доволно изданија, квалитетни ли се? Ќе биде ли “Зеница“ нешто спектакуларно...?


Да се надеваме дека „Зеница“ ќе смени нешто во издаваштвото кај нас. Веројатно наскоро ќе дознаеме. Издавачки куќи има, повеќето од тоа што го слушам и не се премногу рентабилни. А со изданија стоиме најлошо.
Некакви чудни бестселери, очајно преведени, напечатени на новинарска хартија залепена со лошо лепило и поскапи од истоимените книги увезени од северниот ни сосед, кој можел за помалку пари да понуди поквалитетно стокмен производ.

И нешто за наштите издавачи и книжарници - Пред еден месец влегувам во книжарница во ГТЦ. Разгледував некаков речник од наш издавач. Книгата, која беше репрезентативен примерок беше со испревртени страници и всушност завршуваше на нејзиниот почеток. Бидејќи љубезната продавачка беше во близина и укажав на проблемот, а она ми вели: Ах, па така се погодила!
 
ги прават книгите за 25 денари,а ги продаваат на попуст по 250 денари КИКИРИКИДАГЛАС
 
Идиоти.
Абе пиљара отвори, да те види Господ.
Со глава низ ѕид не се оди.
У Македонија да работиш со издавање книги, ми личи ко борба со ветерници. Народот бара бурек и Голем Брат, вие тука со книги некакви. И за што служат тие книги? За ништо, пари си дал за џабе. Да не те најаде случајно книгата?
-------------------------------------------------------------------------------------------
Издавачите мислеле на профит?
Ова ми личи како раперските муабети: "Тој е комерцијален, му се продава албумот у Литиум!"

Па на шо да мислат, на цвеќиња?
Можеби треба да постојат само издавачки куќи што ќе работат без профит. А вработените и сопственикот да бидат издржувани од страна на мама и тато цел живот.
 
Венко како универзитетски професор сигурно знае што квалитетна книга подобро од психологот кој ја држи Три. И озбилно, зарем некој со цел памет ги купува книгите кои ги набројав?:uvo: Треба да се издаваат и популаризираат поквалитетни книги.

И те како се купуваат :)
Психологот е паметен човек знае дека ова е инстант генерација, инстант општество, со инстант начин на живот а овие книги нудат инстант духовност, инстант пари заработување, инстант успешност, инстант добар врска .

Мал е пазарот во Р.М. а тие што купуваат книги то ест народната маса ги има на полиците Хари Потер, Твајлајт, Ерагон и рандом лесни книги за инстант забава и продуховеност, начитаност итн ...
 
Идеја за поздравување од причина што досега повеќето беа ориентирани на бестселери и ме радува тоа што овие ќе извадат нешто поинакво.

Има читатели во Македонија, макар што не сме којзнае каква читателска публика а онаа што ја има, повеќе сака да чита нешто што релаксира, а не да си го тупи мозокот со посложени нешта, но дефинитивно има потреба од таква литература кај нас.
Многу дела немаат македонски превод, а оние што се преведени се лошо преведени, се надевам ќе го земат предвид и ова.
 
Мило ми е што има има нова издавачка куќа во Македонија. Смачено ми е веќе од Ден Браун,Стефани Маер, Паоло Коејо итн. редно е да се издаваат книги со вистински квалитет кај нас, само криво ми е што во Македонија сеуште нема издавачка куќа која ќе се зафати со преведување на научна фантастика.

Ај здравје боже јас ќе отворам кога ќе пораснам. :pos2:
 
Зошто плукате по Ден Браун и компанија? Ве тера ли некој со сила да ги купувате? Зборувате како никогаш да не сте влегле во книжарница. Ниту една книжарница не издава исклучиво бестселери, некои од нив всушност издаваат и квалитетна литература, но автори кои и не се толку прочуени, но секако ако имате изградено стил или знаете што сакате ќе ви се допаднат.

Секоја книжарница, то ест издавачка куќа си има свои изданија кои ги фаворизира. Влезете во било која од нив, побарајте ги нивните изданија и разгледајте ги. Нема да најдете само Коељо.
Како и да е, што повеќе издавачки куќи, тоа подобро, конкуренцијата создава квалитет за читателите.
 
Се согласувам ама зборот ми беше дека кај нас во Македонија се форсираат одредени автори кои не велам дека се лоши, но сметам дека постојат и други автори кои се подобри од нив во случајов зборуваме за класици.
Не ми се допаѓа една работа, а тоа е што кај нас посебно се форсираат книги од е напаравена филмаска адаптација, секако постојат такви книги што се добри, но има и такви што се за фалење. Па се изгледа како една маркетинг кампања за продажба на книги кои изобилубаат со квантитет, а не со квалитет.
 
Се согласувам ама зборот ми беше дека кај нас во Македонија се форсираат одредени автори кои не велам дека се лоши, но сметам дека постојат и други автори кои се подобри од нив во случајов зборуваме за класици.
Не ми се допаѓа една работа, а тоа е што кај нас посебно се форсираат книги од е напаравена филмаска адаптација, секако постојат такви книги што се добри, но има и такви што се за фалење. Па се изгледа како една маркетинг кампања за продажба на книги кои изобилубаат со квантитет, а не со квалитет.

Па така мислиш зашто не си прошетал по скопските книжарници туку само слушаш реклами по радија и читаш реклами по весници. Тие се најпопуларни, бидејќи народот е прост и ги бара нив. Издавачите се ориентирани на профит и ги форсираат тие книги. Никогаш нема да видиш “Како да ја затрудниш девојката и да се роди машко“ тип на книги во Темплум или Табернакул на пример...

А за македонскиот пазар и македонскиот квалитетен читач две издавачки куќи не се воопшто малку, нормално... ако се земе предвид фактот дека читачи кои навистина бараат добра книга а не само дигаат џева по пријатели и на форуми се бројат на прсти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom