Граѓаните се жалат од скапите цени на Т-Мобајл и Т-Хоум
Скапи импулси, сметки напумпани до плафон, ограничени разговори. Наместо задоволство и релаксација зборувањето на телефон останува да биде ноќна мора, кошмар за граѓаните. Револтот расте, решение на повидок нема.
„Мислам дека еден разговор на телефон не смее да е така оптеретувачки туку за нормално живеење, тоа е само телефонски разговор но секогаш е така, денес сметката за телефон е поголема и од онаа за струја, и од онаа за вода“,
- Според стандардот скапо е јас имам дете во италија, зборувам, мене ми е скапо“,
- Според стандардот сметките се уште се високи барем за одреден број граѓани“, велат анкетираните граѓани.
Ти Хоум и Ти Мобајл лани заедно остварија профит од околу 150 милиони евра. Во услови кога останатите оператори на пазарот работат со загуби ова е класичен доказ за монопол на пазарот, велат познавачите.
Иако речиси на секој агол се нудат реклами со ветувања за бесплатни разговори, во фиксна, во мобилна мрежа, сепак во пракса тоа не е така.
„Стандардот наш е многу низок и кога зборуваме на мобилен треба да водиме сметка дали да продолжиш да зборуваш или не, без разлика што имаат разни пакети, но мислам дека тоа е само земање на пари и ништо повеќе“, вели граѓанин.
Владата со 35 проценти од капиталот е втор по големина сопственик во Ти групацијата. На одлуките влијае преку нејзините директори што ги поставува на клучни позиции во компанијата.
Но сето наместо да им помогне на граѓаните и натаму им носи високи сметки за телефон на сметка на толеранцијата на деценискиот монопол.
Превземено од:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124076