Диети и слабеење

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Здраво на сите. Пред недела дена почнав една диета, и веќе за 4 дена изгубив 3 килограми што е мн добар резултат.. диетата вели за 15 дена се губат 15 килограми, а мене се ми доволно 7-8 да изгубам.. Сега се плашам ова да не е некоја од оние блиц диети со кои се губат килограми но потоа нагло се враќаат. Уште да кажам дека секој втор ден вежбам во теретана, после секој тренинг следуваат неколку серии стомачни и 20сетина минути вртење на точокот. Еве ја диетата

Оваа диета ми мириса на нагло качување на килограмите... Ако може некој совет за после завршувањето со неа добро би ми дошло :)
 
Troublemaker

Guilty as Charged
Член од
1 септември 2008
Мислења
76
Поени од реакции
0

Имам држено слична ваква диета и кај мене имаше добар ефект ослабев 6 кг сепак после диетата е измачувачки период бидејќи денес е полесно да ослабиш отколку да ја задржиш линијата. По диетата ти препорачувам да јадеш повеке овошје, зеленчук, млеко и млечни производи а помалку месо. Јас така успеав да ја одржам мојата линија па дури и ослабев дополнителни 2 3 кг. Е и уште нешто лебот го изоставив од мојата исхрана само понекогаш јадев црн леб. Со среќа !
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
* Пиј многу вода.
* Трчај, вози велосипед.
* Шекерот во кафето и чајот замени го со таблети што ги пијат дијабетичарите.
* Зејтинот замени го со растителен.
* Јади здрава храна, повеќе пати на ден во мали количини
* Обичниот леб замени го со интегрален
* Не јади зачинето.

И за 2 недели ќе изгубиш 5-6 кг :helou:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238

Јас ги применувам овие само нејадам многу леб скоро ич.Поминаа 12 дена и само 2 кг сум ослабен до сега ке видам за 2-3 дена дали ке има уште некое кило смалено со шо се надевам после нема да ги вратам
 
Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Јас ги применувам овие само нејадам многу леб скоро ич.Поминаа 12 дена и само 2 кг сум ослабен до сега ке видам за 2-3 дена дали ке има уште некое кило смалено со шо се надевам после нема да ги вратам
Друже пробај ја диетата што ја постира над два три поста.. има ефект 100%.. само за одржување на килограмите ќе треба и двајцата да се помачиме :smir:

И многу фала на советите момци!!:wink:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Друже пробај ја диетата што ја постира над два три поста.. има ефект 100%.. само за одржување на килограмите ќе треба и двајцата да се помачиме :smir:

И многу фала на советите момци!!:wink:
За да ги задржиш килограмите, а сепак да се вратиш на нормална исхрана, клучот е во забрзувањето на метаболизмот, односно поделба на оброците (наместо 3 главни, 6 помали оброци во текот на денот).

Еве ти една идеја околу тајмингот што мислам дека ќе ти помогне.

7 наутро - ДОРУЧЕК

9 наутро - УЖИНА

1 попладне - РУЧЕК

4 попладне - УЖИНА

7 вечер - ВЕЧЕРА

9 вечер - УЖИНА (најпрепорачливо 1 овошје, најубаво јаболко)

*и секако, многу вода меѓу оброците (до 2-3 литра на ден), а и редовна физичка активност
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Научете да се хранете здраво! Џабе се сите диети за слабеење и сите килограми што ќе ги загубите ако не создадете здрави навики на исхрана!
Дајте си време и откријте што всушност му е потребно на вашиот организам!
Денес барем со толку средства за информирање тоа не е тешко.Искористете ги.Денес, општо земено, културата на исхрана ни е на многу ниско ниво.Тоа е голема штета, но на индивидуално ниво не мора да биде така. :jaj:
 
N

NeMiRnA

Гостин
Наутро две овошки,но претходно чаша растворена глина за орална употреба,попладне квалитетно обилен,но здрав оброк без леб (може она влажното вакумирано лебче со ленено семе,одличен е за варењето),за вечера пола од ручекот!Задникот на орбитрек,ролери,трчање шоидае и тоа е тоа!Магии нема,интересното е што сите знаат како,ама пак упорно прашуваат во случај да не измислиле друг магичен метод!:)))
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Здраво на сите. Пред недела дена почнав една диета, и веќе за 4 дена изгубив 3 килограми што е мн добар резултат.. диетата вели за 15 дена се губат 15 килограми, а мене се ми доволно 7-8 да изгубам.. Сега се плашам ова да не е некоја од оние блиц диети со кои се губат килограми но потоа нагло се враќаат. Уште да кажам дека секој втор ден вежбам во теретана, после секој тренинг следуваат неколку серии стомачни и 20сетина минути вртење на точокот. Еве ја диетата:

Оваа диета ми мириса на нагло качување на килограмите... Ако може некој совет за после завршувањето со неа добро би ми дошло :)
Joooj и јас оваа ја држев.. првиот ден и ми се згади од то киселото млеко. Ова колку шо знам ја даваат пред операција доколку треба да смалат килажа, за побрзо.. после пак си се враќаат.
Така да најдобро е само здрава исхарана, овошје, зеленчук и редовно вежбање :)
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
6
Ај јас ќе ви пишам една, тешка е ама се кинат 6-8 кила, моментално ја држам, доколку се пие повеќе течности, полесно е:

1 den. ovosje
2.den riba, salata, supa
3.den ovosje
4.den ovosje
5.den ovosje
6.den stek, salata, supa
7.den stek salata supa
8.den ovosje
9.den dve jajca, sopska, tarator
10.den dve jajca, sopska tarator
11.den ovosje, salata, tarator
12.den ovosje, salata, tarator
13den. riba, salata supa
14. riba, salata, supa

Доколку ептен не можете да издржите во овошните денови, дозволено е да каснете салата или супа. Good luck :wink:
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
турбошланг апчињава што се од Божен дали ги користел некој и дали имаат ефекти?
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
турбошланг апчињава што се од Божен дали ги користел некој и дали имаат ефекти?
Лаксативи на природна база. Имаат повеќе ефект кај жени во менопауза отколку кај млади мажи. Јас не би ги пиела.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Денес приметив дека сум ослабен точно 11 кг и дека стигнав до 70 кг килажа. Цел ми е да осалбам уште 4 килограми за да дојдам до препорачанта тежина за мојата висина.

Диетата ја почнав 1 минатиот месец. Не се работеше толку за диета колку за вежбање.

на сабајле секогаш појадувам овошје најчесто една банана + цеден сок од портокал кој секогаш го јадам со една лажица мед.[ова ми го препорачаа бидејќи било многу здраво]. За ручек и за вечера јадам по 500 калории. Има една страна:
http://caloriecount.about.com/
ја користам за да видам точно колку калории примам. Одвреме навреме сум имал и испади па сум јадел по некој хамбургер (само што сега го јадам без помфрит, и други додатоци освен зеленчук, и никако не со мајонез). Од јадењето го исфрлив благото. Најдов еден диетален еурокрем (кој не е баш диетален ама нема шекер и е многу здрав) германски и го јадам кога ми треба да каснам нешто слатко (многу подобар од нашите еурокреми само што е едно два пати поскап). Ако се чуствувам некогаш многу гладен тогаш јадам макарони со кечап малку потпечени [podma;kani so 15% masten margarin], или пак ваерни па со кечап и малку сирење. Ианку јадам што сакам се додека е контролирано јадењето и не се претерува. До сега не ми се слошило или слично, јадам салати доста и би рекол дека никогаш не сум бил поздрав земено предвид дека порано секогаш имав киселина навечер и после јадење, а сега ја снема во целост.
Мора да напоменам дека минатата недела паднав во тешка депресија и само јадев и не вежбав и речиси и не станував од кревет ама сега се управив. Качив само 600 грама назад што не е многу земено дека од кревет јадев и цело време спиев.
Најбитниот дел ми е вежбањето. Имам i-treiner од reebok елиптичен точак (нешто многу слично на орбитрек ама квалитетно) и вежбам во калории во просек по 500 калории на ден што ми е отприлика час и половина вежбање на ден.

Така отприлика јас ослабев доста за доста краток период.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
igor108367 напиша:
Самиот процес на слабеење не е здрав процес. Чим намалиш од потребната тежина преку исхрана веќе е нездрав процес и тоа е тоа. Ако сакаш здраво да слабееш можеш само преку вежбање. Да не беше така до сега сите производители за диетални призводи ќе беа во затвор. Но самиот факт што диетата како процес не е здрава без разлика каква храна примаш. Најдобро што може е да се прими некоја здрава храна во одредена мера но никогаш нема да слабееш и да се храниш здраво тоа не е возможно.
и да јадеш успа да е здраво, но знаеш се што примаш премногу не е здраво, премногу витамини, премногу протеини, премногу јаглрехоидради, премногу масти (или премалку за иститие). За се има препорачана доза а со таа доза ти не можеш да ослабеш.
Се шалтам тука за да не му ја дирам на алекс67 Хербалајф пошто е досаден ко презентер од ТопШоп :)

Прашањето е .. Колку е препорачаната доза на јагленхидрати/протеини/масти дневно?

И .. незнам дали си чул за една студија (не така одамнешна) каде што стаорците и глувците кои биле на диета со рестрикција на калории (генерално биле гладни цело време, им давале минимум коку да преживеат) живееле забележително подолго од своите братучеди кои јаделе нормално, колку што им се јадело. Што мислиш, ова применливо ли е на луѓе?
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Се шалтам тука за да не му ја дирам на алекс67 Хербалајф пошто е досаден ко презентер од ТопШоп :)

Прашањето е .. Колку е препорачаната доза на јагленхидрати/протеини/масти дневно?

И .. незнам дали си чул за една студија (не така одамнешна) каде што стаорците и глувците кои биле на диета со рестрикција на калории (генерално биле гладни цело време, им давале минимум коку да преживеат) живееле забележително подолго од своите братучеди кои јаделе нормално, колку што им се јадело. Што мислиш, ова применливо ли е на луѓе?
За прашањето ќе побарам ќе постирам вечер сега немам многу време.

За студијата сум запознаен ја читав од википедија, и исто ги знам и резултати кога ја повторија кај луѓето и не ги даде истите резултати. На истата страна се опишани ефектите од рестрикција на калории има позитивни, но има и негативни (една од негативните е и смрт).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom