Многу ми е мило што важам за личност која оди спроти модата.
Ќе тргнам од секојдневниот живот, анализирајќи повеќе општествени кругови. Во школо, учам со дрољи кои мислат дека се фенси ако отидат во школо на 10ка штикла. Имам случај во клас, девојче кое цела зима се шеташе по хеланки и не-многу-долги џемперчиња. И не е само таа. Многу се. Деколтирани доаѓаат се со цел кај еден од поманијачки настроените професори да добијат што е можно повисока оцена. Ќе цитирам прашање на еден другар, наменето за ставањето пудра:
Девојко, девојко, со што ставаш пудра, со лопата?
Сите се со по 10 слоја пудра, сјаеви во сите можни бои, сенка и туш на очите кој ја преминува линијата на окото, вештачки трепки, пеглани коси, наочари за сонце на -20 кога надвор паѓа снег, и со устите направени како патки. Крајно невкусно. И нормално, тие не добиваат опомени за изгледот, затоа што лижат гз, се упикуваат, важат за нешто како примерни. Ама на мене мора да ми просере некој - дали за тоа што имам ставено кармин, или за тоа што ноктите ги лакирам со црн лак, ако се избацам у црно се поставуваат прашања од типот "кој ти умрел", мораа дури и за премногу мали обетки составени само од еден Сваровски кристал да ми просерат. Пред една година, имав пример кога една од клас извади пегла за коса на сред час, ја вклучи, и откако професорката зачудено ја праша што прави, таа и одговори со: "па ваква да идам на кафе со дечкото?!". Не, не и следуваа никакви санкции. Јас морам и летно време да пазам секој ден што носам, не само да биде чисто/испеглано/здраво, туку и да има прописна должина, па и да се наведнам, да не ми се види ништо, затоа што мене ми е непријатно од професорите, додека другите одат со кратки суќњи и маички на прерамки, што е претеризам! И најбитното, ташните. Денес нема како порано, во нешто поедноставно или поспортски да ги носиш книгите. Сите носат ташни како за искачање. Но тоа не е се - ташната го губи смисолот доколку не ја носиш како раката да ти е скршена.
Одење на кафе. Пред некој ден ми поставија прашање неколку искомлексирани, премногу глупи дрољи, зошто за на кафе преку ден (битен момент!) не сум носела штикли. Да, пиењето на кафето е толку свечена прилика што сите се нашминкани и дотерани како за вечерно излегување. Па така, кога се појавив во патики за на пригода каква што е пиење кафе, добив коментар: "Лелееее зоштооо нее носииш штиклиии?". Ваљда пошто уште имам 16, а не 26! Премногу грдо изгледа кога ќе видам девојка низ град преку ден со сите бои на виножитото на неа, одвратно облечена. Прво, треба да се пази на пригодата, па и да се работи за некоја свеченост, немора да свети (во буквална смисла на зборот). Не е потребно некој стилист да имаш, или пак да имаш талент за којзнае како да бидеш облечен, придржувај се на неутралните бои и тоа е тоа. Дури и за излегување е премногу.
Излегување. Ми се гади кога ќе помислам дека сум приморана од разни причини да излезам на место кај што сите се дотерани за на свадба, а отишле на најобично место. Пред неколку викенди во еден скопски клуб кај што никогаш и не би отишла доколку немам некоја причина, се избацив со ниски чизми, најобични пантолони и маичка. Ме гледаа како да не сум од тука. Сите на штикли, тоа што незнаат да одат е друга приказна, мали девојчиња направени како тетки, детален опис: лириките на Слаткар. Па ни на крај памет нема да ми дојде да излезам од дома така облечена! Ни на први април! Сите глумат некое лудило во градов, сите се замислуваат дека фураат некој нивен стил, а врска си немаат од облакање. Едно е да следиш мода, а друго е да знаеш да се облечеш.
Првпат облеков пократка суќња во втора година средно.
Првпат облеков фустан во трета година средно.
Првпат се нашминкав прилично скромно, со молив/римел/кармин во прва година средно.
Највисоки штикли на кои се имам качено: 3 cm
Број на парови штикли кои ги поседувам: два, и тоа чизми
И да, ми сугерираа дека незнам да се облечам за мојата возраст. Сум делувала старомодно, како уште да сум основно, а не (скоро) на факс.