"Кучињата лаат, карванот поминува!"
П.С. Човекот што го испратил клипот кажува дека бил католик, и откако го изгледал ова видео за една недела преминал во исламот.
Видеото е жив циркус. Едноставно не е можно човек со просечна интелигенција да го изгледа ова видео и да премина во ислам. Сигурно типов си бил муслиманин и пред тоа, само изрежирал некое си вакво сведоштво со цел другите кога ќе го гледаат видеово да мислат дека којзнае што има на него и дека тоа што е таму е доволно убедливо за човек да премине во ислам.
Еве јас го изгледав видеото и не само што не преминав во ислам, туку и смеа ме фати кога видов какви клипчиња користат муслиманите во нивната исламска пропаганда.
Во клипчето на долго и широко се објаснува како од машкиот хромозом влије на полот на детето и при тоа се добива хипнотичка реакција дека истото го тврди и Кyранот.
Но како и за секое останато "научно чудо во Кyранот", клипчињата се полни со научни изјави, лабараториски инструменти, равенки, графикони, слики, бели мантили, микроскопи и сл. секаде има наука, освен во текстот на Кyранот
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Во Кyранот го пишува следново:
"Да Он создаде пар: машко и женско, од семе кога ќе се закачи!" (
Сура 53:45-46, Кyран)
Еве и на босански и англиски јазик (бидејќи македонскиот е фаличен)
"i da On par, muško i žensko, stvara od kapi sjemena kad se izbaci" (
Сура 53:45-46, Кyран)
"And that He creates the two mates - the male and female, from a sperm-drop when it is emitted" (
Сура 53:45-46, Кyран)
Како што гледате од наведениот ајет, тој воопшто не збори за тоа од што зависи полот на оплодениот зигот. Тој само кажува една едноставна изјава (позната со векови пред Мухамед) дека Бог го создал човекот во два пола - машко и женско и дека истиот е создаден од капка сперма која се исфрла (од пенисот нормално). Но како и сите "научни чуда во Кyранот" од една обична и едноставна изјава се прави некоја супер-наука се со цел да се хипнотизираат гледачите и тие да си помислат дека сето ова го има во Кyранот, а кога ќе се погледне објективно само Кyранскиот текст, тој просто зрачи со едноставност и ненаучност.
Не знам дали погорниот "обратеник" (со дебели наводници) го има прочитано и овој ајет каде што се вели дека спермата на човекот излетгува од пределот меѓу рбетот и ребрата
"Па, нека човекот погледа од што е создаден, создаден е од капка семе (
сперма) што се исфрла, која излегува
меѓу 'рбетот и ребрата" (
Сура 86:5-6, Кyран)