FireFly, тоа не е "заварување", тоа се кратери од метеори (поточно јато од метеори) кои наишле кон месечината под тој агол и затоа таква "линија" формирале (ако тоа воопшто може да се нарече линија, бидејќи кратерите ги има и пошироко и од двете страни на месечината)
И повторно ќе прашам: Зарем е можно да верувате дека никој друг (освен Мухамед и придружниците негови) не го забележале овој спектакуларен настан на Небото?
Па ако ова навистина се случело, тоа ќе било огрома сензација и за тоа ќе имало еден куп записи во тоа време. Замисли денес да се раздели месечината, па сите има само за тоа да зборат
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Зарем е можно ова да им промакнело од очите на историчарите?
Порано луѓето верувале дека ѕвездите се помали и поблиску до Земјата отколку Сонцето и Месечината. Тоа било разбирливо знаење за тоа време. Но според мене е неразбирливо тоа да го тврди една книга која за себе вели дека е Божји Збор и згора на тоа па муслиманите и даваат и некаква супернаучна вредност. Тоа го пишува во Кyранот.
„Ние, навистина, го разубавивме до вас
најблиското небо со ѕвезден накит“ (
Сура 37:6-8, Кyран)
"Не гледаш ли како Аллах создаде седум небеса едни над други?
Меѓу нив тој Месечината ја одреди да биде светлина, а Сонцето светилка" (
Сура 71:15-16, Кyран)
Значи Кyранот вели дека небесата се едни над други.
Сонцето и Месечината се меѓу нив, а во
НАЈДОЛНОТО небо се наоѓаат ѕвездите.
Сепак денес добро знаеме дека ѕвездите се мноооогу многу подалеку од Сонцето и Месечината. Значи Кyранот не е во согласност со науката. Од тука следи дека тој не е и не може да се квалификува како Божји збор.