Имаше некоја декларација на Србската академија за голема Србија. И затоа се појавува Милошевиќ. Т.е. треба предходно да одговара состојбата за да се појави таков тип. Нешто слично како и појавувањето на Хитлер, кое исто така не е случајно. Т.е. предходно треба да одговара ситуацијата за да бидат прифатени вакви типови.
Исто така своја улога има оној поп што умре неодамна. Него веќе никој не го спомнува и најверојатно ќе го направат светец.
Потоа опозицијата во тогашна Србија. Главна алтернатива тогаш е Српското Движење на Обнова на Драшковиќ, кои што организирал четнички паравојски независно до власта, кој што тогаш се сметал за бетер од Милошевиќ. После Драшковиќ, главен опозиционер станува Шешељ, а потоа Милошевиќ прави коалиција со Шешељ... Со тоа се отвара патот за демократската опозиција. Доколку Шешељ останел во опозиција можеби ќе беше поинаку.
Драшковиќ на почетокот на 90 - сетите.
Што се однесува до Западот, тие на почеток воопшто не се мешаат воено и изиграваат посредници, пробуваат да ги смират, испраќаат сини шлемови итн.
Дури и Србите на почетокот со посредство на Запад склучуваат мировен договор со Хрватска, со што се зацврстува република Србска Краина и етничкото чистење се зацементира и се испраќаат сини шлемови како разграничување. Но бидејќи Милошевиќ е глуп отвара нов фронт во Босна и врши етничко чистење. Запад тогаш воведува санкции против Србија. Но Милошевиќ е ептен глуп па се случуваат "случајни" убиства на сини шлемови, новинари од Запад итн.