Денешните мажи...

Денешните мажи ги бива само да легнат на кревет, фудбал да гледаат и у меѓувреме пиво да пијат.Тоа им е послатко дури и од секс!:tv:

А и денешниве жени не се како што треба.Ако не си нејзин тип,ако вечерта не и е дојдено до ширење пријателства,може онака културно да ти каже дека вечерва не е расположена за муабет и слично.

А имало и случаеви кога онака културно,кавалерски и приоѓаш на девојка да се запознаете и од неа слушаш''Ај губи ми се''(и онака се слуша смеа од нејзините другарки),или уште полошо си излегол во така по елитно место,гледаш девојка,правиш се како во првиот случај и ти одговара''што сакиш ти од мене,ај беги'',и после некое време ја гледаш истата таа со некој на шанк лупа лонг ајланд.

Девојки на место во Скопје ги има се помалку(или барем јас не ги ги сретнувам).Сега гледаат на оние другине квалитети,односно што можеш да и пружиш материјално.

А грото на дечките на моја возраст се студенти или работат за просена плата и неможат да им го приуштат на девојките тоа што некои синчиња можат.

И затоа кај повеќето се јавува тој страв од неуспех кај денешниве девојки.

Не викам дека нема добри девојчиња,ама дали ќе налеташ на таква не се знае,а и несакаш уште некое разочарување ако и пријдеш на погрешната
 
А бе жените ви се криви за се. Жими мајка. Мижи асан да ти баам... Која иронија! Демек жените се вакви, онакви, они се дигнати ако им пристапиш. А јас пустата изгледа многу сум грда, па затоа во дискотека машки никогаш не ми пристапуваат. :tapp:

Проблемот е во отуѓеноста и апатијата на луѓето како и нивните ограничени погледи, мажите за жените зборат како за најголеми ѓаволи и олицетворение на злото, па не пробуваат ништо, жените за мажите зборат дека се најголеми кретени, па не даваат на никој шанса и оп одеднаш ете ти магичен круг кој никогаш нема да престане, освен ако луѓето не ОТВОРАТ тоа очите и престанат само да кенкаат и ако видат дека има прекрасни луѓе кои го заслужуваат нашето внимание и љубов.

АМА НЕ, МНОГУ ПОЛЕСНО Е ДА СЕ САМОСОЖАЛУВА СОПСТВЕНИОТ ПОЛ!
 
Верувај ми одкога си ги отворив очите видов дека жената е ѓаол ! :)

Додека мажите и жените си ја префрлуваат топката еден на друг за неуспехот на врските, се додека не научиме луѓето дека не мора да се сфатиме, туку само да се сакаме, човештвото нема да оди во нагорна линија, ќе има се поогорчени и мажи и жени...

Љубовта е магија и рецепт за среќа, ама треба труд за тоа, а луѓето се' сакаат да добијат по линија на помал отпор и со лесно. Е па колку да се знае ништо што вреди во животот не се добива лесно, посебно не нешто толку свето како љубовта!
 
Јас си викам дека ни треба еден ВУДСТОК македонски овде, секс ен дрогс ен рок&рол, де се обљубиме цела нација масивно, хардрок мадафака и се ќе биде поинаку, жените нема да гледаат многу серии а мажите помалку ќе се палат на фудбалери и спортска. Сексуална револуција ни фали, само не онаква каква ни ја нуди Турбо Фолк филозофијата, од типот моје гачице, него онака другарски, искрено, страстно да се потисниме...
 
На луѓето не им фали секс, им фали љубов. Луѓето физички се задоволни, душевно се празни и затоа настанува тој проблем на огорченост и склоност кон самосожалување.
 
Љубовта е магија и рецепт за среќа, ама треба труд за тоа, а луѓето се сакаат да добијат по линија на помал отпор и со лесно. Е па колку да се знае ништо што вреди во животот не се добива лесно, посебно не нешто толку свето како љубовта!

Нема љубов, се е интерес.
 
На луѓето не им фали секс, им фали љубов. Луѓето физички се задоволни, душевно се празни и затоа настанува тој проблем на огорченост и склоност кон самосожалување.

Точно, затоа велам сексуална револуција, сексот е корен на сите фрустрации, сексот е волја за живот, тој го облагородува или го расипува карактерот, сексуалната енергија е главниот двигател на човекот и потиснувањето на истата предизвикува комплекси и застранувања, после таа револуција која ја говорам, општо сите поинаку ќе гледаат на работите, на односот маж/жена кој треба да биде близок, братско/сестрински, пријателски а не сељачко-турбо балкански(важи и за жените и за мажите)...

Јас чисто се сомневам дека физички се задоволни...и со 100 неделно да имаш секс не значи дека ќе бидеш задоволен/а...погрешен е начинот на кој се гледа на релација секс, жена/маж, наместо да се надополниме(во секоја смисла...)ние очите ќе си ги извадеме...вие се кревате, ние сме сељаци и така до недоглед...
 
Нема љубов, се е интерес.

Апсолутно не се согласувам со тоа. Љубовта е над се, интересот е привремен и релативен, а љубовта како чувство е апсолутна и вечна! Љубовта е чиста и искрена, само луѓето сакаат да го намалат и дискредитираат нејзиното значење, ја вулгаризираат и сакаат да ја уништат преку материјализам и физички задоволства, ама тоа никогаш нема да им успее. Колку и да човек не сака да си признае сам на себе - тој љуби, секогаш љуби, само некогаш сме слепи на очигледните знаци пред нас.

Точно, затоа велам сексуална револуција, сексот е корен на сите фрустрации, сексот е волја за живот, тој го облагородува или го расипува карактерот, сексуалната енергија е главниот двигател на човекот и потиснувањето на истата предизвикува комплекси и застранувања, после таа револуција која ја говорам, општо сите поинаку ќе гледаат на работите, на односот маж/жена кој треба да биде близок, братско/сестрински, пријателски а не сељачко-турбо балкански(важи и за жените и за мажите)...

Љубовта е таа која внесува волја за живот. Доста веќе со вулгаризирање на љубовта и сведување на нејзино ниво на физичка и материјална ствар. Сексот е дел од врската меѓу двајца партнери и некогаш претставувало круна на врската и довербата (но веќе за жал не е така, сега се гледа на тоа како на физичка и луфтирачка работа), а љубовта е таа која душата пред се ја полни и го прави човекот човек и среќен!
 
Точно, затоа велам сексуална револуција, сексот е корен на сите фрустрации, сексот е волја за живот, тој го облагородува или го расипува карактерот, сексуалната енергија е главниот двигател на човекот и потиснувањето на истата предизвикува комплекси и застранувања, после таа револуција која ја говорам, општо сите поинаку ќе гледаат на работите, на односот маж/жена кој треба да биде близок, братско/сестрински, пријателски а не сељачко-турбо балкански(важи и за жените и за мажите)...

Кога би имало таква ‘‘револуција‘‘ после сите ќе ни изгледаат како сексуални предмети,бидејќи нема да има граници за ништо.Бидејќи со тоа фактички сме го достигнале врвот.Порано сексот бил шлаг на тортата во тој случај врската а не сега сите гледаме што побргу да почнаме да се плескаме со било кој.
 
Јас поима немам што мислат жените али знам дека ако направам некоја фора ала романтична-комедија-со-Бен-Стилер ке добијам фаца која кажува - Ај лејм си оди си, губи се кретену глуп (ок не до толку али поентата е таа :) ) Додека на форумов жените велат дека тоа им е убаво. Епа ај решете се. Дали сакате романтика или не....
 
Апсолутно не се согласувам со тоа. Љубовта е над се, интересот е привремен и релативен, а љубовта како чувство е апсолутна и вечна! Љубовта е чиста и искрена, само луѓето сакаат да го намалат и дискредитираат нејзиното значење, ја вулгаризираат и сакаат да ја уништат преку материјализам и физички задоволства, ама тоа никогаш нема да им успее. Колку и да човек не сака да си признае сам на себе - тој љуби, секогаш љуби, само некогаш сме слепи на очигледните знаци пред нас.

Нема љубов се е интерес. Помирете се со тоа (маж - жена, таква љубов)
Љубовта како чуство ќе биде признаета само кога ќе биде вратена, значи двострана - тешко таква работа (едниот ќе љуби искрено другиот ќе си ги тера своите интереси)

Човекот по природа е материјалиста, потклекнува пред физичките задоволства многу полесно одколку душевните.

Јас од многу љубов ослепив и сега не гледам никаде љубов (освен во некои интересни работи :) )

Јебеш га. Глобализација, Шехерезади, Пинк ТВ, МекДоналдс и Кока Кола...
 
Кога би имало таква ‘‘револуција‘‘ после сите ќе ни изгледаат како сексуални предмети,бидејќи нема да има граници за ништо.Бидејќи со тоа фактички сме го достигнале врвот.

Не мора да значи дека ќе ни изгледаат како сексуални објекти, сега се гледаме како сексуални објекти, посебно кај мажите, степенот на мажественост го одредуваат бројки, жените се само пички. Можеби после таа некаква револуција сексот нема да ни изгледа како бројка, или нешто забрането, срамно или грешно...
 
Јас поима немам што мислат жените али знам дека ако направам некоја фора ала романтична-комедија-со-Бен-Стилер ке добијам фаца која кажува - Ај лејм си оди си, губи се кретену глуп (ок не до толку али поентата е таа :) ) Додека на форумов жените велат дека тоа им е убаво. Епа ај решете се. Дали сакате романтика или не....

Еј, ако збориме така, ај вие решете се дали сакате љубов, нормална и стабилна врска со слобода или сакате само секс и ич пенисот да не ви чуе за девојката.

Мислам апсурдни се веќе таквите мислења.

Пред да го најдеш принцот, треба да бакнеш многу жаби.
Пред да ја најдеш принцезата, треба да бакнеш многу жаби.

Поентата е дека нормално дека ќе налетуваме на погрешни и едните и другите, тоа не е причина да збориме дека мажите и жените не знаат што сакаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom