Во Пештани станува алармантно

Ам как шо е дојдено... и пристанишче ќе немет... шчо прајме со пристанишчено, а? :vozbud:
 
Ам как шо е дојдено... и пристанишче ќе немет... шчо прајме со пристанишчено, а? :vozbud:

ке намалите на кајчињата..гондоли ке си купите..проблем ке решите

Gondola.arp.750pix.jpg
 
Не ми наплаќајте за паркинг кај што ќе ви текне во летниот период и тоа 50 денари минимум па нека ви прават, а ние вие каил сте и што одиме да наплаќате.. искрено ова.

Абе другар, од моите и твоите пари се прават патишта ама на други места. Се прават пруги по 45 години, се прават обиколници, се прават триста чуда, а таму каде што тој пат ќе направи "вистински бум" и ќе донесе трипати повеќе туристи и пари и милион пати подобри услови како и пристап до езерото не се фрла ни денар.
Инаку се сомневам дека "твоите 50 денари" (во ова мислам на сите што плаќаат паркинг услуги) и целата туристичка такса ќе го направат патот. Ниту пак општинскиот буџет (од 9-10 милиони евра) е доволен за да се почне тој голем проект.
Околу темата, дали е претерано или не стравувањето на пештанци, не знам, но никој од нас не би сакал толку вода во домовите, макар и во подрумите.
Плус, развојот на временските настани како и се уште недопотениот снег на Галичица, не ветува намалување на загриженоста, туку напротив. Ставете се и вие во кожата на пештанци.
 
Чекај, ако испонадојде езероно ќе можеме слободно пак да ги миеме колите?? Оти едно време напрај ја зидој па не можевме!
 
Инаку околу локалната и државната помош, јас живеам во близина на Пештани (во с. Елшани):
Крајно време е по 30-40 години некој од органите на власта (Општина и Влада/министерство за транспорт и врски) да превземе некоја активност за санација на постојниот или изградба на нов (по веќе проектираниот) пат. По обилните врнежи патот е "преплавен" од опасни дупки на и така неквалитетно поставениот асфалт. Ги искршивме и колите и нозете. Или и за оваа работа ние сме криви?
Овој проблем со улиците и патната инфраструктура е на ниво на цела територија на Македонија, и е најалармантен. Ниедна Влада не увиде дека патиштата се најголем приоритет за економијата, а истите се константно во фаза на невидена деградација. Бидејќи глупавоста и корупцијата на нашите власти е од огромни размери и и понатаму неконтролирано расте, се зголемуваат и нашите буништа и руини. Штом не се интервенира или пак неквалитетно >>крадливо<< се сработува, секоја наредна година е полошо од претходната за сообраќајот. Ќе биде навистина интересно по едно 3-4 години, кога ќе стигнеме до една страшна ситуација на сите главни и споредни сообрајќајници, до една општа непроодност и несносливи штети по производството, трговијата, туризмот, накратко - целото стопанство.
 
Чекај, ако испонадојде езероно ќе можеме слободно пак да ги миеме колите?? Оти едно време напрај ја зидој па не можевме!

Прашање е како ќе стигнеш до самото езеро ако испонадоје. По кој пат :vozbud:
 
Их бе, лесно. Чунки нека надојди, синкир нема патој да напрајме??
 
Има плажа, кај село Елшани ќе напрајме, она на планината, над камп Елешец. не бери гајле. Или кај Мешеишта. Само нека надојди.
 
Има плажа, кај село Елшани ќе напрајме, она на планината, над камп Елешец. не бери гајле. Или кај Мешеишта. Само нека надојди.

Хаха. Добар си. Патем речено, дали ја знаеш елшанската клетва за пештанци? (малку е црн хумор):

Да дајт господ кајчината на ридон да ги врзвите! (се мислит на еден рид над Пештани, во атарот на Елшани) :toe::pos2:
 
Јас сум подготвен да згрижам бегалци од Пештани, предност имат 20/25 f...
 
Ти дете, ориѓанче си??
Онаја, клетвана, да даи Бог да надојди езероно па да се удајте ко глуфци? Или друга?
 
Баш, ми се допаѓа.

него, од сликине не ми се чини дека е надојдено кај Пештани, појќем да не е заебанцијата со Струга, Дрим, браната, коритото, да не се излее, маме че ебит.
 
Во контекст на тоа - владата не верува дека нивото на езерото е подигнато и не превзема никакви превентивни мерки затоа што е преокупирана со трошење на државниот буџет на други работи?
од кај ова дека владата не верува дека е покачено нивото на езерото.. и пак владата... аурора.. шо треба да напраи владата? да организира јавен превоз до охрид со скопјанишчава и да го испиеме езерото? треба грујо да дојде и да сркне некоја лажица од езероно?? дај објасни ми шо може да направи владата... ете пуштени се вентилите НАД максимално дозволениот капацитет... нема толку капацитет да се испушти вода од езерото колку што се влева во него!!!
и дај ве молам сите прекинете со напаѓање владата ова гујо она.... не бранам никој али прво ова не треба у политика да се преправа второ владата и да сака неможе да направи да се повлече езерото...
П.С ве молам сите само темава да не стане тема за препуцавање охриѓани-скопјанишча...
П.С на квадрат.. до некаде сами сте си криви шо ве поплавува езерото..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom