Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ам как шо е дојдено... и пристанишче ќе немет... шчо прајме со пристанишчено, а?![]()
Не ми наплаќајте за паркинг кај што ќе ви текне во летниот период и тоа 50 денари минимум па нека ви прават, а ние вие каил сте и што одиме да наплаќате.. искрено ова.
Овој проблем со улиците и патната инфраструктура е на ниво на цела територија на Македонија, и е најалармантен. Ниедна Влада не увиде дека патиштата се најголем приоритет за економијата, а истите се константно во фаза на невидена деградација. Бидејќи глупавоста и корупцијата на нашите власти е од огромни размери и и понатаму неконтролирано расте, се зголемуваат и нашите буништа и руини. Штом не се интервенира или пак неквалитетно >>крадливо<< се сработува, секоја наредна година е полошо од претходната за сообраќајот. Ќе биде навистина интересно по едно 3-4 години, кога ќе стигнеме до една страшна ситуација на сите главни и споредни сообрајќајници, до една општа непроодност и несносливи штети по производството, трговијата, туризмот, накратко - целото стопанство.Инаку околу локалната и државната помош, јас живеам во близина на Пештани (во с. Елшани):
Крајно време е по 30-40 години некој од органите на власта (Општина и Влада/министерство за транспорт и врски) да превземе некоја активност за санација на постојниот или изградба на нов (по веќе проектираниот) пат. По обилните врнежи патот е "преплавен" од опасни дупки на и така неквалитетно поставениот асфалт. Ги искршивме и колите и нозете. Или и за оваа работа ние сме криви?
Чекај, ако испонадојде езероно ќе можеме слободно пак да ги миеме колите?? Оти едно време напрај ја зидој па не можевме!
Их бе, лесно. Чунки нека надојди, синкир нема патој да напрајме??
Има плажа, кај село Елшани ќе напрајме, она на планината, над камп Елешец. не бери гајле. Или кај Мешеишта. Само нека надојди.
Ти дете, ориѓанче си??
Онаја, клетвана, да даи Бог да надојди езероно па да се удајте ко глуфци? Или друга?
од кај ова дека владата не верува дека е покачено нивото на езерото.. и пак владата... аурора.. шо треба да напраи владата? да организира јавен превоз до охрид со скопјанишчава и да го испиеме езерото? треба грујо да дојде и да сркне некоја лажица од езероно?? дај објасни ми шо може да направи владата... ете пуштени се вентилите НАД максимално дозволениот капацитет... нема толку капацитет да се испушти вода од езерото колку што се влева во него!!!Во контекст на тоа - владата не верува дека нивото на езерото е подигнато и не превзема никакви превентивни мерки затоа што е преокупирана со трошење на државниот буџет на други работи?