_Vlatko_
Rossonero
- Член од
- 2 ноември 2008
- Мислења
- 759
- Поени од реакции
- 45
Лавина од земја паднала утрово на автопатот од Скопје кон Велес.
Одронот од земја, според информациите од Центарот за управување со кризи е долг од 20 до 30 метри.
Лавината на патот се спуштила кај месноста Рајко Жинзифов односно пет километри пред наплатната станица Сопот околу 9,30 часот.
Сообраќајот е во прекина и се очекува да се деблокира во наредните неколку часа, информира Авто мото сојузот на Македонија
Екипи на “Македонија пат“ со две градежни машини веќе се на теренот за да го расчистат одронот.
Нов поголем одрон на автопатот Скопје – Велес
Сообраќајот на автопатот од Скопје кон Велес од пред еден час е повторно во прекин поради нов поголем одрон на автопатот, известува Авто мото сојузот на Македонија.
Одронот се случил на пет километри пред наплатата станица Сопот околу 12,30 часот. Од АМСМ велат дека се очекува автопатот да биде деблокиран по 14 часот. Екипи на “Македонија пат“ веќе работат на расчистување на патот.
Утрово околу 9,30 часот на истото место исто така имаше лавина од земја долга околу 30 метри поради што неколку часа беше блокиран патот.
Не знам точно кај треба да стои темава но доколку мислите дека треба да се премести, направете го тоа :smir: