- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Лидерот на Атака пијан направил „шоу“ во авион![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Волен Сидеров, лидер на бугарската националистичка партија Атака, бил приведен на аеродромот во Франкфурт бидејќи целиот екипаж се пожалил на неговото однесување во авионот, на летот од Софија.
Сидеров (53) бил пуштен на слобода откако бил сослушан од полицијата, изјави за софискиот весник „Труд“ Јирген Линкер, претставник на германската полиција.
- Очигледно пијан, 53-годишниот Бугарин поттикна полициска акција во средата попладнето. Членовите на екипажот пријавија дека тој се однесувал непристојно кога ќе го замолеле да го врзе појасот пред слетувањето, да ја напушти кујната во кабината и да си седне на своето место. Тој, исто така, ја фрлил на под сервираната храна, ја спречувал работата на екипажот и ги навредувал на расна основа - пишува во извештајот објавен на интернет-страницата на авиокомпанијата „Луфтханза“.
Во соопштенијата од компанијата, Сидеров не е спомнат по име, но Линкер потврдил дека тој ги предизвикал инцидентите. Линкер додаде дека сцените што ги предизвикал Сидеров биле толку грди, што дури и капетанот на летот ги известил контролорите дека има „незауздан патник“. Потребна била силата на десетмина полицајци да го скротат Сидеров кога авионот се спуштил, но немало насилство.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=513A8EB8BFB1554FB99300E6596A5317
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
![](http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/822C9B1F095EC24EA6221646D8A909F5.jpg)