Што ако вашиот партнер е стерилен?

  • Креатор на темата Креатор на темата la-loca
  • Време на започнување Време на започнување
Ако неможе да има деца... може да и кажам само ''бриши'' ... каква сака нека биде, да се оженам со некоја што неможе да има деца нема смисла.
Дур не пробаш да напрајш дете, неможиш да знајш дали има баг во програмата некаде или не... а ретко кој пробува денес непеан од поп, и без регистерски таблички.

Така да тоа ќе го дознаеш откако ќе се жениш. И? шо тогаш?

Како и да е, има еден куп деца кои што се напуштени од родителите. Јас би одел на варијанта посвојување.
 
Топ секс без кондом хаха а за деца комшиката и пази друг ти го чува немаш трошкови околу него секој ден го гледаш не ти бара пари у минус си што не те вика тато ама еден ден коа ке го видиш како нервозно искача од дома зашто таткому не му дал пари ке ја искористиш шансата и ке му кажеш дека си му татко и дека не си смеел до сеа да му кажеш под закани дека ке бидеш убиен но бидејке нејкеш да го гледаш детето тажно решаваш да му кажеш и си живеет срекно до крајот на животот а у мегу време пошто сигурно веке таа стерилната ти скурќила си зимаш друга и со нејзе си праите уште едно дете за резерва ако ова стане наркоман на вена да имаш на кого да се надеваш во животот
 
Ништо посебно ова дали и воопшто треба да се нарекува проблем во денешно време кога има безброј начини жената да забрамени, на крај краева посвојување и готово сепак најбитна е љубовта.
 
Па ако сака да има СВОЕ дете не е баш гревче а со вакво размислување мислам дека истиот епитет можеш да го искористиш за себе

znachi ti gledash zhenati da ti e "FABRIKA/FURNA" za proizveduvanje a? Kako ne ti e sram? A ljubovta kade e? :smir:
 
znachi ti gledash zhenati da ti e "FABRIKA/FURNA" za proizveduvanje a? Kako ne ti e sram? A ljubovta kade e? :smir:
У подрум е лјубовта отиде да се врати хаха ;) не реков дека е во право ако има желба за свое дете кое ке расте во присуство на двата биолошки родители тогаш лјубвта ке остане во заден план доколку нејке деца тогаш нека шиба со лјубовта на својот живот
 
Се надевам дека никогаш нема да се соочам со тие проблеми ( ни од моја ни од машка страна)
Сепак, сметам дека никогаш не би го оставила сопругот/ партнерот доколку е импотентен, а притоа во сексот и секојдневието совршено се разбираме. :back:
Заедно ќе поминеме низ се ... ќе разговараме и ќе го најдеме најдоброто решение ... јас веројатно би сакала оплодување со донор кој во голема мерка ќе ги има неговите особини или доколку тоа не е остварливо да посвоиме дете.
Најдобра превентива од импотенција е навремено (од започнување на сексуални односи) и редовно (еднаш годишно или по потреба) правење спермограм и микробиологија на сперма
За жените - редовна (најмалку еднаш годишно или по потреба) посета на гинеколог со ПАП, микробиологија и ЕХО на матка и еднаш годишно ехо на гради.
Позз:smir:

Мора да правите РАЗЛИКА помеѓу импотенција и стерилитет. Импотенција е да не може да му се дигне (ме терате да бидам вулгарна а нејќам, ама ме нервира кога вакви основни поими се мешаат!!!!), а стерилност е кога со сексот е се ок, ама спермата е мртва или нешто слично, па не може да направи деца. А може да е супер за другото :smir:
Значи, не можеш со партнерот „во сексот и секојдневието да се разбирате“ ако тој е импотентен, освен ако не се согласи да се сексаш со друг :kesa:

Што се однесува конкретно до темата... кога стапуваме во брак не се мажиме или жениме за фабрика за деца туку за личност во која сме ја препознале својата „изгубена“ половина. Сум размислувала за тие прашања, никогаш не би го напуштила партнерот заради тоа. И не би сакала да раѓам деца од донор, тоа ми е одбивно. Би посвоиле.
Ние имаме две деца, а сакавме нешто повеќе :vozbud: но има објективни причини поради кои таа желба и не е многу остварлива. Се уште размислуваме за посвојување и би било кул ако еден ден едноставно ја завршиме таа работа. Љубов имаме доволно за сите! :love2:
 
Па (не дај Боже да дојде до такво нешто) не би го оставила. Двајцата ќе побараме заедничко решение, но не би го оставила во никој случај.
 
Уф доста интересно решение,ме интересира дали ова може да профункционира? Што вика машкото его на ова? :icon_lol:

Денес за среќа има решение на овој деликатен проблем,кој порано се решавал со развод,вонбрачно дете или чекање 25 години пред вратите за посвојување.
Не оставам партнер за ова,дај нешто подобро :icon_lol:

U toj slucaj tatkoto ke bide vsusnost cicko, a cickoto ke bide tatko :pos2::pos2::pos2:. Da bidam kratok i jasen, NO WAY
 
Никогаш поради таа причина. Ако е така, тогаш има причина за тоа. Ако не бива, не вива. Има деца што чекаат да бидат посвоени. Има доктори. Се има денес. Ако е решено да немаме деца, ќе најдам начин да ја исполнам празнината и ќе верувам дека Бог решил да бидам со тој човек и да немам деца со огромна причина.
 
Неможам да се замислам да неможам јас или партнерката да оставиме потомство..мое дете..моја крф, моја ГОРДОС!:toe:
 
Што тогаш? Дали би го оставиле или би нашле заедничко решение...
Дали оваа ситуација би ги променила вашите чувства спрема него/неа?

Зошто да ја оставам, кога сум сакал да ја земам еднаш.
Сме се решиле на заеднички соживот, и поради ваква причина, да сакам да ја оставам? Не. Ќе се најде начин да се помине преку ова. Има напредна медицина, има дечиња кои може да се посвојат и да си ги гледаме исто како да се наши. :)
Така би биле среќни дупло. Хумано е да се посвојуваат дечиња.
 
Неможам да се замислам да неможам јас или партнерката да оставиме потомство..мое дете..моја крф, моја ГОРДОС!:toe:

Некои луѓе подобро да немаат дечиња! :smir:

п.с. не можам се пишува одвоено, крВ и гордосТ!

На школо и по дома ништо не ве учат! Само ве раѓаат и ве фрлаат сами да си живуркате. Колку лош живот е тоа...


РОДИТЕЛ Е ОНОЈ КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА ДЕТЕТО ЦЕЛО ВРЕМЕ. КОГА МУ Е ДОБРО И КОГА МУ Е ЛОШО!
 
Ако партнерката ми или јас сме стерилни ќе побараам да се разделиме.Сепак животот треба да продолжи и единиот да си има деца и среќа во животот.
 
Доста тешко прашање, сите викаме дека бракот е зеднички живот во кој јагода на шлагот се децата, е сеа има доста потресни ситуации каде што се нема деца, без разлика кој е стерилниот и во фамилија кај мене имало два три случаја, во едниот жената во другиот мажот, и после долги години борба за да се успее, дури сега си посвоија дечиња, се радосни но сепак се и тажни што немаат нивни пород, само оној што има свои деца ја разбира врската меѓу родителите и децата, мислам дека е еден вид како казна за тие што немаат, арно сега постојат ин витро оплодувања, лечење на стерилитет и други методи со кои пак некако се успева на патот да се стигне до забременување и добивање пород.
Колку и да сакаме да се солидаризираме со партнерот таа линија ќе постои доколку некој од нас е ете стерилен и неможе да подари плод од сета таа љубов, и има тензии и напнатост, на некои тоа прераснува во комплекс, па при секоја кавга се вади на тацна, многу луѓе многу карактери, а болката е голема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom