Дали е потребна девалвација на денарот?

Дали сметате дека е потребна девалвација на денарот?

  • Да

    Гласови: 4 9,5%
  • Не

    Гласови: 38 90,5%

  • Вкупно гласачи
    42
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Како ќе го субвенционираш извозот кога со цела ЕУ потишуваш договори за намалување на царини? Како оправдувап стриктна фискална политика во земја која има 32 проценти невработеност? Не се работи тука за намалување на даноци тука треба со струен удар да направиш повторно да чука срцето на нашата мртва економија, а тоа секаде во светот се прави со спуштање на каматните стапки од централна банка , пушти пазарот нека заживее луѓето нека почнат да инвестираат и создаваат домашен пазар, со оваква фискална политика само ја задржуваш невработеноста на над 30 проценти . МИслам таа политика ја водиме 20 години, идеме надоле цело време и никој не збори за девалвација на денарот. Само укажува како не лажат политичарите како мали деца со споменици, етнички тензии и слично, само да не се збори за глупоста наречена преценет денар. Инаку рамниот данок вреди само ако некој не отварал фирми поради високиот данок, проблемот е во неисплатливоста на производството во МК кога имаш држави како Полска , Романија и Бугарија со многу подобри услови .
п.с. Како Грците влегоа во банкрот дури откако го прифатија еврото? Зошто претходно со слабата валута не пропаднаа? Субвенциите се слични и тогаш и сега.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Струјниот удар сигурно не е ДЕВАЛВАЦИЈА! Стабилниот курс во моментов е единственот столб на кој балансираме на една нога над ДЛАБОКАТА ВОДА на Македонската пропаст. Македонија никогаш не била Романија , Бугарија , Грција или недостижната Полска :)...таа не е ниту една Албанија или пак Кнежевството Црна Гора...жабата не е крава....па да помислува за некои пируети со батакот...:)
Приоритетниот проектот 300.000 самовработени не се реализира со девалвација.....ниту со популистичко праќање во бања и бесплатно "возење " пенсионери или инвестирање во спортски сали, тениски игралишта, редење лего коцки на плоштад...итн.итн....или не дај Боже ДЕВАЛВАЦИЈА!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Девалвација е политика на намалување на вредноста на домашната валута кон една или повеќе странски валути.Во услови на флексибилен девизен крус девалвацијата се врши на девизниот пазар во зависнотс од понудата и побарувачката за домашна валута.Но во услови на фиксен девизен курс (како нашиот) девалвацијата се врши со званично законско намалување на вредноста на валутата.Мерењето за новата вредност на домашната валута го врши тим од НБРМ и Фискалната власт на земјата,а одлуката за девалвација може да ја донесе само и само владата на Р.М.

Причини за девалвација:
-Тековниот и проектираниот дефицит на тековната сметка се јавува како главен критериум за ваква политичка одлука.Тој минус мора да се финансира со задолжување или намалување на девизните резерви.
(Овде најголем удел има трговскиот дефицит на земјата како најважен показател за ситуацијата на земјата кон странство)
-Девизните резерви на земјата (со акцент на полнењето)
-Реалниот девизен курс (однос на двете кошници на двете земји,во случајов македонска и европска,а номинален е однос на цената на валутите на двете земји,кој се нарекува девизен курс)
-Надворешен долг на земјата (колку земјата позајмува од странство,како денешен пример нека биде Грција до каде се доведе со надворешно позајмување без продуктивност).

Позитивни ефекти на девалвацијата:
-Како главна позитивност на девалвацијата се зема зголемување на извозот и намалување на увозот.Со намалување на вредноста на домашната валута,цената на домашните производи во однос на странските производи се намалуваат.Со тој ефект,цените на странските производи во однос на нашите ќе се зголемат.Потрошувачката за домашни производи ќе забележи пораст,а странските ќе се супституираат со домашни (наместо да се купи сирење кое потекнува од Србија,ќе се купи од Битолска млекара произведено или Здравје Радово).Оние што произведуваат сега ќе можат своите производи да ги пласираат на европските пазари,поради цената која ќе добијат во однос на странските производи.
Од друга страна,увозот ќе биде скап и наместо да се увезуваат репроматеријали и суровини,ќе се обидат да најдат алтернатива во производството со домашно производство.На тој начин целото стопанство треба да се преорентира од увозно,во извозно.
-Во услови на неконкурентен пазар на труд со фиксирани номинални плати,девалвацијата ги намалува реалните наменини изразени во странска валута (со други зборови,ја поефтинува работната сила и привлекува странски инвестиции)
-Девалвацијата ја намалува реалната вредност на номиналните обврски на државата (земала повеќе,со новата вредност ќе врати помалку)

Овие се три главни позитивности кои може на широко да се дискутираат.Главна позитивност и неоспорен факт е дека девалвацијата служи за урамнотежување на платниот биланс на земјата (извоз - увоз)

Негативни ефекти на девалвацијата:
-Девалвацијата речиси секогаш ја придружува инфлацијата.Со пораст на домашното производство и домашната потрошувашка,прилив на девизи од извоз,цената на домашните производи ќе почне да расте како резултат на понудата на пари на домашниот пазар.Кога ќе започне инфлаторното дејство,ефектите на девалвацијата се губат,бидејќи парите ја губат својата вредност.
-Девалвацијата ги зголемува каматните стапки и обврските на фирмите кои се финансираат со пари од банките (при пад на вредност на валута и зголемена потрошувачка,борбата против инфлацијата е преку намалувување на агрегатната потрошувачка и рестриктивна монетарна политика)
-Девалвацијата ги зголемува трошоците на фирмите кои увезуваат или кои нема да можат да го супституираат своето производство со домашни производи.Преминот од увозна до извозна ориентација,отаварање погони за производство и прилагодување кон европските пазари е поголем од ефектот на девалвација.Ефектот се мери од 6 до 12 месеци,потоа неговото дејство опаѓа и валутата започнува да апрецира ( ј -кривата најдобро го објаснува овој економски феномен).

За да се почувствуваат ефектите на девалвацијата таа мора да биде ненајавена,изненадна и секогаш придружена со економски мерки кои ќе ја контролираат потрошувачката.Во споритвно,ако се очекува веднаш ќе се вкалкулира во очекувањата и нема да има ефект.И во другиот случај ако е без економски мерки,тогаш со 100% сигурност ќе дојде заедно со инфлацијата и земјата ќе влезе во спирален круг девалвација-инфлација,па ќе мора уште една девалвација и се така натаму.

На Македонија дали и е потребна девалвација?

Од причините за одлука за девалвација може да се види дека земјата има милијарда и двеста минус трговски дефицит кој е главна основа во тековната сметка.Тоа е голем притисок врз девизниот курс кој се ублажува со девизните резерви (за кои издадовме обврзница за да ги доведеме до ниво).Девизниот курс нема кој не е свесен дека е преценет и дека реалната вредност според луѓе кои јас лично ги почитувам е некаде од 80 до 90 денари за едно евро.(Средна цена би била 85 денари).Надворешниот долг е во нормално ниво.Значи два на два показатели (2009 кога почнаа да тонат резервите,не беа за џабе укажувањата,за да не се дигне надворешниот долг и со сите 4 показатели да бидеме приморани на девалвација)

1.Ситуацијата на нашето стопанство кое е увозно зависно,во ненадејна девалвација попрво би колабирало отколку да се промени во извозно за 6 до 12 месеци додека траат ефектите.
2.Нема компанија која е извозно ориентирана,а не увезува репроматеријали и суровини.
3.Нема компанија која не се финансира од банкарски кредити како резултат на неразвиеноста на финансискиот пазар.
4.Капацитетите кои имаат и денес извоз се во сопственост на странски лица претежно Грци,што значи приходите ќе отидат во нивни џеб.
5.Цената на работната сила е толку мала,што ако би паднала подоле Кинезите ќе треба плаката да ни дадат
6.На терен каде царуваат лопови,првите влезови од странски инвестиции би биле за искористување на работната рака без покачување на реални наенини и уживање во извозните ефекти.
7.Познавајќи ги умовите во фискалната власт,инфлацијата ќе не убие.

И за крај,сликата на девалвација прикажана како приказна во која извозот ќе биде голем,па се отвараат фабрики,па плати растат,па луѓето купуваат е само слика пренесена од лица на кои им одговара тој филм.Во целиот ланец има црни дупки,кои вака претставени се гледаат.
Од друга страна факт неоспорен е неможноста за развој од преценетиот курс.Нашите призводи,ем се скапи ,ем не се квалитетни и без стандарди.Кога би бирала,јас би менувала девизен курс на контролиран флуктуирачки во граници на почеток од +,-2.5 за подоцна да биде макс до +,- 5.Но не денес со тој дефицит на трговска сметка,без развојна стратегија на земјата и со овие апаши наоколу.
Идеалното време за промена во 2007 со тие показатели помина,додека не дојде друг ден,несмее да се чепка во курсот на денарот.Впрочем и верувам во НБРМ,кога они ќе решат,тогаш и јас ќе ги подржам.Никогаш не изневериле.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Проблемот и не е толку до девалвацијата, него до стриктната фискална политика. Значи не се девалвира денарот , туку намалуваш каматни стапки (како што направија америте) , дозволуваш повече кредити, заеми и слично од банките, повеќе пари влегуваат напазарот, се купува се гради, и согласно со тоа настанува девалвација па инфлација. Во Македонија јас најодговорно тврдам дека има страшна инфлација (само гледајте ги цените на сметките, цените на прехранбените производи и посебно цените на прозиводите за лична хигиена. Во град денес 100 денари е пиво, јас кога бев мал со 100 денари цела вечер се журкав, денарот има изгубено страшно многу од вредноста и затоа платите не ни стигнуваат. Не можеш да имаш рипање на цените на сметкике од 4000 месечно на 6000 месечнио ( а потполно исто трошиш) а платата е иста, 200 евра фиксна, 12000 денари. Но со оглед на тоа што во мк има елити на кои им одговара да го плашат народот (кој гледам има огромно богатство па да не го изгуби, банките преполни со милионски сметки) денарот ќе остане фиксен, економијата ќе се базира на олигарси и мафијаши, а чесниот човек немада има ни најобичен синдикат да го заштити. На крајот, би укажал на интервјуто на Груевски кое тој го даде за СиЕнЕн , каде што откако онси почна со неговата филозофија за рамен данок, водителот му рече дека ние имаме 32 проценти невработеност и толку беше. Нема дискусија со 32 проценти невработеност. Се сеќавам дека кога се распадна Југославија, на татко ми пензијата беше некаде околу 600-700 марки. Денес таа пензија е некаде околу 150 евра. Плус се е поскапо , од сметки до бензин до вода за пиење. Мое мислење секако, не мора да е точно. :smir:
п.с. мора нешто да се направи, државата тоне само споменици се градат, тонеме луѓе како народ а се предлага рамен данок. Тоа беше како што Таки Фити навремето велеше, доаѓа ММФ во Финска, Финска има главоболка и им даваат аналгин, им поминува главоболката и ММФ се слават. Доаѓаат во Македонија, Македонија имаат рак пак ни нудат аналгин. Барем мислам дека ние тука подобро си ја разбираме економијата од типчињата во ММФ кои ја уништија Аргентине меѓу другите држави.
 
Геврек

O ALQUMISTA
Член од
6 ноември 2008
Мислења
770
Поени од реакции
483
Само намалување накаматни стапки, пушти денарот нека си се намести во однос на еврото во слободен пазар... Мислам дека 150-200 денари е рална цена заедно евро, добиваш бум на извоз. Инаку само за споредба, едно евро беше 120 словенски толари. А ние сме на 60 денари едно евро. Да, имаме појака економија од Словенија.:nesum:
Hahaha dobar stos, abe nemoze tuku taka da se objavi devalvacija, moze no toa bi bil sosema mal % za seriozno obezvrednuvanje na nacionalnata valuta treba da se dobie dozvola od MMF. Postapkata e sledna: doagat monetarcite procenuvaat dali ima potreba ili ne, ako ne e tolku seriozna makroekonomskata stabilnost moze da ponudat nekoj aranzman and that`s all falks!

Devalvacija e pretposledna merka za postignuvanje makroekonomska stabilnost na edna zemja.

P.S. Poslednata merka e kontrola na devizniot priliv vo zemjata sto e krajno nepopularno i sodrzi mnogu diktatorski elementi:smir:
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Никој не објавува девалвација (освен Таки Фити кога го девалвираше денарот во однос на марката). И америте не објавуваат девалвација па го девалвираа доларот со bailout прогрмите и ниските каматни стапки. Али што знаат они глупи се треба цврст фискален став, ништо друго! (и споменици и џамии)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Никој не објавува девалвација (освен Таки Фити кога го девалвираше денарот во однос на марката). И америте не објавуваат девалвација па го девалвираа доларот со bailout прогрмите и ниските каматни стапки. Али што знаат они глупи се треба цврст фискален став, ништо друго! (и споменици и џамии)
Знаеш нели дека објавување на девалвација има само кај фиксни курсеви?:)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Знаеш нели дека објавување на девалвација има само кај фиксни курсеви?:)
Токму затоа и пишав дека само еднаш Таки Фити официјално кажа дека ќе имадевалвирање, девалвацијата сега ќе се случи тивко и позади завесите со споменици и етнички тензии ако ги намалиш каматните стапки. Инаку еве што вика ЕЦБ од Франфкурт (превземено од ББЦ).
"The European Central Bank (ECB) has kept eurozone interest rates on hold at a record low of 1% for the ninth month in a row.
Member countries' economies remain fragile and no increase in borrowing costs was expected this month.
Some are showing signs of recovery, but with inflation low and continuing fears about the health of certain members, it is seen to be too soon to move rates.
Interest rates have been at 1% since May last year."
Јас се кладам дека со 1 процент каматни стапки денарот ќе отиде над 100 денари евро барем сигурно. Освен ако некој вештачки не го држи на 61 денар евро.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На денарот му е дозволена флуктуација на пазарот како доларот? Не знаев искрено, се си мислев дека е фиксен, pegged за еврото и тоа 60-61 денар за евро. Може се лажам., ако е така извини:smir:.
Не се залетувај :smir:

Hawk2401 напиша:
Никој не објавува девалвација (освен Таки Фити кога го девалвираше денарот во однос на марката). И америте не објавуваат девалвација па го девалвираа доларот со bailout прогрмите и ниските каматни стапки.
Ај пак да повторам.Девалвација се објавува само кај фиксни девизни курсеви како нашиот,а „никој освен Таки Фити“ и споредбата со Америте кои имаат флуктуирачки курс не ти држат вода,затоа те цитирав.

Hawk2401 напиша:
Токму затоа и пишав дека само еднаш Таки Фити официјално кажа дека ќе имадевалвирање, девалвацијата сега ќе се случи тивко и позади завесите со споменици и етнички тензии ако ги намалиш каматните стапки
Два пати имаше девалвација кај нас.Ако решат да има трета и таа ќе ја објават,нема тивко девалвирање кај фиксен курс им само преценетост и потценетост (депрецирање и апрецирање).
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Не се залетувај :smir:Два пати имаше девалвација кај нас.Ако решат да има трета и таа ќе ја објават,нема тивко девалвирање кај фиксен курс им само преценетост и потценетост (депрецирање и апрецирање).
Види, јас сум за намалување на каматните стапки, јасно ми е дека со инфлаторска политика се гуши средната класа, ама ние и немаме средна класа да ја губиме. Американската и Европската економија ги девалвираат, депрецираат како и да е своите валути, што значи сакаат да извезуваат во странство. На крај на ден и едното и другото се fancy збор за помалку ти вредат парите. Ние немам фабрики даизвезуваме во странство, се е контролирано од мафијаши, но барем каматните стапки ако ги намалиш на 1 процент ќе види аир и нормалниот човек. А потоа ако има инфлација поради зголемениот прилив на пари, што води кон де-fancy збор за нешто, тоа значи дека од почетокот валутата ти била премногу јака. Но ММФ тоа нема да го дозволи така да џабе збориме тука, ќе си дремеме со 32 проценти невработеност и ќе плаќаме ненормално високи камати за кредити.
п.с. сеуште не ја смени сликата и не можам да ти реплицирамкако треба не ми ни текнуваше дали имаме фиксен или флуктуирачки курс ! :smir:
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
pak matite babi i zabi
sto imaat vrska spomenicite i sto ima vrska amerika
amerika im odgovara pad na dolarot
da objasnam vo kratki crti zosto
1.evrata poveke vrednost imaat vo amerika taka da nekoj evropeec so 1000 evra vo amerika ima 1500 dolara za trosenje sto znaci deka e mnogu podobro
2.izvozot go izvezuvaat vo dolari i mnogu e poeftino za kupuvacot vo evropa koga ima poeftin dolar
3.uvozot vo amerika ne e tolku ednostaven bidejki se uvezuva so ceni vo evra a koga ke gi prefrlis vo dolari poveke kosta vo dolari

znaci oni imaat izvoz zgolemen a uvoz namalen sto im odgovara vnatresnata ekonomija
amerikanecot sto zivee tamu za nego dolarot si e dolar i tolku
gledajte kaj nas da ne go skinat denarot sme ja naebale togas
uvoz vo evra a prodazba vo denari togas e mnogu loso
za tie sto izvezuvaat pak ke bide loso
kaj nas plakaat vo denari a ke izvezuvaat vo evra
platata ke ostane ista vo denari a ke se kacat cenite vo denira bidejki kupuvame sprema evroto
neka si odmara denarot neka spie meckata vo zimski son ubavo e vaka
a bankite sami ja komandaat drzavata za krediti
pa na kraj kraeva koj ve tera da zimate kredit OKI da ve boli glavata
matete voda ama nemojte da zimate krediti
kaj nas e monopolen sistem napraven so bankite
samo oni da lapaat a koj ke zeme kredit
:smir: SO ZDRAVJE NEKA SI GO TROSI
ama kako ke se vraka toa e problemot
 
Имаш 32 проценти невработеност. Инаку убаво е другото , во право си, не ми треба ни кредит ќе збирам по 2000 денари месечно и ќе си купам стан. Ме поби целосно :smir:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Види, јас сум за намалување на каматните стапки, јасно ми е дека со инфлаторска политика се гуши средната класа, ама ние и немаме средна класа да ја губиме. Американската и Европската економија ги девалвираат, депрецираат како и да е своите валути, што значи сакаат да извезуваат во странство. На крај на ден и едното и другото се fancy збор за помалку ти вредат парите. Ние немам фабрики даизвезуваме во странство, се е контролирано од мафијаши, но барем каматните стапки ако ги намалиш на 1 процент ќе види аир и нормалниот човек. А потоа ако има инфлација поради зголемениот прилив на пари, што води кон де-fancy збор за нешто, тоа значи дека од почетокот валутата ти била премногу јака. Но ММФ тоа нема да го дозволи така да џабе збориме тука, ќе си дремеме со 32 проценти невработеност и ќе плаќаме ненормално високи камати за кредити.
п.с. сеуште не ја смени сликата и не можам да ти реплицирамкако треба не ми ни текнуваше дали имаме фиксен или флуктуирачки курс ! :smir:
Многу конфузно ги мешаш поимите намалување каматна стапка,инфлација и девалвација,па ќе морам да те прашам за да не те сфатам погрешно,кратко и јасно:Дали си за девалвација на денарот?
За да можам да продолжам да дискутирам,вака не сфаќам како 1% намалување на каматни стапки ќе го зголемат извозот и како ммф нема да ни дозволи такво нешто...
п.с.аватарот не е сменет 5 години од кога сум регистрирана на форум,за жал нема да можам да ти ја исполнам желбата,ќе мораш да се справиш со него :))
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Имаш 32 проценти невработеност. Инаку убаво е другото , во право си, не ми треба ни кредит ќе збирам по 2000 денари месечно и ќе си купам стан. Ме поби целосно :smir:
abe ti 2ro oddelenie da ne imas zavrseno
ti rekov kredit gotovinski
kes para za trosenje OKI kredit i tie sranja poinakvi
a ne kredit za stan kuka
moeto mislenje go kazav a vasite ke gi citam toa e toa
kako sakas misli toa e tvoe mislenje
a odi zemi si kredit za da trosis pari gotovina pa ke pravime muabet kaj ti e krajot
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
abe ti 2ro oddelenie da ne imas zavrseno
ti rekov kredit gotovinski
kes para za trosenje OKI kredit i tie sranja poinakvi
a ne kredit za stan kuka
moeto mislenje go kazav a vasite ke gi citam toa e toa
kako sakas misli toa e tvoe mislenje
a odi zemi si kredit za da trosis pari gotovina pa ke pravime muabet kaj ti e krajot
Не сум во МК многу и ОКИ кредит ми значи исто колку што тебе ти значи мумбабакака. Не кажа на ниедно место готовински кредит туку си кажа бренд на кредит што го дава некоја банка. За мене кредит е стан , куќа, кола. Ова кеш кредит е што знам , безвезна работа. Ако не можеш да заштедиш пари за одмор па одиш зимаш , тури му пепел нешто треба да си смениш во својот живот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom