УЕФА во нова акција,три случаи со местење од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
I

InF3cTeD

Гостин
Значи,на собирот во Малта УЕФА даде дозвола за новите случаи со "местење" натпревари.Од 10 спорни натпревари дури 3 се од Македонски клубови и национален тим од младинска конкуренција.Според најавите УЕФА ќе влезе во битка на неколку фронта.Како што е најавено за Македонија барем засега,во фокусот е натпревар на младинската репрезентација од пред 4-5 години кој е одигран на гостински терен,во кој според извештаите за таа средба се завртени околу 4,5 милиони евра за наш пораз со повеќе од 2-3 гола.Се префрламе на Милано и оние смешни летни натпревари против Славен Белупо во кои Милано беа елиминирани со вкупен резултат од 12-2.Покрај обртот на финансии,спорните голови во овој случај спорно е и тоа како Милано добил лиценца за настап во Европската Лига.За третиот случај од Македонија станува збор за клуб од Скопје,за кого како доказ постои и телефонски разговор кој ја открива целата шема.Во случајот е вклучен и поранешен политичар,кој исто така е во фокусот на УЕФА.А не треба да се заборави и натпреварот Македонија-Канада (3:0) одигран во 2009 година,кога УЕФА го избриша судијата заради сомневање дека учествувал во местење на истиот натпревар.

Ако добро се сеќавам вака беше и лани со Победа,кога сите се смееја,кажуваа приказни,па на крајот Победа беше фатена во местенките и заработи казна од УЕФА.
Дали е време сите што "местеле" во минатото малце посериозно да ја сватат работата за да не ни се случуваат нови срамови и суспензии....оти УЕФА не е ФФМ!!!

Што мислите за овие последни најави,дали ќе се случи повторно нешто сериозно,со уште казни од УЕФА за сомнителните клубови и младата селекција на Македонија?
 
Казни ке има сигурно, само кој знае какви, ама чудно е шо сеуште одобруваат пари за ФФМ, а не сметаат како едни од најкорумпираните во фудбалот!:toe:

Како и да е, ни се бројат деновите како фудбалска нација, затоа што после тоа може да ни забранат да го играме и на плејстејшн дури.

Дали и после ова Дон Хари ке се свести дека тој е напред со крстот на Фудбалот на Македонија во поворката одејки кон гробиштата!
 
^^ Ни казни ке има,ништо !!!

Штом Победа не е казнета заради местење утакмици,а Македонија Ѓорче Петров и Слога неправедно исфрлени од лига,ништо нема да има !!

Хари пак ке се праи на Тошо,ке си седи во фотељата и ке лапа пари...
 
Казнета е победа со 8 години суспензија за играње натпревари во Европа
 
Казнета е победа со 8 години суспензија за играње натпревари во Европа

Да знам тоа,ама уште игра во прва лига,а требаше од кога ги прогласија за виновни автоматски ФФМ да ги исфрли од лига :nesum:

Муабетот ми е Хари додека е на власт нема да се почитуваат законите,ја остави Победа во прва лига,со Брацо сеа со клубовиве што ги имаат под свое ке си играат фудбал менаџер,ние ке си трпиме и то је то.
 
Тоа е тоа,ама еве сега уште еден удар од УЕФА,дали и овој удар ќе го истрпи Хари и компанијата со него...дали конечно ќе дојде време да падне моменталната власт во македонскиот фудбал...??
 
Абе нека казнат све.. нека суспендираат,што ке ни се и така и така..

Од друга страна у цел свет се мести,ама само оние најмалите т.е ние ке го наебеме..
 
ako go smenat hari od pretsedatel, togas braco ke bide mesto nego, t.e. braco pretsedatel na ffm.
 
Најдобро ќе биде кај нас да го укинат фудбалот...само така нема да има вакви скандали кај нас. Инаку додека е Хари на власт, и не само тоа ваквите скандали ќе се секојдневие.
 
Чим решелие одат до крај тие, не се ко нашиве трчи лажи.:smir:
 
Само мене ме интересира кој е клубот од Скопје замешан во сето овоа,ја мислам дека се работи за Работнички,бидејќи се спомнува вмешаност и на поранешен политичар,а ја колку што знам политичар што беше замешан во спортот е Трифун Костовски...што кажува дека можеби Работнички е скопскиот клуб кој е на тапет на УЕФА.
 
Па добро редно беше да се наоѓаат тим по тим од кај нас што си местат утакмици. Не дека не се мести низ цел свет, ама кога неможат големи екипи и држави да фатат ќе им писнат на малите. Во врска со Хари за чоекот се си е кажано не упропасти како фудбалска нација тоа е повеќе од јасно ама мора да го трпиме уште некоја годинка.
казни ќе фрчат на сите страни, ама ако можда со казнување ќе им дојде во памет дека праат неколку грешки нашиве:toe:Само да се надеваме дека нема да бидат пак толку огромни како што беа со Победа.
 
Само мене ме интересира кој е клубот од Скопје замешан во сето овоа,ја мислам дека се работи за Работнички,бидејќи се спомнува вмешаност и на поранешен политичар,а ја колку што знам политичар што беше замешан во спортот е Трифун Костовски...што кажува дека можеби Работнички е скопскиот клуб кој е на тапет на УЕФА.

Ako e Работнички тогаш Скопје како главен град ќе остане со Слога Југомагнат и Цементарница(ако сеуште постои) како главни адути во борба за титула или што и да е... имајки предвид дека во првиот тим на Вардар најстариот фудбалер има 17 години, а Македонија ЃП е во 94-та лига Колку само бедни станавме, ни се смеат и шипциве веќе, неможам да го издржам веќе ова бедно чувство, во се да сме последни и најбедни.
 
Само мене ме интересира кој е клубот од Скопје замешан во сето овоа,ја мислам дека се работи за Работнички,бидејќи се спомнува вмешаност и на поранешен политичар,а ја колку што знам политичар што беше замешан во спортот е Трифун Костовски...што кажува дека можеби Работнички е скопскиот клуб кој е на тапет на УЕФА.

Има многу сомнителни резултати на нашиве екипи...

Според мене овие натпревари беа доста сомнителни:

Вардар - Роселар
Работнички - Дуделанж
Спартак Трнава - Победа
Победа - Левадиа

Ќе допишам кога ќе ми текне на други натпревари :)
 
Не бе, ова од жешкото не можеа да трчаат, лично сведок. :mist:

:pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom