Нејќам да се расправам со луѓе што мислат дека Guns'n'roses е најдобар рок бенд, ама морам.
Спрема многумина тука, се сметам како музички Гуру, па тоа ми налага да напишам уште збор-два. Оти гледам ...ломотите за џабе.
Сите пробувате да сте интересни, каде што не можете.
Ете така беше ...
Не ни знаете што е андерграунд, а плукате по тоа. Некој нека ми каже што е тоа, па ќе се резбереме. гледам троа погоре од мојот пост неколку експерти се јавија. Експерти за боја и распон на глас, за текстови и успех, за бранша и правец. За тоа дека дебили како тој берберот се подобри од неколку дечки во МКД за кои никој не ни видел ниту чул.
Пак ќе ве прашам ...
Зошто никој не ни видел ниту чул?
Оти поинтересни ви се берберот и Лоба, племето нивно.
Мене јасно ми е. Минималниот мозок може да биде совладан од минимална музика. Да слушате Лед Зепелин, тоа би ви било како цунами. Ужас! (P.S. Led Zeppelin во рок историјата се најголемиот бенд, но важи за андерграунд)
Понатаму ... да ве прашам, то гледам дека критериум ви е изгледот на Лоба.... што мислите, Арета Френклин или Лоба, која е подобра пеачка?
И пак понатаму ...
Знаете дека во македонија има дечки по 19-22 години кои имаат текстови како band of Joy во Англија 1965 година, но ... немаат ниту пари, ниту можности, а во крајни случаи ги снемува оти ќе им пукне жица на гитарата, и немаат ништо, а сакаат да извадат искулирано албумче, со неколку песни, а тоа ќе им биде најголема желба ... некој од вас да го купи за 50 денари, да го преслуша, и друг пат кога ќе прават свирки, да им појдете, да чуете нивна песна.
И уште нешто ....
Не трескајте глупости! Никој не е глуп да остане со сила во гаража! Почнете да ја забележувате музиката, ако воопшто знаете како!