Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално Русија и Канада се неприкосновени во хокеј. Русите две години по ред на СП се први, Канада втора. Финска е силна ама мислам дека борбата ќе биде повторно помеѓу првите две.
 
96839119_54imgFLead-Qp.jpg


Тора Бергер од Норвешка и го донесе шестиот медал на својата земја, победувајќи во биатлонот на 15 километри. Среброто и припадна на Елена Хрусталева од Казахстан, а бронзата на Дарија Домрачева од Белорусија.

Тора Бергер до своето најголемо достигнување во кариерата дојде со само едно промашување на 20 мети. Сребрената Јелена Хрусталева не промаши ни една мета, но сепак на крајот заостана 20.7 секунди зад победничката, а бронзената Дарија Домрачева заостана 28.2 секунди зад Бергер.
 
Не знам кој беше сноуборд или што тие со даската шо се тркаат по четворица, не е битно.Него муабетот ми е најплатен е со 9 милиона годишно:|
 
Шон Вајт, хафпајп сноубординг дабл олимпик чемпион.

САД - Норвешка, хокејк 6-1!
 
И мене истово ме интересира, пошо периодов се погоди, да сум отсечен од се и сешто.

Прв заврши во кратката програма, 90.85 му беше резултатот, а денес т.е сабајле ќе видиме што ќе направи во слободната програма, ако го држи коленото не верувам дека ќе има проблеми за одбрана на златниот медал од минатите Олимписки игри. :)

Инаку денес настапува 24ти чинам.
 
Да ви пишам на форум одма откако ќе заврши? Јас обавезно ќе го глеам вечерва.
 
Јеп, али вчера Шон Вајт беше лудо, особено кога со веќе освоен златен медал збори пред вториот настап со тренерот:
Oh man, I can't ride now, I won, I am to ...what do I do?
- Do whatever you want, you won!
Maybe I'll just ride down the middle, for fun!

Супер беше, коментаторот на НБЦ помисли дека овој навистина само ќе си прошта, а можеше, веќе му беше златниот у џеб. Среќа не го стори тоа, туку дури и го подобри резултатот, а вожњата му беше страва!

П.С. Крејзи, сакаш да пишам што направил русон у клизање веднаш откако ќе заврши?
 
Во комбинација победа на Марија Риш, пред Џулија Манкузо и Ања Персон. Риш ја оправда фаворитската улога и после одличното возење во спуст успеа рутински да го одработи слаломското возење. Манкузо пријатно ме изненади со среброто. Очигледно е максимално спремна, додека Ања докажа дека е вистински борец и по вчерашниот пад, денес се врати и успеа да освои медал.

Штета за Вон мислам дека можеше да стигне барем до бронзата иако не и лежи слалом.
 
Штета за Линдзи Вон што не ја заврши трката во слалом,иако ја губеше предноста и тешко дека ќе се закитеше со златен медал.Сепак заслужи сребро,ако не друго.
Не знам дали го гледавте спустот во женска конкренција,Ања Персон имаше страшен пад на последниот свиок до целта,преоптимистички влезе и го изгуби балансот,леташе безмалку шеесет метри,но за среќа помина без посериозни повреди.Денес веднаш се врати на натпреварот во супер-комбинација и се закити со бронзен медал.
 
Златниот медал во суперкомбинација го освои германката Марија Риш. Среброто и припадна на американката Џулија Манкусо, а бронзата како што кажа kaiser_soze на швеѓанката Ања Персон.

1. Марија Риш (Германија) 2:09.14
2. Џулија Манкусо (САД) +0.94
3. Ања Парсон (Шведска) +1.05
4. Кетрин Цетел (Австрија) +1.36
5. Тина Мазе (Словенија) +1.39
 
И мене истово ме интересира, пошо периодов се погоди, да сум отсечен од се и сешто.
Победи најнормално:vozbud:
Прекрасна изведба како и музиката,нема што зрачи со позитивна енергија и харизма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom