Арсенал v Манчестер Јунајтед [31.1.2010,17:00h]

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победник?


  • Вкупно гласачи
    87
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.183
Поени од реакции
1.802
arsenalhomef.png
602h.png
34tai46.png
680s.png
manuaway.png

Премиер лига, 24 коло|Недела, 31 Јануари 2010|Почеток: 17:00h
Стадион:
Emirates Stadion, London
20t2ntd.jpg

Како почеток на една голема серија тешки натпревари и за двата тима, доаѓа едно од најголемите дербиња во историјата на фудбалот.Арсенал против Јунајтед, Фергусон против Венгер, по којзнае кој пат еден против друг во уште еден епски дуел на теренот.На двата тима им требаат бодови и не за џабе самиот Сер Алекс го опиша натпреваров како најважен во целата сезона на Јунајтед.

Топџиите се моментално 3ти во лигата, со 49 поени и само 1 позади Јунајтед.Имаат 15 победи, од кои дури 9 на домашен терен, 4 нерешени и 4 порази.Последните 5 натпревари им се DLWWD, со победи против Болтон 2 пати, нерешена со Вила и Евертон и пораз од Стоук во ФА купот.Вермален се повреди со Вила но можно е да не игра на овој натпревар, со оглед на следните натпревари коишто им се против Ливерпул,Челзи и Порто.Истотака го немаат главниот напаѓач Робин ван Перси заедно со Едуардо.Играчот кој може да донесе најмногу неволја за Јунајтед, дефинитивно е Фабрегас.

Јунајтед моментално се 2ро место во лигата, 1 бод повеќе Арсенал и 1 помалце од Челзи кои имаат и натпревар помалце.Имаме вкупно 16 победи, 2 нерешени и 5 порази, но на гости играме многу полошо цела сезона, со само 6 победи и 4 порази.Последните 5 натпревари ни се WWLWD со победи против Сити,Барнли и Хал, пораз од Сити и нерешена со Бирмингем.
Лошите вести се дека Рио е суспендиран на 4 натпревари неиграње поради ударот врз Фаган на натпреварот против Хал, кој не беше забележан од судијата.Тоа значи дека Рио ги пропушта Арсенал,Портсмут,Вила и Евертон.Добрата вест е тоа што Ферги официјално потврди дека Видич ќе биде фит за овој натпревар, откако не ги изигра последните 6 натпревари поради проблеми со нервот во ногата.Многу важна ќе биде и тактичката поставеност на Ферги, минатата година игравме 4 пати со нив и имавме 2 победи 1 пораз и 1 нерешена, каде што и на двете победи игравме со 4-3-3 со Андерсон,Керик и Флечер во средината, Роналдо,Парк и Руни во нападот.Со овој сет на играчи е можно тоа, но е прашање дали Фергусон ќе ризикува со 4-3-3.

Можни состави:
Almunia

Sagna - Campbell - Gallas - Clichy

Fabregas - Song - Denilson

Arshavin - Bendtner - Rosicky


live-match-v.gif


Rooney
Nani - Valencia

Anderson - Carrick - Fletcher

Evra - Vidic - Evans - Rafael

VDS

Мој тип:
Ќе биде преинтересно, премногу неизвесно и двата тима во добра форма и и на двата тима им е потребно тоа да продолжи.Битката на средината ќе биде неверојатна за гледање.Руни е во животна форма моментално и мислам дека тоа ни дава многу мала, иако сме на гости.
Арсенал 1 - 2 Јунајтед.
 
Тоа што Руни е во животна форма не го прави Манчестер екипа како таа од лани.Едноставно,оваа сезона,Манчестер според мене нема тим за титула.Мислам дека Арсенал ќе заврши пред јунајтед на крај на сезона.Дали ќе ја освои премиер лигата или ќе биде на друга позиција не знам,ама ќе биде пред Манчестер јунајтед.Очекувам цврст натпревар,тензичен како и секогаш и прогнозирам победа на Арсенал од 2:1!

:helou:
 
Ќе биде интересен натпревар пред се, со најдобрите тренери во Премиер Лигата, класично англиско дерби, ривалство со години, меч во кој што моменталната форма ништо не значи, се игра со срце за тимот. Јас како фан на Јунајтед посакувам победа, иако, признавам, ќе биде тешко...
 
Пред се, ке има пенал или 2 за Руни.
 
Ние сакаме нерешено,
ние сакаме нерешено,
ние сакаме нерешено,
ние сакаме нерешено!!!:vozbud:
 
Ke ima golovi ... Tipuvam na Arsenal,i bi trebalo da tepa poso ako ne sega neznam KOGA!!!... a najvise bi sakal da zavrsi nereseno pa chelsea da im izbega dosta...
 
би требало да заврши 2-2
:salut:
и
НА ДЕРБИТО АРСЕНАЛ - МАНЧЕСТЕР Ј.
Тридимензионално гледање фудбал Дел од англиските навивачи ќе имаат можност да го проследат неделното дерби меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед во тридимензионална технологија. Телевизијата „Скај“ во април ќе лансира канал што ќе функционира исклучително тридимензионално, па првите луѓе на овој канал решија да го искористат фудбалското супердерби за тестирање на најновата технологија. Избрани беа девет паба во Лондон, Манчестер, Кардиф, Единбург и Даблин, во кои по сто лица ќе имаат можност да бидат првите што ќе проследат спортски меч во тридимензионална технологија. - Веруваме дека ова ќе претставува револуција во телевизијата. Тоа е голем чекор напред, како што беше преоѓањето од црно-бел во колор сигнал. Дербито Арсенал - Манчестер јунајтед е идеално за тестирање на продуктот, за кој веруваме дека ќе привлече огромно влијание при официјалната промоција во април - изјави Дарен Лонг, директорот за операции на „Скај“


кога кај нас вака
 
Ќе биде многу интересен дуел...можеби еден од најинтересните дуели оваа сезона во ПЛ меѓу екипите од големата 4-ка. Сигурен сум дека ќе има повеќе од 3+ голови. Ќе има голема битка на средината на теренот. Доколку Јунајтед игра само со Руни како напаѓач и доколку сите бидат расположени како со натпреварот против Сити, Јунајтед победува. :wink:
 
Типувам 3-1 за Арсенал,не знам зашто:smir:
 
Абе поведува Јунајтед 102,3 %... такво чувство имам... не дека сум фан на Јунајтед па се преценувам... ретко кога давам прогнози пред натпревар на Јунајтед, ама за утре сум сигурен :wink:
 
и
НА ДЕРБИТО АРСЕНАЛ - МАНЧЕСТЕР Ј.
Тридимензионално гледање фудбал Дел од англиските навивачи ќе имаат можност да го проследат неделното дерби меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед во тридимензионална технологија. Телевизијата „Скај“ во април ќе лансира канал што ќе функционира исклучително тридимензионално, па првите луѓе на овој канал решија да го искористат фудбалското супердерби за тестирање на најновата технологија. Избрани беа девет паба во Лондон, Манчестер, Кардиф, Единбург и Даблин, во кои по сто лица ќе имаат можност да бидат првите што ќе проследат спортски меч во тридимензионална технологија. - Веруваме дека ова ќе претставува револуција во телевизијата. Тоа е голем чекор напред, како што беше преоѓањето од црно-бел во колор сигнал. Дербито Арсенал - Манчестер јунајтед е идеално за тестирање на продуктот, за кој веруваме дека ќе привлече огромно влијание при официјалната промоција во април - изјави Дарен Лонг, директорот за операции на „Скај“


кога кај нас вака

Ние како прво и основно немаме коментатори не па вавки преноси.
На чело со Игорче не можеш да гледаш Премиер Лига.
 
Кога ќе ми текне како ги измлативме во ЛШ минатата сезона, па сега почнаа и редовни пациенти да ни стануваат, ама сепак ќе биде ептен тешко, големи дерби, Арсенал слушам нешто за титула се бореле, ем дома играат, одвај чекам само да почне, кој ќе чека уште цел еден ден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom