Mozilla Firefox 3.6

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Излезе пред неколку дена. Подобрен, побрз, постабилен, поубав на изглед. Тука е за да го врати угледот кој верзијата 3.5 го подрасипа.
Линк за симување

Главни новости
  • Personas - нов вид на теми со кои можи да се менува изгледот во лет, без рестарт. Изгледаат одлично.
  • Заштита од застарени плагини. Firefox ќе ве извести ако имате постар да го надоградите. Плагини се оние додатоци како Flash, Silverlight, Java, Adobe Reader, Qucktime итн.
  • HTML5 видеата можат да се гледаат на цел екран.
  • Побрзо извршување на јаваскрип, побрз одзив во веб страниците.
  • Сменет е начинот со кој плагините се инегрираат со Firefox, за да има помалку срушувања. Ако се случуваше некоја Флеш или Јава содржина да го закочи прелистувачот (ретко), сега не треба тоа да го има.
  • На Winodws 7 има поддршка јазичињата да се менуваат од старт лентата (taskbar) како кај IE8.

Има и новости за развивачите на веб станици.
  • Подршка за WOFF font format.
  • Поддрша за нови CSS елемени, како преливање (gradients)
  • итн.

Има и два нови „хакови“ за на Vista и 7. All Tabs, и Ctrl Tab.
All tabs додава едно копче во лентата за јазичиња и кога го притиснете се отвара едно убаво проѕирно прозорче и сликчиња од сите отворени страници.
Одите во лентата за адреси, пишете about:config, па во филтер пишете allTabs, и browser.allTabs.previews сменето го во True со двоен клик.
Ви препорачувам сите да ја вклучите оваа опција.

Другиот хак е ctrl Tab. Ако го вклучите, кога притискате ctrl+tab или ctrl+shift+tab наместо дирекно да се менуваат јазичиња, се отвара тоа прозорчето и во него менувате јазичиња. Се вклучува исто, ставката е browser.ctrlTab.previews. Вклучете го ако сакате.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
a be kakva mozilla noviot google chrome 4.0 e ZAKON :salut:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Исталирав сабајлево интересна рабоа со темиве, има доста коол теми. Интересо е што можеш да си направиш сам. Па ајде коо ќе сум готов ќе си споделуваме.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
дап многу профи е направено со скиновиве многу јаки има :wink:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Значи дефинитивно да ја симнам :)
 
Е

експерт

Гостин
Порано користев различни броусери за истовремено јас и брат ми да бидеме вклучени на фб и други профили, ама сега го открив profile browsing на Chrome, и го користам само него со повеќе профили.
Пробај да четуваш на Фејсбук со Мозила. Тешко е
Мноооогу е побавна од Chrome, како во вклучување на програмата така и во вчитување на страниците.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Порано користев различни броусери за истовремено јас и брат ми да бидеме вклучени на фб и други профили, ама сега го открив profile browsing на Chrome, и го користам само него со повеќе профили.
Пробај да четуваш на Фејсбук со Мозила. Тешко е
Мноооогу е побавна од Chrome, како во вклучување на програмата така и во вчитување на страниците.
Firefox Има профили од верзија 0.0.0.1, т.е. од самиот почеток. Опција еден ти е различно windows акаунти. Друга ти е во еден акаунт различни фајрфокс профили. Гуглај ќе најдиш како се прави.
 
Е

експерт

Гостин
Firefox Има профили од верзија 0.0.0.1, т.е. од самиот почеток. Опција еден ти е различно windows акаунти. Друга ти е во еден акаунт различни фајрфокс профили. Гуглај ќе најдиш како се прави.
знам дека Мозила има, ама многу е побавна од Хром
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
знам дека Мозила има, ама многу е побавна од Хром
Можеби, ама додатоците што ги има Мозила, Хром не може да ги замени. Сепак тоа е индивидуално ако некој не ги користи тогаш Хром му е подобра варијатна.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
знам дека Мозила има, ама многу е побавна од Хром
Или само тебе ти е спора или нешто подлажуваш. И што рече чатот на Фејсбук бил спор. Виц на годината.
Пробај ја 3.6, па ќе видиш дека разликите во брзини треба со штоперица да ги бараш. Од око скоро и нема да најдиш.

На цена на таа ептен мала брзинска разлика, Фајрфокс нема проблеми со разни сајтови како што има Хром, и е постабилен од Хром. Во Хром да не беше системот со повеќе процеси лом ќе беше. А пак да не зборуваме за додатоците.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Како што стојат работиве идната верзија на интернет експорер ќе биде најбрза.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
403
Поени од реакции
7
firefox 3.6 e super. ima mnogu podobruvanja i moznosti koi go olesnuvaat rabotenjeto.

a chrome sto tolku go falite e glupost. ima mnogu golemi problemi so formatiranjeto. ne gi prikazuva sajtovite kako sto treba, a plus i pri copy paste tekstot bezveza go formatira.
i zatoa uninstall.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
се префрлив пред пола година од Мозила на Хром, по брз е а ми дава и почиста слика..

туку ај да видам новава Мозила, можеби ќе се вратам :tv:
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
На Winodws 7 има поддршка јазичињата да се менуваат од старт лентата (taskbar) како кај IE8.
ова кај мене го нема незнам за кај другите

Edit:
Средено !
 
I

Intex

Гостин
Тотален офтопик: некој да ми објасни како да го компајлирам сорс кодот во Убунту за Мозилата? Фала. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom