Прв „електронски дневник“.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нема повеќе лажење дома за своите оценки и дали ученикот бегал од часовите или пак присуствувал на предавањата.
За првпат во Македонија во средното училиште во Прилеп „Ристе Ристески Ричко“ се воведе електронски дневник - интернет страна насловена „Е-училиште“, со чија помош сите родители преку интернет ќе можат во секој момент да си проверат какво е поведението на нивното дете и какви оценки има.
Проектот го изработиле наставникот Влатко Бутлески и учениците Валентин Амбароски и Васил Зидровски.
„Секој родител добива посебно корисничко име и единствена лозинка и може да провери само за своето дете, не може да гледа за останатите деца. Во почетокот учениците беа скептични, не го прифатија ова најдобро, но потоа разбраа дека не можат да ги кријат постојано оценките од родителите, ќе ги скријат еднаш - два пати, но потоа родителот мора да дознае“, изјави Влатко Бутлески, наставник по стручни предмети.
Освен електронскиот дневник, на интернет страницата се ставаат и сите материјали од кои учениците учат, а има и форуми за дебатирања по однос на предметите како и тест квизови со прашања од материјалот.
„Делот за оценките на страната го одржуваа определени ученици, главната страница „Е-училиште“ ја одржува професорот, а ние пак неколку ученици ги ставаме материјалите за учење од предметите“, рече Валентин Амбароски, еден од авторите на електронскиот дневник.
„Заинтересираноста на родителите од ден на ден се повеќе е поголема, бидејќи вака тие можат да имаат поголем увид и да бидат поинформирани за своето дете“, истакна Петар Чешелкоски, директор на СОУ „Ристе Ристески Ричко“.
Идејата на овој проект е овој систем во иднина да се воведе и во сите училишта во Македонија.


ИЗВОР.

-------------------------------------------------------------------------------------


Одма да се хакира системот на што личи ова, порано се знаеше сега нема ни ред ни поредок :icon_lol:.
 
Штета што е само индивидуална иницијатива ова треба да биде колективна иницијатива, да се направи еден заеднички дневник, денес гледав на вести и се изненадив, ова е прекрасна работа максимално ја подржувам, само не знам како ќе се снајдат професорите, да ги внесуваат оценките електронски 60% не ни знат да го приклучат компјутерот, сепак нека продолжи оваа акција и нека се вклучат сите училишта
 
Оф мори мајко... еден упад во системот, и сите ќе ќепните :)

Би требало и он-лајн и хартиен дневник да се води паралелно... па по 4-5 години да се исклучат хартиените.
 
Оф мори мајко... еден упад во системот, и сите ќе ќепните :)

Би требало и он-лајн и хартиен дневник да се води паралелно... па по 4-5 години да се исклучат хартиените.



Нормално дека мора да има хартиен дневник, тоа и законски е и никогаш нема да се исклучат хартиените дневници, тоа ти е архива
 
Зошто никаде не се спомнува дека овој проект е помогнат од Moodle платформата? Дали знаете дека вакви системи се употребуваат одамна по универзитетите и не се некоја научна фантастика?

Делот со оценките е добро смислен но многу слабо реализиран.

Изгледа професорот сака да се себе рекламира пошто со фонт 22 е потпишан на страната, дури има и слика во профил :)

BTW Мудл-от на Европски универзитет го поставив уште 2006/07 година и ден денес функционира па никој никаде не се изрекламира како да открил топла вода
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom