Да си муабетевме затоа и ми е тешко да те познаам денес.
Не би се сложил.Длабоко сум уверен дека не постои изреалски генерал кој би се сложил со ова.
Сакаш да кажеш дека би одбил директна наредба да се реши проблемот со Газа?
Најголем проблем на денешните генерали и модерни изреалци се токму бившите генерали од времето на Израелско арапските војни кои се уште патат од комплексот на незавршена работа и потрага по бесмртна слава притоа заборавајќи дека непријателот се адатира.Така да денес нема ни трошка од оние армии кои тогаш славно ги победуваа.
Не се согласувам со ова. И да е вооружувањето и технологијата еднаква, тактиката и стратегијата се пресудни. А Израелците се цело време на штрек за да бидат добро мотивирани да смислат нови кога ќе дојде време за тоа.
Спротивно на тоа денес гледаат во силно вооружени и мотивирани непријатели од кои добар дел се вооружени токму со нивна и американска технологија,притоа имајќи ги и САД и добар дел од европа зад себе,нешто што во времето на Шарон и Нетанјаху не беше случај.За пример,ѕирни го инвентарот на Јордан и Египет да не ја спомнувам Саудиска Арабија.
Џабе е тој инвентар. Секогаш има некоја заебанција во позадина. Никој при крај на памет не би им давал ф-16ки на Саудиска Арабија кога знае дека еден ден ќе треба да се тепа со нив.
Мора да има некоја заврзлама(можеби нешто ко францускиот систем во фокландската војна?)
План за такво нешто сигурен сум не постои.Денес секој разумен и нормален генерал размислува како да се зачува она што се има и да се гарантира безбедноста на истито.Истиот генерал е свесен дека заземање и чистење на Газа е невозможна мисија од политички до воен аспект.Камо ли пак Египет.Еднаш си го скршија носот таму.Двапати армија како Израелската нема да згреши.Иако е најмоќната одбрамбена сила таму сепак е само одбрамбена.Денес секој Израелски војник,барем делот од оние обичните,има повеќе маки и антипатија кон радикалите(ортодоксни)Евреи и доселениците одколку кон палестинците.
Зарем навистина мислиш дека територија ко Газа која е наполно обиколена, темелно разгледана, стратешки проучена, дека не може да биде покорена? Дека не може да се истераат палестинците дали кон египет, што би била стратешка предност, дали кон море?
А за Египет. Што за Египет.
Ајде можеме и за тоа да разгледуваме.
Неколку пати споменав да имаме потфорум за војна и воени стратегии.
И не само јас. Зошто го нема не знам. Се надевам дека Мисирков ќе ни направи пријатна атмосфера за муабет.