- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.307
Јас искрено не знам на кои теми се судени оние кои имаат право на свој живот, ама се сомневам дека оние луѓе кои тука ќе се изјаснат дека секој одлучува за својот живот на некоја друга тема ќе проповедаат налудничави правила.Lurtz напиша:Нигде не видовме зошто не прават или зошто не сакаат оние кои не сакаат освен секој има право на свој живот (хм, имаат право и други, но ете на други теми постојано се судени...аиии)
темата ко шо знам е за оние кои Не сакат да имаат, а не за оние кои сакаат.
Јас сепак ќе повторам, причината “не сакам да имам дете“ е сосема доволно образложение. Секое понатамошно озборување (да токму тоа ќе биде) околу поводите и причините, како трауми од детство и хормонални пореметувања се само трошење време на пауза уз цигарче, ништо повеќе.
Слободна волја е да не сакаш да имаш дете, не убиваш, не загрозуваш, не правиш никаков проблем. Општествениот притисок, не само за имање деца туку и за многу други работи кои претходат на детето се токму тој недемократски начин на наметнување став и затоа си давам слобода да кажам дека во принцип простите луѓе велат дека секој треба да има дете, но немаат реално објаснување зошто, бидејќи и онака ставот им е наметнат, како што им е наметнато да се христијани, да мразат грци и црнци и така натаму...
pearl напиша:Желбата за дете (значи слободна, ненаметната) е за да има кому да се пренесе целото твое знаење, умеење, сакање, да изградиш човек, ете токму тоа, пред и се` ЧОВЕК (не мислам на биолошко битие, туку на морално/принципиелно/самосвесно и чесно битие), подобар од тебе и она што си ти самиот и преку тој човек да оставиш legacy, а тој потоа да се обиде да го направи истото (не навлегувам колку ќе бидеме успешни во тоа)......... за да после ги пуштиш да си тераат по свое и да си живеат по свое, да летнат кај што им е ќејф, да си бидат среќни да свој начин, да го живеат животот on their own terms, а не да им се стави ланец околу гуша и да им се створи грижа на совест дека на стари години, тука се само за да те мазат и пазат тебе и само тебе.
Мислам дека единствениот одговор на прашањето зошто некој сака да има дете е... “сакам дете“. Тоа е биолошка ствар, како сакам да јадам, да пијам вода, сакам секс, нормално е. Само што, како што има вегетерјанци, луѓе кои пијат малку вода, асексуални типови, така има и луѓе кои не сакаат деца, од разни причини и не може никој да ги осуди.
Желбата за дете е чист нагон, а воспитувањето е процес кој е задолжителен, но не е примарен кога треба да се одговори “зошто дете“. Сметам дека не треба луѓето да имаат деца за да пренесат дел од себе, ми делува како онаа несвесна појава кај грото родители кои сакаат да се реализираат преку своите деца, а е толку одвратна.
Го прифаќам размислувањето “сакам да имам дете и да го воспитам да биде вистинско злато“ но да биде тоа основа зошто раѓам едно дете малку ме буни, ме потсеќа на лего коцка, ја правам сликата и се забавувам, не ми оди малку... :smir: