ПРИЛЕПСКО СЕМЕЈСТВО БАРА ПОМОШ ЗА БЛИЗНАЧЕТО СО РЕТИНОПАТИЈА

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Веб-сајт
www.angelfire.com
Уште едно бебе ослепе во инкубатор

Предвреме родената Бинас го изгубила видот по месец и половина во инкубатор, а родителите се зачудени зошто од Гинеколошката клиника во Скопје не им кажале за проблемот, како што тоа го направиле за нејзиниот брат-близнак, кој бил веднаш ласерески опериран и видот му бил спасен
C9FB8B38001FD04992C0FE981C5DF92D.jpg
Предвреме родената Бинас од Прилеп, по месец и половина во инкубатор, ослепела. Сега четиримесечната Бинас е второродена од близначињата на 23-годишната мајка Фејзија Таировска.
"Бебињата се родени предвреме, на Клиниката за гинекологија во Скопје, на 27 август лани", вели таткото Демир. "Сe уште беа во инкубатор кога ми се јавија од Клиника да ме прашаат дали се согласувам специјалисти од Белград да извршат ласерска операција на двете очи на машкото дете, оти таква потреба востановиле при прегледи на бебиња. Не можев да стигнам во Скопје, ама се согласив оперативно да им биде отстранета мрежичката на очињата од машкото бебе. За девојчето тогаш ми рекоа дека е во ред. Следниот ден ми кажаа оти машкото дете е успешно оперирано, а видот е целосно зачуван. За девојчето и тогаш ми повторија оти нема ништо. Но, 20-ина подоцна, кога отидов да ги земам, девојчето беше со отечено и помодрено лево око. Ми рекоа дека тоа е од инфузиите, дека ќе биде добро и оти ќе ми дадат упат да одиме на Очна клиника. Толку кажаа," вели таткото Демир.
Двете близначиња биле прегледани на Очната клиника во Скопје. Конзилиум на Клиниката за очни болести со дијагноза ретинопатија праематурика, го упатил бебето на хируршка интервенција - виктректомија на десното око, во Ретино институтот Истанбул во истоимениот турски град, бидејќи во Македонија биле исцрпени можностите за лекување.
"Ни кажаа оти Таир е добро, а за Бинас оти не гледа и е ослепена на двете очи и оти во Македонија не може да се лекува. Бебето не смее да плаче оти има и очен притисок, може да му се јават и други компликации и да го загубиме детето", вели мајката Фејзија.
Семејството Таировски, во кое никој не е вработен, не може да обезбеди 10 илјади евра за интервенција и лекување. Нема пари ниту за пасоши за Бинас и за нејзината мајка, а колку се чека и се одложува операцијата, толку состојбата се влошува, велат родителите.
Знаат оти Фондот ќе им врати 80 отсто од парите потребни за лекувањето на Бинас, но не можат да обезбедат над 10 илјади евра за да заминат во Турција. (В.То.)

Апел за помош на малата Бинас

Семејството Таировски не може да обезбеди 10 илјади евра за лекување на малата Бинас во Турција. Молат за помош и се надеваат дека хуманоста на луѓето нема да затаи. Тој што сака да им помогне тоа може да го направи со уплата на средства на жиро-сметка : 380614961200152 на име Демир Таировски во Прокредит банка.



----------
извор: Вест
 
Знае некој дали може да се донира за овој случај преку мобилен и кој е бројот?
 
да имав повеке пари би им помогнал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom