Руската и италијанската мафија најопасни во светот
Според листата на „Дејли њуз“, српската и албанската мафија се меѓу десетте најпрочуени
Руската и италијанската мафија се прогласени за најопасни во светот. Во листата што заедно ја објавија лондонскиот „Дејли њуз“ и шпанскиот дневник „Дијарио“, како критериуми за влез во топ 10 најсилни светски мафии беше учеството во организираниот криминал на подрачјето на повеќе земји и активностите, како трговија со дрога, оружје и слично. На оваа листа се најдоа две мафии на наши соседи. Така, српската мафија го држи 8. место, а нивните колеги од Албанија се едно место подолу.
Според пописот, српската мафија е толку високо позиционирана, бидејќи работи во десетици земји, поврзана е со криумчарење дрога, платени убиства, рекет, местење при обложување, контрола врз казината и кражби. Покрај тоа, на листата на Интерпол се наоѓаат дури 350 државјани на Србија, кои често важат за најблиски соработници на најголемите наркокартели во светот. Српските мафијаши се познати и по интелигентните грабежи, кои често имаат холивудски сценарија, но и по брзите и чисти ликвидации. Албанската мафија своите пипала почна да ги шири во 80-тите години од минатиот век. Нивните припадници го почитуваат кодексот на однесување стар речиси шест века. Најактивни се во трговијата со дрога, бели робје, алкохол, цигари, проституција, кражба на автомобили и рекет.
Првото место на „пописот на честа“ го зазеде руската мафија, која се проценува дека има над 500.000 членови што контролираат и до 70 проценти од руското стопанство. Во чекор ја следи италијанската мафија, една од најстарите во светот. Се верува дека зачетоците на Коза Ностра лежат во втората половина на 19 век во Сицилија.
Третото место на пописот го зазедоа колумбиските наркокартели, кои својот подем го започнаа во средината на 60-тите години од минатиот век со продажба на дрога на мало во САД. Четврти се кинеските тријади познати по шверцот со мигранти, а се верува дека држат две третини од светскиот пазар со кокаин.
Со 110.000 членови во 2.500 фамилии, јапонските џакузи го држат петтото место. Нивното работење се ориентира на контрола на проституцијата, игрите на среќа, порнографијата, шверцот со луѓе, лихварството, дрогата и перењето пари. Мексиканската мафија, создадена во американските затвори од притворените припадници на уличните банди, со 30.000 членови го зазеде 6. место. Најмногу се занимаваат со прекуокеанско криумчарење дрога, оружје и проституција. Израелците го држат седмото место, а често се поврзуваат со руската мафија. Важат како немилосрдни мафијаши, а го држат монополот врз извозот со хашиш и екстази во Европа и во САД.
По српската и албанската мафија, топ 10 го заокружуваат Јамајканците, чија мафија настанала од мигранти што се населуваат во сиромашните квартови во Велика Британија, а со активно дејствување почнале во 1950 година. Својот углед го стекнале со бруталното насилство и жестоките пресметки со англиската полиција. Во десетте најголеми мафијашки фамилии има 4.000 членови, но голем е бројот на т.н. надворешни соработници, пишува во пописот на „Дејли њуз“ и „Дијарио“.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=CD8E58BC9C958D43B9D01CDC58E60F51