- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Нова економска криза во Европа
Светот годинава го очекува благо економско подобрување, но и зголемување на стапката на невработеност која во ЕУ ќе достигне 10 проценти, најмногу по Втората светска војна - се вели во анализата на американскиот магазин „Њузвик“.
- Во членките на ЕУ околу 57 милиони луѓе ќе останат без работа, а во Шпанија, Ирска, Франција и во Полска стапката на невработеност ќе биде поголема од 10 отсто - пишува „Њузвик“ во анализата во која освен економските се вклучени и политичките фактори.
Американскиот магазин најавува преврат во Пакистан и во Венецуела, криза во Кина и во Европа, драстичен пад на вредноста на британската фунта, но економски раст на Бразил. Според „Њузвик“, Европа ја очекува нова криза, која ќе го зафати финансискиот сектор и ќе го забави растот на економијата на ЕУ. Најмногу би требало да настрада Британија, каде што ќе победат ториевците, а финансискиот крах на Островот ќе доведе до нова подлабока рецесија.
Во Авганистан се очекува подобрување на ситуацијата. Со мерките за заштитата на локалното население американските војници ќе ја добијат довербата на мештаните. Магазинот предвидува економски колапс на Кина, чиј пазар на недвижности, кој го одржуваат многубројни кредити, е крајно нестабилен. Нејзиното место во глобалната економија би требало да го заземе Бразил.
„Њузвик“ предвидува воен удар во Пакистан, бидејќи претседателот Асиф али Зардари не може да ги контролира владата и армијата. Слично сценарио се предвидува и за Венецуела, чиј претседател Уго Чавес ќе падне од власт поради хиперинфлацијата и рапидниот пораст на криминалот, појави кои ги предвидува „Њузвик“.
На Стариот континент, пак, му се заканува разгорување на верските насилства, кои во 2005 година кулминираа во сиромашните предградија на Париз. Сценариото би се пресликало во повеќе западноевропски земји, а бунт на муслиманите е можен и во Швајцарија, која забрани изградба на нови минариња.
- Иран ќе се соочи со меѓународни санкции, бидејќи режимот на Махмуд Ахмединеџад не е заинтересиран за преговори и за компромис - пишува магазинот кој годинава ја предвидува смртта на Фидел Кастро и подобрување на односите меѓу Куба и САД.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4217C240A1AEB44BA0C277863E8F3614