АКо веќе Мурињо решил да си оди, подобра замена од Капело не можеме да најдеме. Тој е меѓу тројцата најдобри на свет(со Моу и Ферги), тимот го има, само треба да продолжи. За разлика од Липи, Капело уште пред почетокот на сезоната беше далеку пообјективен кога станува збор за нашиот тим. Ги паметам неговите изјави дека Интер нема конкуренција во Италија, и дека оваа сезона тимот е створен за лигата на шампионите-што се покажа точно. Има освојувано се што може да се освои, има титули со секој тим каде што бил тренер. Она што му е предност пред Мурињо е што е Италијанец, и тоа доста моќен во Италија, па медиумите и фудбалските чиновници нема да прават такви саботажи како до сега. Јас би бил најсреќен доколку специјалниот остане уште 20 год. кај нас, меѓутоа по се изгледа веќе е заситен од Италија.