друже гледаш дека на форумот повеќето навивачи, колку толку го ценат Купот и ретки се оние како тебе, џабе ги убедуваш, си сакаат тројна круна...
за тебе можеби не, но како што гледаш другите фанови на Интер го пратат и сакаат нивниот тим по секоја цена да го освои...
Абе мене форумов ако ми е некој репер, тогаш Јуве треба у моментов да е шампион на Италија, зашто у онаа акента на Серија А пред сезона убедливо водеа ...
Тројната круна е убав декор, не велам не, ама муабетот ми е дека воопшто нема да бидам потресен ако утре Интер загуби, не ни очекувам да тепаат бидејќи Снајдер нема да игра, Пандев сеуште мака мачи со повреда а и играчите треба да се 100% фит за наредните 2 средби од Серија А кои мора да се победат, плус финалето од ЛШ.
Оваа титула од купот ке биде само шлаг на торта кој не го барав у нарачката
Пред сезона го имав пишано следново : Скудето, пласман во 4 најдобри од Европа, толку. Тоа беа моите очекувања за оваа сезона да биде окарактеризирана ко успешна, а ко што гледаш, истите се надминати бидејќи Интер е веќе во финалето од ЛШ, но сепак сеуште не ја освоиле титулата во Италија која ми беше приоритет број 1, и сеуште е. :wink: