Пак ја со со само-само муабетот, повеќе од очигледно е дека Балотели може да функционира како напаѓач и само како напаѓач. Јас незнам Мур што гледа во него како крило, кога играта му е иста таму, гради топка и паѓа, гради топка и паѓа, 70% од тие паѓања се фаул и толку. Ке направи 1 до 2 продора но пак, без никаква цел од проста причина, по незнам кој пат ова го пишувам, Интер оваа година нема играч кој е добар во воздушните дуели.
Вчера и на forza inter форумот еден пиша, со која цел одеа вчера против Џенова упорно преку кросеви и нафрлени топки кога никој, буквално никој во шеснаестерецот не е кадарен истите да ги претвори во шанса, пазете, шанса за гол, не гол. Па сезонава Интер головите со глава ги има само преку корнер ситуации, од игра ја не памтам дека дале, еве последно нешто шо ми текнува е голот против Удинезе на Милито, но се на се 2-3 пати дали успеале таков гол да постигнат.
Кога ке ја погледнете историјата на Интер, т.е. последниве 15-20 години ке укапирате дека Интер не ни имале некои посебни крилни играчи и ретко кога истите просперирале во Интер, едноставно, таков формат на овој тим не му одговора, со тоа што лани беше 4-3-3, сега е 4-2-3-1, исто анемично срање !!!