Добро, објективно да гледаме, колку што се може:
Со Манчестер не беше прашање на страв или нешто слично. Едноставно беа подобри и не притиснаа. Роналдо одма имаше неколку супер удари и да не беше Цезар ќе не потопеа. Првото полувреме не притиснаа и тоа здраво. После нешто пробавме но кога ќе почнеш така лошо, 0-0 изгледа пристојно а секое истрчување напред е огромен ризик.
Со Барселона не би ја броел тука зошто сепак е натпревар по групи и тоа рана фаза, па пристапот е сосема поинаков.
Сепак, сега имаме Интер кој ќе нападне зошто поинаку и не може да игра со вакви играчи. Лани со тие играчи - толку. Ако му тргне на Ибра добро, ако не, нерешено. Сега е друго. Сега е потешко да не дадеме гол отколку да дадеме. Така да не очекувам ништо слично на натпреварите со Манчестер и со Барселона и сигурно ќе има голови.
Знаејќи го Пандев како игра на големи натпревари, и како играше во ЛШ со лацио против реал м. немам грижи.
А за болдираново, те подржувам и го делам истото мислење со тебе. Значи сега сме тотално различни од лани, сега имаме плејмејкер од типот на снајдер играч кој размислува со 200 на час а да не зборувам за слободните удари. Потоа еден универзалец како Пандев кој вчера покажа дека може да го замени Снајдерчо т.е.да игра и како плеј по потреба, исто играч кој како снајдер кореспондира со брзина во потезите(умствено), апсолутно несебичен играч што е изненадувачки за еден напаѓач.
Потоа еден полнач на мрежи како Милито, за него нема што да пишам повеќе едноставно човекот е финишер и пол.
За одбраната:
Мајкон: го критикувавме овдека дека чека само големи мечеви да одигра фантастично, па еве му ЛШ:smir:
Лусио остава душа на терен, загарантирано место во одбрана очекувам да го изеде дрогба.
Самуел според мене би требало да биде партнер на лусио и одлична сезона како и во одбрана така и во напад:pos2: иако во почетокот на сезовава покажуваше одредена не координираност во офсајд стапиците.
Сантон правел киксови незнам што, дечкото искрено корне, посебно ми се допаѓа кога влегува во средината со оние на изглед лесни пробиви, кои се каректеристични за Маикон и Занети по десната страна се гледа од кој учел. А за големи мечеви не му се грижам сите знаеме како одигра против роналдо лани во ЛШ.:wink:
За во срединава нема што да речам многу, моја желба Занети, камбијасо и Дејо значи и тројцата пристапот им е never stop running.
значи формациски:
Мајкон-----Лусио-----Самуел-----Сантон
Занети-----Камбијасо-----Дејо
Снајпер
Милито-----Пандев
Значи само без Балотели и Мунтари и се фино.:nesum:
:salut: