Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Епа и јас пишав претходно, ако веќе живееме во загадена средина зошто дополнително да се труеме?
Тоа е моментот што не можам да ви го сфатам на сите што упорно се држите до таа теза.
Повеќето од пушачите се убедени дека сите статистики се невалидни и дека нив ништо не може да им се случи се' до моментот кога ќе ги стрефи нешто.
Ама ај нека ви биде, натнете си цигара и продолжете си, во моментов непушачите, за среќа, се заштитени од туѓата глупост.
1.Не сум пушач
2.Прашањето не треба да биде зошто дополнително да се труеме, туку зошто ВООПШТО да се труеме? Апропо на ова, јас би повеќе да се забрани употреба на автомобили додека не се усовршат хибридните на струја што се движат. Знаеш така колку повеќе ќе се зашити човекот? Чадот од цигари не влијае на зеленчукот и овошјето додека си растат, ама затоа чадот од автомобилите и те како влијае на нив со оглед на тоа што скоро секаде, покрај секоја нива, има автопат.

И не можеш да кажеш дека пушењто цигари е нечија глупост затоа што тоа е личен избор. Ако е така, тогаш секој може за сечиј избор (без разлика на што и да се однесува) да рече дека е глупост. Пример, јас сега тебе да ти речам дека непушачите кои размислуваат како тебе можат слободно да продолжат да веруваат во глупавото тврдење дека вака е многу подобро.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Да, личен избор е, и мој личен избор е во што ќе верувам дека е глупаво или не. Терминологија, поточно кажано. Не интелигенција, туку грешка. За мене е грешка да пушиш. Ти слободно кажи ми дека верувам во глупаво тврдење, тоа мене нема лично да ме засегне зашто тоа е твоја идеја за животот. Ништо лично, нели.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180

Не гледам зошто некој не би се согласил со тебе, ама кое е конкретното онака реално решение за да се забранат сите автомобили или па фабрики да се затворат или да се зголеми цената на производство шо ќе удри на сечиј џеб ради подобрувања еколошки? Секој проблем има РАЗЛИЧНО решение, решението на овој конкретен проблем е многу едноставен и безопасен и не се споредва со другите проблеми шо ти ги едначиш.

Се решаваат овие проблеми шо ги наброја ти толку едноставно, со задолжителни неколку чекори надвор од затворениот простор за вршење на себична дејност??? НЕ!! Значи не е исто и аналогијата ти е безпредметна.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да, личен избор е, и мој личен избор е во што ќе верувам дека е глупаво или не. Терминологија, поточно кажано. Не интелигенција, туку грешка. За мене е грешка да пушиш. Ти слободно кажи ми дека верувам во глупаво тврдење, тоа мене нема лично да ме засегне зашто тоа е твоја идеја за животот. Ништо лично, нели.
Јас нема да си дозволам да го кажам тоа за никој, затоа што како што и сама кажа тоа е идејата за живот на оној кој има спортивен став од мојот.

--- надополнето ---

Не гледам зошто некој не би се согласил со тебе, ама кое е конкретното онака реално решение за да се забранат сите автомобили или па фабрики да се затворат или да се зголеми цената на производство шо ќе удри на сечиј џеб ради подобрувања еколошки? Секој проблем има РАЗЛИЧНО решение, решението на овој конкретен проблем е многу едноставен и безопасен и не се споредва со другите проблеми шо ти ги едначиш.

Се решаваат овие проблеми шо ги наброја ти толку едноставно, со задолжителни неколку чекори надвор од затворениот простор за вршење на себична дејност??? НЕ!! Значи не е исто и аналогијата ти е безпредметна.
Кога и онака за сите споредби се оди во екстремности, не ја гледам нелогиката на мојата. Тогаш и од каде правото за зашитата на непушачите од пушачите, кога ако размислиме малку поубаво, зашитата од автомобилите би била многу покорисна. Туку да, битно е да се направи некаква промена, без разлика колку и да е мала (дури ете и неколку чекори надвор од затворен простор) одошто навистина да се размислува за здравјето на популацијата.

Аналогијата безпредметна или не, сигурно повеќе ми држи вода отколку законов.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Кога и онака за сите споредби се оди во екстремности, не ја гледам нелогиката на мојата. Тогаш и од каде правото за зашитата на непушачите од пушачите, кога ако размислиме малку поубаво, зашитата од автомобилите би била многу покорисна. Туку да, битно е да се направи некаква промена, без разлика колку и да е мала (дури ете и неколку чекори надвор од затворен простор) одошто навистина да се размислува за здравјето на популацијата.

Аналогијата безпредметна или не, сигурно повеќе ми држи вода отколку законов.
Мислам несериозно е да разговараме за улогата на Македонија во такви сериозни глобални прашања, плус то е муабет на сосема друга тема, тука има замешаност на многу интереси и не постои обичен човек шо не поседува акции во нафтена индустрија шо би се противел на такви решенија. Ама како шо реков далеку е таа тема од оваа конкретната, а колку е минорен и неважен проблемот шо се решава со овој закон е индивидуална работа, мене искрено ми го подобре животот најмногу од секој закон досега донесен т.е. единствен закон кој имаше некакво влијание на мојот живот.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Мислам несериозно е да разговараме за улогата на Македонија во такви сериозни глобални прашања, плус то е муабет на сосема друга тема, тука има замешаност на многу интереси и не постои обичен човек шо не поседува акции во нафтена индустрија шо би се противел на такви решенија. Ама како шо реков далеку е таа тема од оваа конкретната, а колку е минорен и неважен проблемот шо се решава со овој закон е индивидуална работа, мене искрено ми го подобре животот најмногу од секој закон досега донесен т.е. единствен закон кој имаше некакво влијание на мојот живот.
Твојот се подобрил, нечиј друг живот не. Затоа законов гледан од секој можен агол прави поделба на луѓето според сопствениот избор.
Едно од најосновните права беше дека секој човек има право на избор... Ова премногу го нарушува тоа право, ама ете, несериозно би било ако така се размислува.
Без разлика на тоа кој колкава улога има, посотојат поважни работи за средување од ова.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Е тебе инат сите ти тераме.
Па и терате инат.
Не разбирам како можи да е толку чудно на некој да му смета претерано зачадена просторија, единствено шо има логика да е чудно да не ти смета истата.
Разбирам дека ти смета претерано зачадена просторија, не разбирам што си запнал да БИДЕШ во неа, кога ти смета.
Прашањето е дали како пушач
Сомневам дека си пушач. Можда спортски, ради друштво павкаш, без да вдишиш, па ти е лесно да откажиш. Прав пушачки наркоман не филозофира во твојот стил.
Инаку, само почекај, па ќе видиш колку тој твој СВЕТ (а знам дека мислиш на западниот СВЕТ), е дволичен, посебно по прашањата на заштита на здравје и животна околина.
Најди на youtube.com видеата од http://www.trutv.com/shows/conspiracy_theory/index.html.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Па и терате инат.

Разбирам дека ти смета претерано зачадена просторија, не разбирам што си запнал да БИДЕШ во неа, кога ти смета.

Сомневам дека си пушач. Можда спортски, ради друштво павкаш, без да вдишиш, па ти е лесно да откажиш. Прав пушачки наркоман не филозофира во твојот стил.
Инаку, само почекај, па ќе видиш колку тој твој СВЕТ (а знам дека мислиш на западниот СВЕТ), е дволичен, посебно по прашањата на заштита на здравје и животна околина.
Најди на youtube.com видеата од http://www.trutv.com/shows/conspiracy_theory/index.html.
Абе купвам цигари пушам убо ми е, сега нема смисла да лажам пошто има многу лично ме познават на форумот и ќе ми се смеат ако траскам такви глупости.

И имаме дискутирано за то колку е реално да постојат локали за непушачи доколку со закон се дозволени локали за пушачи. И други теми беа начнати, како пример вработените во тие локали итн. и нема потреба мислам да се повторваме.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Твојот се подобрил, нечиј друг живот не. Затоа законов гледан од секој можен агол прави поделба на луѓето според сопствениот избор.
Едно од најосновните права беше дека секој човек има право на избор... Ова премногу го нарушува тоа право, ама ете, несериозно би било ако така се размислува.
Без разлика на тоа кој колкава улога има, посотојат поважни работи за средување од ова.
Секогаш ќе има разлики меѓу луѓето и нормално е да се делаат. Секој сам си одлучул во која група да биде. :pipi:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Секогаш ќе има разлики меѓу луѓето и нормално е да се делаат. Секој сам си одлучул во која група да биде. :pipi:
Нормално е да се делат меѓу себе (дали ќе се делат поради материјален статус, изглед, карактер, навики) а не да се делат поради закон...
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Нормално е да се делат меѓу себе (дали ќе се делат поради материјален статус, изглед, карактер, навики) а не да се делат поради закон...
Пушењето е болест кој е опасна за здравјате на другите луѓе. Исто е како да имаш сипаници или грип и се буташ у народ. Извини ама непотребно изложување на ризик на моето убаво здравје поради кејф на други не е можно. Тие се болни (наркомани се) и тие треба да бидат исшутирани а не е другите `нормални луѓе` да бегаат од нив, тие се `нижа класа` и на нив треба да им се `ограничи слободата на движење`. Се знае кој е `белец` а кој е `црнец`. :pipi:
 
Постов ќе ти помине само како опомена и нема да те удостојам со одговор затоа што вакво размислување е крајно недолично и безобразно. Да наречеш некој болен, нижа класа и да кажуваш ти на кој треба да му се ограничи слободата е бедно.
Од сега, на темава ќе дискутираш на малку поубаво ниво.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Постов ќе ти помине само како опомена и нема да те удостојам со одговор затоа што вакво размислување е крајно недолично и безобразно. Да наречеш некој болен, нижа класа и да кажуваш ти на кој треба да му се ограничи слободата е бедно.
Од сега, на темава ќе дискутираш на малку поубаво ниво.
:smir: Се зезам не сум таков. Иако навистина пушењето е болест на зависност т.е. наркоманија т.е никотиноманија а, одредени болести се стигмаризирани на пример СИДА. Обично е тендеција болестите да се дестигматизира а овде може се случува и обратниот процес. Како и да е. Не е убаво тоа. Но не е ни убаво да се негира дека е болест. Се разбира ако некој несака да се лекува тоа е негов избор.
Мене лично ми одговара законот но, може да се направи мал број макс 10% од местат за пушење се разбира да си платат или најдобро да се надаваат на јавна аукција кафичите за тие `лиценци за пушење`. Но во секој случај бројот на тие места мора да е мал и ограничен.
А најдобар избор е да не се прави ништо зошто за 10-20 години и онака бројот на пушачи ќе опадне и луѓето ќе се навикнат на ова и никој нема да се замар со тоа. Најверојанто исте коментари ги кажувале кога се забранило пушење во авион, болници и канцеларии.
 
Еве еден со кој може да се прави муабет.1% нека ми дадат, доста ми е, нека бидам сегрегиран како црнец, не е проблем. На крај на краиштата и наркоманите ги стават на метадонска терапија, никој не вика дека лекот е да им ЗАБРАНИШ да се дрогират. На децата им забранија после 12 саат да бидат во кавиќ, па сега се збират по паркови, градинки, школи и полоши работи се случуват таму у мракот него у кавиќ. А за пиење се обезбедува од порано и тоа во поголеми количини, пошто во продавница алкохолот е драстично поефтин од кафиќ.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Нормално е да се делат меѓу себе (дали ќе се делат поради материјален статус, изглед, карактер, навики) а не да се делат поради закон...
Многу погрешно го толкуваш законот. Неможи да разговараш за дискриминација зошто на апсолутно сите граѓани рамноправно им е забрането да пушат, значи сите уживаат исти права никој не е дискриминиран. Не постои класификација пушач и НЕпушач, па тебе како пушач не ги уживаш истите права. Секој може да оди во кафич, ноќен клуб или ресторан, никој не е лишен од тие задоволства, не гледам каде има тука дискриминација.

Поради детално анализирани податоци е одлучено во затворена просторија да се забрани пушење, исто како шо е забрането да палиш оган, да пукаш петарди, да пукаш со оружје, да мочаш и да сереш кај ќе ти текне и ред други работи кои се забранети зошто едноставно не се апсолутна потреба и соодветно може да се вршат на соодветно место.

И треба една работа да ви е јасна, во секое опшество надвладејува мнозинството. Хипотетички да земеме дека постои група на луѓе кои се уживатели на јавно уринирање и сметаат дека нивното право да мочаат каде сакаат им е одземено, така било од секогаш во историјата и некој паметен сега најде да им го оспорува. Ама најважно е шо тие луѓе се малцинство во ова опшество, да беа мнозинство постои легитимен начин да си се изборат демократски за своите права. Значи кога една група со своите потреби загрозува друга група, во демократско опшество победува мнозинската група. Шо е тука нефер, не е ова тоталитаризам, слободно на референдум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom