Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
1.Не сум пушачЕпа и јас пишав претходно, ако веќе живееме во загадена средина зошто дополнително да се труеме?
Тоа е моментот што не можам да ви го сфатам на сите што упорно се држите до таа теза.
Повеќето од пушачите се убедени дека сите статистики се невалидни и дека нив ништо не може да им се случи се' до моментот кога ќе ги стрефи нешто.
Ама ај нека ви биде, натнете си цигара и продолжете си, во моментов непушачите, за среќа, се заштитени од туѓата глупост.
2.Прашањето не треба да биде зошто дополнително да се труеме, туку зошто ВООПШТО да се труеме? Апропо на ова, јас би повеќе да се забрани употреба на автомобили додека не се усовршат хибридните на струја што се движат. Знаеш така колку повеќе ќе се зашити човекот? Чадот од цигари не влијае на зеленчукот и овошјето додека си растат, ама затоа чадот од автомобилите и те како влијае на нив со оглед на тоа што скоро секаде, покрај секоја нива, има автопат.
И не можеш да кажеш дека пушењто цигари е нечија глупост затоа што тоа е личен избор. Ако е така, тогаш секој може за сечиј избор (без разлика на што и да се однесува) да рече дека е глупост. Пример, јас сега тебе да ти речам дека непушачите кои размислуваат како тебе можат слободно да продолжат да веруваат во глупавото тврдење дека вака е многу подобро.