Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.724
- Поени од реакции
- 33.968
Не те разбирам сосема... сакаш да кажеш дека ако на соседната маса пушат во затворен простор, јас нема да бидам изложен на пасивно пушење затоа што нема да ми дуваат во лице?Боже Господе, не си сакал да бидеш изложен на концентрација на дим во затворен простор. Излези во кафич со твоето друштво (кое патем не дознав дали пуши). Седи си со нив, ако се непушачи. Димот од оние од страна ќе биде исто како да седиш со непушачи надвор, на отворено. Пошто сепак оние кои се најблиску до тебе нема да ти чурат во лице.
Хмм....
Чекај малку, сакаш да кажеш дека законот им вели да седат надвор?Јас тебе да ти речам дека ќе ми платиш казна ако запалиш цигара во локалот, не е со сила нели? Туку е чисто законски принудување да мрзнеш надвор.
Прочитај го законот... не смеат да пушат внатре, никој не вика дека не смеат да бидат внатре.
Изборот го направиле самите, или нивната зависност, која пак самите си ја направиле... по свој избор. Така и по свој избор излегуваат надвор. Никој не ги тера на сила ништо, освен да не пушат и да им наштетуваат на другите. Толку.
Таква „вентилација„ имаш само на Ентерпрајз.Кажав и јас поназад, ќе кажам и пак. Законов како закон можеби е добра идеја, ама кај нас е премногу дебилно реализирана.
И соодветна вентилација е вентилација која ќе ти овозможи проток на чист воздух постојано, додека работи локалот. А не само намалување на зачаденоста.
Со многу добра, многу скапа вентилација можеш доста да го намалиш димот во воздухот, не и да го одстраниш.
И таква добра и скапа вентилација можеби можат да си дозволат најмногу неколку места во земјава, на една рака можеш да ги наброиш.
Ваква беше предходната верзија на законот и не функционираше.