Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
Ооо да , ТИ сигурно си бил тој тип шо на секои 10 минути излегувал надвор чисто да се проветри,да не биде затруен. И цело време читам во твоите постови ти се` нешто подржуваш. А си преземал некогаш иницијатива??? Или само обожаваш да одиш контра?
Доволен е болдираниот дел.
Самата моја активност овде во подршка на законот е иницијатива против вродените заблуди во врска со пушењето тутун. Почнувајќи од тоа дека „традиционално„ е да се пуши и да се трпи па продолжувајќи накај тоа дека нормално е да труеш некого.

абе Ванлок дали ти ќе го зборуваше сето овоа ако ти или твоите родители беа сопственици на некој угостителски објект,кафич,кафана или шо и да е каде што не смее да се пуши,кога татко ти ќе си дојде дома со дневен промет од 5000 денари а претходно си идел со 20 000 денари,да те видам дали тогаш ќе го правеше овој муабет или ќе го пцуеше законот и ќе беше против,лесно е да се биде против нешто,ама треба да се размисли малце логички тоа нешто колку загуби носи.
Ајде сите да ги жалиме „сиромашните„ кафанџии (зошто најголемиот дел од нив сигурно не се тоа) и да не гледаме подалеку од носот... пардон, профитот на кафанџиите. А тоа намалаување од 75% го извади од ракав.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Кажи ми дали во твоето друштво има пушачи?
Да искористам, да го прашам Ванлок (пошто веќе ме испраша за домашните) дали има домашни во семејството или браќа сестри, родител или други роднини (братучеди, вујковци, чичковци, кум...) пушачи и како постапува со нив кога ќе му се на гости или прослава. И како постапува кога тој оди на гости каде домашните се пушачи или на прослава каде нема стоп за пушењето????

И зошто, доколку е поддржувач на заштита од топилница и сличните фабрики, сообраќајот скопски... не отвори тема, анкета, петиција...уотевер, да се бори као овде, со сите сили...против сите тие загадувања?
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Мене ме интересира дали по повод законот за забрана за пушење е зголемена посетеноста на форум кајгана?? :pos:
Ако луѓето стварно седат дома и помалку излагаат, ако не се дружат.. законов е многу штетен... А па не дај боже и само ТВ да гледаат...Бреинконтрол бе...
 
I

InF3cTeD

не го врти муабетот на жалење на кафанџиите...одговори на прашањето што се однесува конкретно на тебе...а цифрите ги дадов како за пример...

Да искористам, да го прашам Ванлок (пошто веќе ме испраша за домашните) дали има домашни во семејството или браќа сестри, родител или други роднини (братучеди, вујковци, чичковци, кум...) пушачи и како постапува со нив кога ќе му се на гости или прослава. И како постапува кога тој оди на гости каде домашните се пушачи или на прослава каде нема стоп за пушењето????
сигурен сум дека и за тоа протестира,кога му идат такви гости дома он испаѓа надвор,а кога станува збор за одење не ни размислува за тоа...одбива :tapp:
 
G

Giggles

Гостин
Доволен е болдираниот дел.
Самата моја активност овде во подршка на законот е иницијатива против вродените заблуди во врска со пушењето тутун.
.
Ова го сметаш за иницијатива?? Фактот дека неколкумина ќе ги прочитат твоите постови? Ај донт тинк соу. Седни си на брашното веќе. Не ти држи муабетов.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Доволен е болдираниот дел.
Самата моја активност овде во подршка на законот е иницијатива против вродените заблуди во врска со пушењето тутун. Почнувајќи од тоа дека „традиционално„ е да се пуши и да се трпи па продолжувајќи накај тоа дека нормално е да труеш некого.

Ајде сите да ги жалиме „сиромашните„ кафанџии (зошто најголемиот дел од нив сигурно не се тоа) и да не гледаме подалеку од носот... пардон, профитот на кафанџиите. А тоа намалаување од 75% го извади од ракав.
Не е 75% туку е 90%.
Ако седиш помалку на форум и малку повеќе гледаш вести ќе видиш што се случува.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Вака, додека сме уште на почетокот на една интересно жешка дебата, само внимавајте да не почнете да се тепате по темава:)
Превентивно да си кажам јас:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ми отиде постот па морам нов :)

Ако не пиеш, нема шанси да се испијаниш, колку и да се пијанат луѓето околу тебе.
Батко, знаеш сигурно колку лајна се праат ради алкохолот, не е тоа незагадување на соба со чад, но е многу повеќе. Срањето наречено алкохолизам е бааги озбилна работа (можда некој имал можност да види нервно на клиника или психијатриските болници како и што се дешава со алкохолизмот). А вон овие институции од тепање брачни другари и слични (улични, во кафеана) конфликти до разводи, немање можност за пород па и импотенција. Сходоно на твоите одговори за алкохолот, ако не пиеш нема да се испијаниш-ако не идеш у кафич нема да се задимиш...постојат млечни ресторани :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
Ме дал Господ да не знам да ќутам...
Кажи ми дали во твоето друштво има пушачи?
Ако има, кажи ми дали ако ги замолиш да не палат цигара во твоја близина кога сте надвор, нема да ја запалат?
А бидејќи ќе ја запалат, очигледно е дека и надвор ти ќе страдаш. Не викај не, демек на отворено, кога чадот пак ќе биде во твоја близина.
Епа ај ако не и надвор нека забранат.
Ако нема, тогаш убаво за вас. Можете да излезете на исто место со пушачи и да пукате сеир како мрзнат надвор.
Не знам која поента сакаш да докажеш со овој пример ама ајде одиме по твое.
- На отворено не бранам на никој... Се чуствува димот ама нема споредба концентрацијата на чад што се создава во затворен простор. Не работата дека јас не дозволувам ни да го почуствувам мирисот туку дека не сакам да бидам изложен на концентрација од дим во затворен простор.

Тебе никој од пушачите не ти ја збрцал цигарата во нос... Ама нив некој со сила им го втерува студот во коски.
И викаш пасивното пушење е многу полошо од реума и акутен бронхитис кој многу лесно може да се закачи.
Ова се би било во ред кога некој со сила би ги терал тие индивидуи да излагаат надвор. Некој на сила ги тера? Или самите излегуваат по свој избор?

Не мислиш дека соодветна вентилација е најефикасно решение? Или едноставно ти пречат луѓе различни од тебе.
Преиспитај си ги начините на кои размислуваш и колкав опсег на можности опфаќаш со нив.
Воопшто не ми сметаат луѓе различни од мене. Ми сметаат неуки, нападни и необзирни луѓе.
„Соодветна„ вентилација не е решението. Со самиот термин „соодветна„ и самиот признаваш дека „соодветна„ вентилација не значи и отсуство на дим туку само намалување.
Ама барем овој дел ти е едниственот конструктивен (според мене) во вечерашнава дискусија. Затоа ќе го повторам мојот предлог: Мали, воздушно издвоени и доборо вентилирани простории. Внатре во локалот (или фирмата) Необрзувачки, со одлука на газдата.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Воопшто не ми сметаат луѓе различни од мене. Ми сметаат неуки, нападни и необзирни луѓе.

Ама барем овој дел ти е едниственот конструктивен (според мене) во вечерашнава дискусија. Затоа ќе го повторам мојот предлог: Мали, воздушно издвоени и доборо вентилирани простории. Внатре во локалот (или фирмата) Необрзувачки, со одлука на газдата.
сироти во наводници, неконструктивни вакви такви... а бе не се препознаваш во „нападни и необзирни„? Огледалце нешо така ти се наоѓа по дома???:uvo:
држ коска.... ајде џеки сскај се.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Боже Господе, не си сакал да бидеш изложен на концентрација на дим во затворен простор. Излези во кафич со твоето друштво (кое патем не дознав дали пуши). Седи си со нив, ако се непушачи. Димот од оние од страна ќе биде исто како да седиш со непушачи надвор, на отворено. Пошто сепак оние кои се најблиску до тебе нема да ти чурат во лице.

Јас тебе да ти речам дека ќе ми платиш казна ако запалиш цигара во локалот, не е со сила нели? Туку е чисто законски принудување да мрзнеш надвор.

Ако ти сметаат неуки, нападни и необразовани луѓе тогаш комотно напушти си го ставот за исправноста на законот.

Кажав и јас поназад, ќе кажам и пак. Законов како закон можеби е добра идеја, ама кај нас е премногу дебилно реализирана.
И соодветна вентилација е вентилација која ќе ти овозможи проток на чист воздух постојано, додека работи локалот. А не само намалување на зачаденоста.
Не признавам јас ништо, тебе така ти одговара да прочиташ.
 
S

smart ass

Гостин
Ванлок....имаш ли осетено сулфур диоксид при нагло согорување т.е брза оксидација???

Јас ДА!!!

Буквално како нешто да ти влева и ТЕ ДЕРЕ од грлото последната ебана бронхија и тоа ужасно боли ненормална иритација(на внатрешен орган)....а потоа 2 недели ужасно те боли главата...( и тоа од некои 5 секунди изложеност)...

Нејсе тоа беше моја грешка-се случува..

Туку што правиме абе со овие што нарочито се Близу ОКТА....ма Грчките газди намерно бе не ставаат филтри беее...кој ќе ги казни?

П.С за топилницата.

Не се раѓаат ќопави деца даркхарт.

Евиденцијата покажува бетер-родени без мозок т.е шуплина во главата,па без....ај налет.

И не го контрираме ова загадување против ова...туку нели гледате дека штетноста од пасивното пушење е ХИПЕРБОЛИЗИРАНА!!!!!
Кој знае да живее здраво па макар пушач ил непушач ќе биде здрав адрвајз сте нездрав без разлика дали пушите цигари ил не.

П.С ОПштеството не НЕ САКААА:vozbud:

(ова за пушачите....уствари клоновите на гвујо не не сакаат).
Ајде сега иде сезона за по кафичи,летни шеми...кафич до вардар...ма и у водата(то у центар скопје)...па ајмо лиценци за дозволено пушење(исто ко за алкохол која мислам изнесува 20 000 евра).

Боже Господе, не си сакал да бидеш изложен на концентрација на дим во затворен простор.
Ванлок замешал некои работи-немаме концентрација...инстед ви хев ДИСПЕРЗИЈА.(ова уште од 7-мо одделение треба да го знаете).

Ми отиде постот па морам нов :)

Батко, знаеш сигурно колку лајна се праат ради алкохолот, не е тоа незагадување на соба со чад, но е многу повеќе. Срањето наречено алкохолизам е бааги озбилна работа (можда некој имал можност да види нервно на клиника или психијатриските болници како и што се дешава со алкохолизмот). А вон овие институции од тепање брачни другари и слични (улични, во кафеана) конфликти до разводи, немање можност за пород па и импотенција. Сходоно на твоите одговори за алкохолот, ако не пиеш нема да се испијаниш-ако не идеш у кафич нема да се задимиш...постојат млечни ресторани :)

80-ти до 85 број на жртви од сообраќајки негде околу 2000.

Денес над 8000...причина алкохол и непочитување прописи..сообраќајни.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
Ова го сметаш за иницијатива?? Фактот дека неколкумина ќе ги прочитат твоите постови? Ај донт тинк соу. Седни си на брашното веќе. Не ти држи муабетов.
Ок, ќе видиме кој ќе седне на брашното... не дека не почнаа да седнуваат... пардон, да излегуваат.

Не е 75% туку е 90%.
Ако седиш помалку на форум и малку повеќе гледаш вести ќе видиш што се случува.
Бројките на кафанџиите?
Аха да, им верувам... дека нивните банковни салда и имот се подебели од твојот болд.

сироти во наводници, неконструктивни вакви такви... а бе не се препознаваш во „нападни и необзирни„? Огледалце нешо така ти се наоѓа по дома???:uvo:
држ коска.... ајде џеки сскај се.
Не баш ама тебе те препознавам...

Батко, знаеш сигурно колку лајна се праат ради алкохолот, не е тоа незагадување на соба со чад, но е многу повеќе. Срањето наречено алкохолизам е бааги озбилна работа (можда некој имал можност да види нервно на клиника или психијатриските болници како и што се дешава со алкохолизмот). А вон овие институции од тепање брачни другари и слични (улични, во кафеана) конфликти до разводи, немање можност за пород па и импотенција. Сходоно на твоите одговори за алкохолот, ако не пиеш нема да се испијаниш-ако не идеш у кафич нема да се задимиш...постојат млечни ресторани :)
Се согласувам... освен за болдираното, кое во превод вели: Излегувањето и социјализацијата се за пушачите!

...башка што пред законов пушеа и во млечни ресторани а овој закон не ги третира проблемите со алкохолизмот.

Да искористам, да го прашам Ванлок (пошто веќе ме испраша за домашните) дали има домашни во семејството или браќа сестри, родител или други роднини (братучеди, вујковци, чичковци, кум...) пушачи и како постапува со нив кога ќе му се на гости или прослава. И како постапува кога тој оди на гости каде домашните се пушачи или на прослава каде нема стоп за пушењето????
Исклучоците се дел од правилата. Во ваквите пригоди кај мене дома не се пуши. И не од сега од законот туку одамна.
Кај друг дома каде што се пуши, чест правам онолку колку што е непоходно... кратко.

И зошто, доколку е поддржувач на заштита од топилница и сличните фабрики, сообраќајот скопски... не отвори тема, анкета, петиција...уотевер, да се бори као овде, со сите сили...против сите тие загадувања?
Не ги спомнував јас овие загадувачи, вие ги тегнете (како оправдување за пушење, замисли). Зошто не направете Вие тема, анкета, петиција...уотевер, а јас ќе дадам подршка.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Мене ме интересира дали по повод законот за забрана за пушење е зголемена посетеноста на форум кајгана?? :pos:
Ако луѓето стварно седат дома и помалку излагаат, ако не се дружат.. законов е многу штетен... А па не дај боже и само ТВ да гледаат...Бреинконтрол бе...
Daj nie da pripalime po edna - ostaj gi nek se zamaraat so zakonot i onaka krajot mu se blizhi

G

Giggles

Гостин
Ќе си седнеш и леб ќе месиш. По некое време ќе отвориме тема Падна законот за пушење, па се надеваме на натамошни дискусии и се разбира негативни ставови од твоја страна.
Благодарам.

Упатено кон Ванлок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom