Само за момент ќе одам малку вон овој закон-вон темава, но повторно поврзано со неа (заштита од пушење...за здравје на човекот).
Малку да се вклучам во темава,изиритиран од неколку постови во врска со субвенционирањето на тутунот,односно неговото производство.
Значи финансиски гледано,тутунот ни е вредносно најважниот производ пласиран на странските пазари.Има побарувачка,има заработка,и државата и голем број поединци остваруваат поголеми приходи од тоа.
Поради редуцирањето на неговата употреба,односно забраната за пушење на јавни места,повеќе од дискутантите тука исфрлија постови со несогласување за таквата експанзија во тутуно производството.
Сега мојата компарација,кои некои овдека многу ја милуваат.
Австралија е светски најголем извозник на јаглен.Истата земја е една од најпогодените од климатските промени,инвестира во обновливи извори на енергија,и ја редуцира употребата на јаглен.Дали сега истата земја,поради тоа што на домашен терен ја намалила употребата на јаглен,треба да го рестриктира неговото производство и извозот на
истиот?!
Се извинувам за малата дигресија од темава,ама овоа не е првиот случај,сигурно не и последен.
Споредбите со субвенции за тутун се несоодветни пошто споредба може да се прави и со производство на акумулатори или слични производи (споменавме топилница, но наводно не требало да се прават такви споредби
-некому не одговара) кои во крајна линија ја загрозуваат човековата околина.
Се работи (ако не те мрзи да прочиташ) ова
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3220110&postcount=786
http://lymec.org/index.php?name=News&file=article&sid=601
Има млади луѓе кои размислуваат пошироко во однос на овој дел од економијата. Се работи за CAP, на кој ние одамна (барем на хартија) се повикуваме. Има и други критики и слабости овој систем, но ептен ќе одам во крајности со дискусијава.
Ако забележиш, CAP има одредени цели, а парите кои им се исплаќаат на земјоделците се само дел од тие земјоделски политики. Можеби работиш со CAP или си економист, тогаш знаеш сигурно доста за оваа проблематика.
- to increase productivity, by promoting technical progress and ensuring the optimum use of the factors of production, in particular labour;
- to ensure a fair standard of living for the agricultural Community;
- to stabilise markets;
- to secure availability of supplies;
- to provide consumers with food at reasonable prices.
За опстанок на земјоделците, имаше некои земји (конкретно за тутунопроизводителите во САД, но не сум сигурен во која држава) примери на исплата за НЕ-производство на одредени култури. Значи поддршка, но не по цена на исплата за производство туку и за непроизводство на култури.
Улогата му е многу значајна, со него (примарно производство) директно се издржуваат околу 30000 фамилии. Големи се сумите од профитот, учеството во извозот, ГДП...да не должам, не е тема...на овој производ.
Но како што го укинаа афинопроизводството (од кое исто така се издржуваа голем број фамилии и имаше одлични профити и од него), може да се укине (намали, да не се стимулира пораст) и тутунопроизводството.
И ако забележиш (што е исто апсурд, а против кое се бори горенаведената организација) од сите субвенционирани производи,
едино тутунот се користи за производ кој директно "загрозува" човечки живот, а истовремено се забранува за користење скоро секаде освен дома. Доколку се загрижени за здравјето, би требало да НЕ поттикнуваат и заштитуваат производство на суровина за производство на отровен и многу опасен производ. Пак доаѓаме до истата апсурдна ситуација.
Марухуаната не е легална, ниту производите од афион.
Марихуаната...Холандија не смеело цигара од тутун, но смеело марихуана, доколку не е помешана со тутун, па ти види сега што е точно забрането.
А афионот...некои држави се подготвуваат да банираат тутунски цигари не само во јавни простории туку насекаде, а тоа е исто како и за производи од афион. Зошто според ЦАП сеуште тутунот се субвенционира и поттикнува неговото производство...истото се прашуваат и оние од LYMEC.
BTW, откупени се вели 22000 тони тутун по просек цена од 192 денари па сега...видете колку пари се даваат за нашето здравје...и профитот.