Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.721
- Поени од реакции
- 33.967
Секако дека последиците од нов закон треба да се предвидат. Всушност јас лично мислам дека последиците се и поентата зашто се носат вакви закони во светот. Последиците врз здравјето кои потоа прават значајни последици од социолошки и економски аспект (нормално во медицинскиот сектор). Последиците врз пушачите се само незначајни последици врз нивниот комфор.Кога се носи закон или менува некој член, нели треба да се види и за можни последици од таа измена од социолошки и економски аспект?
Кога се реагира на некоја измена (како што стои и темата), нели треба да се погледне малку пошироко од она што само за ЈАС значи таа измена?
А ако веќе треба да гледаме надвор од гледната точка на сопствениот интерес, каде беа пушачите пред законов? Дали еднач некој рекол: Ајде да направиме компромис!
На страна тоа, кога ќе се сумира што кој загубил а што кој добил... ајде бидете објективни и одговорете на следнато прашање без лицемерие, дирекно и искрено: Како може, во глобални рамки, нечиј комфор да биде поважен нечие здравје?
Споредбата со другите закони, кажана во овој контекст и во пошироки рамки е во ред. Она што не е во ред е да другите нерешени проблеми да се искористуваат како алиби за да не реши и овој проблем. Ниту пак целта на овој закон е да го спаси човекот од сите загадувачи. Целното влијание на овој закон е загадувањето од тутунски дим и тоа пред се во затворени јавни простори.Мене исто ми смрделе алишта, исто сум имал проблем со очи (и дишење), иако сум пушач...не сум имун на димот. Но од една крајност во друга, тоа е реакцијата кај повеќето од луѓето. Оние кои го пишувале можеби прошетале низ другите земји, но виделе само тоа што ним им било прикладно, а не и на општеството во целина.
И зошто спомнуваме други извори на загадување. Затоа што реакциите и на други закони се слични, ги споредуваме со тоа дали се применува и колку тоа ќе придонесе за подобра околина. А ова е сегмент од целокупната заштита на здравјето на човекот во кое влегува и фирми загадувачи, отпад, отпадни води, сега поново и складирање на нуклеарен отпад. Не можеш ти да издвоиш еден сегмент и да кажеш дека ете сме успеале да го спасиме човекот од болестите на загадувањето. Комплетно и комплексно решение е потребно, инаку личиме на про форме театар.
Ова е веќе сосема друга тема.Глупо ми е што на се сакаме да наликуваме на тој проклет запад со обезличување на сета традиција (па нека е и порок, не е подобар од порокот марихуана или алкохолизам) и шареноликост од балканите. И што више ретко се наоѓа и обично, балканско кафе. Не сме ладни луѓе, не сме Шведска и Британија, од балканот сме, а тоа е добро.
Во секој случај секаква традиција може да оди поѓаволите ако го нарушува здравјето на сите во оваква мера.
Види, законот не не разликува кои од нас се пушачи а кои непушачи. Важи за сите и има за цел да ги заштити сите. Тоа што ти на пример не сакаш да те заштити, тоа веќе е твој став и твој проблем.Да додадам, овој закон се вика како знам "за заштита од пушење", но покрај непушачите од пушење не заштитуваат (на јавни места/простории) и нас пушачите (апсурд).
Како поткрепа на овој закон, а контра реакциите на љубителите на балканската традиција кафе и цигара доаѓаат многу написи и колумни, а истовремено еден доктор дава предлог законот да се измени. Доктор кој знае повеќе за ова од здравствен аспект.
Дали некој се консултирал со социолози (социолошка појава), психолози (психата игра важна улога), психијатри (зависност), економистите (ефектите во стопанските и нестопански гранки)...во врска со донесување на законот и начинот и условите на уредување на членовите од законот? Тешко, "тие" се си знаат и без стручни лица.
Или накратко од ова погоре, ова е чиста зае*анција на народ, дупат та дури растураат со вакви апсурди. Ко да сме лепрозни мајку му.
Инаку „докторот„ кој го спомнуваш, пред се е политичар а потоа се друго...