Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
@Сите (a највише за Тамарче i Strasniot)

Дами и господа.

Можете да се чудите на мојата упорност да пишувам за законов колку ви е волја. Исто можете и да навредувате колку ви е волја и да го искористувате начинот на кој е модерирана темава за да се препукувате со мене или било кој што не ви го дели искривеното гледиште дека е во ред да им наштетувате на сите окулу вас со вашиот чад. Тоа што ве има неколку што сте упорни во трескање небулози, без никакви аргументи... тоа не значи дека вие, дами и господа, сте во право. Па уште некои од вас се декларирате како непушачи што ете само понекогаш сте палеле по некоја, и ете Вие како „непушачи„ исто сте го застапувале „ставот на пушачите„ па затоа кој сум бил јас Вам да ви го солам умот...

Ве интересира колку ви го застапуваат ставот?
Видете во анкетава на форумов.
Јас лично мислам дека вистинската бројка не е ни 66% непушачи спрема 33% пушачи...

Што не е ни битно, дами и господа, затоа што, прво законот вели дека не сте во право а второ ниту еден од вас нема други аргументи во дискусијава освен варијантите од: „имало толку други здравствено-еколошки проблеми нерешени, па зашто за пушењето се фатиле овие„ или „ма само сака владата пари да собере„... што впрочем и не се никакви аргументи во дускусија за закон што треба да заштити од последици од пушење.

Тоа ви е, дами и господа, само плачење на зависници на кои им е нарушен комфорот.

Продолжете.

Ќе продолжам и јас... барем додека на некој одговорните за ред и мир не се сети дека во темава поголемиот дел од учесниците не дискутираат туку се препукуваат на прилично ниско ниво.

П.С. Секоја чест на некои како Лурц, Принц и уште малкумина што понекогаш барем се обидуваат да започнат нешто личи на дискусија. Другите сте дојдени да навивате како да сте на стадион а не на дискусија на форум. А искрено и јазикот што го употребувате не ви е поразличен од оној што се слуша на стадион.

П.П.С. Владе, се откажувам брат, ти не сакаш некој да ти објасни... ти сакаш сам да си објасниш нешто ама не ти е јасно баш што. Ама жив и здрав да си, неколку пати ме насмеаја твоиве (искрени) постови.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
@Сите (a највише за Тамарче i Strasniot)

Дами и господа.

......
Сега сум 100% сигурен дека си некаков политичар, е сега омладина, подмладок ли не те знам. Многу пишиш ама малку напишуваш. Сите се глупи и не разбираат само ти ја разбра суштината на законот.
Ја викам да му ја оставиме темава на човекот да вежба за изборите а другиве да идеме на друга тема.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Дами и господа.
Не е за чудење тоа што си го браниш ставот и сакаш да го истераш до крај.
Нашето искривено гледиште си го утнал сосема затоа што ние не мислиме дека е во ред да им наштетуваме на другите со нашиот чад-нас искрено(барем мене) не ни е гајле исто како што на вас не ви е гајле за нашето здравје и исто како што на доносителот на законов не му е гајле за заштитата на нашето здравје.Да,така гласи законот само штета што ти упорно веруваш во насловот а не ги гледаш дупките кои произлегуваат од него.

Ако ми кажеш дека ти сметаат цигарите секако дека нема да запалам пред тебе,но сепак се работи тогаш за една индивидуа и да тогаш можам да се стрпам за една цигара ама не можам јас драг пријателе да берам гајле за стотина души у кафич или у диксотека и да мислам на нивното здравје и за секого поединечно.

Ако веќе има искривени гледишта вие откако се донесе законов стварно се искрививте у секоја негативна смисла на зборот.Испаднавте лицемери шо као демек сте не трпеле дури немало закон(зашо тогаш самите не покренавте иницијатива за донесување на закон да ве заштитат?) и сте ќутеле и после законов сите добивте сила,почнавте да ги триете рацете и да ви течат лиги од задоволство,демек конечно некој се сетил и на вас,сеа за се ќе им вратите на пушачите.Жално што ве прелажаа,искрено не му се замарам многу на законов ама ве жалам зашто мислите дека е за ваше добро.Испаднавте себични до немајкаде затоа што вие сега ги имате сите права а ние ниту едно,е затоа законов нема никаква смисла.Ипак сме луѓе-ако сме пушачи,не сме ѕверови симнати од планина па сега да не камшикувате тука и да не учите на ред :wink:.

Ни ти не си во право.Во право е само оној што ќе се согласи дека мора и двете страни да бидат задоволени(а тоа што едната страна ќе измрзнува надвор ко последен бездомник само затоа што решила да пуши не е задоволување) а тоа е можно само со поделба на локалите или отварање на локали за пушачи и локали за непушачи.
Не знам што си се фатил толку за анкетава...ја еве сега првпат ја запазив па пак не гласав,не ми се сака.Тоа што имало поише непушачи желни да кликнат на некоја опција не значи дека стварно сте побројни иако не знам што е толку важно колку ве има...сите водечки статистики низ светов ги праиме ние-пушачите на овој или на оној начин ако веќе се препуцаваме на анкети.

Очигледно е дека го љубиш законот и си го сфатил ко Оче Наш,уште еднаш ќе ти кажам дека законот не е донесен ниту за мене ниту за тебе,си има своја позадина и намера која сигурно не е заштита на здравјето на граѓаните,ама ако читај си го секоја вечер пред спиење можеби ќе навлезеш во суштината и ќе видиш како стојат работите.

Не знам какви аргументи бараш од пушачите? Сакаш да ти кажам зашто сакам да пушам? Твојот единствен и најсилен аргумент е здравјето...е шо праиме сега кога јас ти викам дека мене не ми е гајле за здравјето,убаво ми е да пушам,ми причинува задоволство,а за твоето здравје и здравјето на другите пишав погоре.
Еве сега зима е,ама во лето кога ќе седиш на терасите пак чадот ќе доаѓа до тебе и шо ќе праиш тогаш?

Еве ти аргумент: страсните пушачи се попродуктивни работници,а сега со забраната им се скратува правото и се фрустрираат и не можат да ги извршуваат работните обврски затоа што цигарата(колку чудно и смешно би ти изгледало) им го намалува стресот и ги прави поподготвени за работа.
Не е грдо да се биде пушач на работа,грдо е да мораш да се извлекуваш од презентација за да запалиш цигара за да можеш да се сконцентрираш.

Да,нарушен ми е комфортот зашто барем јас не ги терав непушачите кои биле со мене во друштво да излезат надвор и да мрзнат за да запалам цигара.Сум била толерантна и сум издржала така барам сега и вие да издржувате барем во поделени простории.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
ne mi e jasno kako nekoj ne ja gleda diskriminacijata vo ovoj zakon koja se gleda mnogu cisto i jasno . :tapp:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
...законот како таков не води сметка за здравјето на сите туку само на некој и со тоа неговата сама основа или корен се лажни и тоа го прави дискриминирачки.значи на законодавачот не му е гајле за здравјето туку сака да дисциплинира или да дискриминира одредена група на сметка на друга , што значи самиот корен на законот здравјето е лага и со тоа го прави овој закон лош...
Владе ајде да тргнеме од тесктот на законот.

Дали законот вели:
а. „пушачите не смеаат да пушат во јавни објекти„?
Дали вели:
б. „непушачите смеаат да пушат во јавни објекти„?
или можеби:
ц. „Граѓаните не смеаат да пушат во јавни објекти„?

Ако не погоди сам, точниот одговор е ц.

Тоа е едно. За дискриминаторниот аспект, ти брат со цигара си роден во уста? Или си роден без цигара, па подоцна самиот си одлучил дека сакаш да конзумираш тутун?
Ме разбираш ли зошто навистина не знам како поедноставно да ти објаснам. Со тоа што се забранува да се пуши во јавни објекти, не се крши ниедно загарантирано човеково право. Немој да ми веруваш мене, го имаш уставот и сите закони онлајн, прочитај сам...

Нигде нема дел каде што вели граѓаните имаат право да ги трујат со тутунски чад другите граѓани во јавни објекти. Ниту некогаш било каде го пишувало тоа.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Нигде нема дел каде што вели граѓаните имаат право да ги трујат со тутунски чад другите граѓани во јавни објекти. Ниту некогаш било каде го пишувало тоа.
Па проблемот е што нигде нема одредба каде пишува дека може да си пушат на танане во било кој јавен објект, доколку се исполнети сите услови за да не ги трујат другите граѓани во јавни објекти.

Исто така, проблем е што нема одредба за угостителски објекти кај што по избор кој сака може да се труе и да биде труен. Фино лепо, на влез обележан објект кај што се пуши. Ако нејкеш да се труеш, не влегувај.

Недостасува основно право на избор.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Па проблемот е што нигде нема одредба каде пишува дека може да си пушат на танане во било кој јавен објект, доколку се исполнети сите услови за да не ги трујат другите граѓани во јавни објекти.
Точно, тоа и јас го велам, нема одредба дека може да се пуши во јавни објекти.
А инаку, кое е твоето мислење за тоа кои би биле тие услови...?

ne mi e jasno kako nekoj ne ja gleda diskriminacijata vo ovoj zakon koja se gleda mnogu cisto i jasno . :tapp:
Ти го гледаш само тоа што сакаш да го видиш и потоа се чудиш зошто сите не го гледаат тоа што ти го гледаш.
Зошто не го прочиташ законот, потоа можеш да погледаш и дефиниција за зборот дискриминација...
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Точно, тоа и јас го велам, нема одредба дека може да се пуши во јавни објекти.
А инаку, кое е твоето мислење за тоа кои би биле тие услови...?
Ресторан, кафуле, со физички оддвоени простории за пушачи и непушачи. Секој да има избор, а притоа да не му го загрозува здравјето на другиот.

Просторија за пушење во фирми, каде пушачите ќе може да испушат цигара како луѓе без да го загрозат здравјето на други луѓе, па и своето здравје со пушење надвор на температура под нула, како казнена експедиција.

Може купче примери да се дадат, кои можат да функционираат во пракса, ако навистина поентата е заштита на здравјето на непушачите.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
Владе ајде да тргнеме од тесктот на законот.

Дали законот вели:
а. „пушачите не смеаат да пушат во јавни објекти„?
Дали вели:
б. „непушачите смеаат да пушат во јавни објекти„?
или можеби:
ц. „Граѓаните не смеаат да пушат во јавни објекти„?

Ако не погоди сам, точниот одговор е ц.

Тоа е едно. За дискриминаторниот аспект, ти брат со цигара си роден во уста? Или си роден без цигара, па подоцна самиот си одлучил дека сакаш да конзумираш тутун?
Ме разбираш ли зошто навистина не знам како поедноставно да ти објаснам. Со тоа што се забранува да се пуши во јавни објекти, не се крши ниедно загарантирано човеково право. Немој да ми веруваш мене, го имаш уставот и сите закони онлајн, прочитај сам...

Нигде нема дел каде што вели граѓаните имаат право да ги трујат со тутунски чад другите граѓани во јавни објекти. Ниту некогаш било каде го пишувало тоа.
да ја продожам дискусијата со тебе во врска со ова станува во најмала рака смешно ако не и трагично.сега или нејкиш да сватиш или не можеш да сватиш или роден си за инает не е ни битно толку во моментот.напиша неколку страници или ете се потруди да дадеш одговор на нешто што воопшто не те ни прашав.сега ако очигледно незнаеш не ти одговара или нејкеш да одговориш не ги замарај другите на форумот.сепак прашањето не се однесуваше стриктно на тебе туку на било кој кој мисли дека може да одговори а не само да пополнува страници без везе.остваиму шанса на некој друг можеби и ке го свати прашањето кое го поставив, мада се уште мислам дека воопштоо не беше тешко за онај кој сака да го одговри.
а ако зборуваме за дискриминација сигурно на ова прашање радо и моментално и ти лично ке ми одговориш чисто за да ме увериш дека си веруваш во тоа што го пишуваш или да не речам мислиш со своја глава и не си тука само за инает.
кажими само дали пред 1 јануари ти се чуствуваше дискриминиран и ако се чуствуваше кажими зошто??
одговор на претходните постови не барам не дека не сум задоволен од одговорот или сакам нешто од тебе да слушнам туку дека едноставно јас те прашвам за баби ти ми одговараш за жаби.затоа последното прашање е многу директно и недвослислено за пак да не залеташ некаде
 
Владе, ако сакаш за законов да го напишам тоа што ти очигледно сакаш да го чуеш... нема да го добиеш тоа. Сите дилеми ти ги образложив сосема јасно, а ти повторно ги поставуваш истите прашања без многу да коментираш на одговореното.

Не е вистина дека ти водам инат, препрочитај ги постовите кон тебе и ќе видиш дека сите се сосема јасни и во чист контекст на темата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
не го ни барам сега тоа од тебе повеке, ама за последното прашање би сакал да ми одговориш ако не ти преставува некој поголем пробем.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Конечно некој што е вреден за дискусија. :smir:

Не е за чудење тоа што си го браниш ставот и сакаш да го истераш до крај.
Нашето искривено гледиште си го утнал сосема затоа што ние не мислиме дека е во ред да им наштетуваме на другите со нашиот чад-нас искрено(барем мене) не ни е гајле исто како што на вас не ви е гајле за нашето здравје и исто како што на доносителот на законов не му е гајле за заштитата на нашето здравје.Да,така гласи законот само штета што ти упорно веруваш во насловот а не ги гледаш дупките кои произлегуваат од него.
Искрено. Што се разбира е убаво да се прочита... ако за ништо друго тогаш за промена во однос на сите други неискрености присутни овде.
Јас би додал само едно, на нас непушачите и не ни е толку гајле кои се евентуалните скриени мотиви на донесувачот на законот. Ниту евентуалните дупки. Немаме потреба за такво нешто, конечно е донесен закон што го штити здравјето од последици од пушењето.

Ако ми кажеш дека ти сметаат цигарите секако дека нема да запалам пред тебе,но сепак се работи тогаш за една индивидуа и да тогаш можам да се стрпам за една цигара ама не можам јас драг пријателе да берам гајле за стотина души у кафич или у диксотека и да мислам на нивното здравје и за секого поединечно.
Повторно искрено... каде беше до сега? :)
Види, за разлика од тебе државата има уставно право и обврска да се грижи за здравјето на граѓаните. Мислам на државата како поим, не на луѓето што сега стојат зад поимот власт во државата. Не сакам да навлегувам колку државата го практикува тоа на другите полиња на заштита на животната околина (зошто и не го практикува многу) туку сакам да се задржам на областа што ја третира овој закон за кој дискутираме.

Ако веќе има искривени гледишта вие откако се донесе законов стварно се искрививте у секоја негативна смисла на зборот.Испаднавте лицемери шо као демек сте не трпеле дури немало закон(зашо тогаш самите не покренавте иницијатива за донесување на закон да ве заштитат?) и сте ќутеле и после законов сите добивте сила,почнавте да ги триете рацете и да ви течат лиги од задоволство,демек конечно некој се сетил и на вас,сеа за се ќе им вратите на пушачите.Жално што ве прелажаа,искрено не му се замарам многу на законов ама ве жалам зашто мислите дека е за ваше добро.Испаднавте себични до немајкаде затоа што вие сега ги имате сите права а ние ниту едно,е затоа законов нема никаква смисла.Ипак сме луѓе-ако сме пушачи,не сме ѕверови симнати од планина па сега да не камшикувате тука и да не учите на ред .
Го разбирам чудењето а исто така и отпорот што секој природно би го чуствувал кога некој ќе му го наруши комфорот.
За мене лично, јас никогаш не сум ќутел. А зошто поголемиот дел од другите не биле активни во изразувањето на несогласувањето...? Не знам, балкански менталитет препоставувам. За луѓево наши не мора да збориме многу, на било каква иницијатива ќе се појават 5% од засегнатите. Сите сакаат друг да им ги реши проблемите.
Исто е и со пушачите. Нека направи некој иницијатива за измена на законот преку јавен собир, протест или што и да е... ќе видиш колку ќе се појават. Типичен пример ти е протестот на кафанџиите неодамна.
Go with the flow или ефектот на стадото... не знам зошто тоа толку те чуди.

Ни ти не си во право.Во право е само оној што ќе се согласи дека мора и двете страни да бидат задоволени(а тоа што едната страна ќе измрзнува надвор ко последен бездомник само затоа што решила да пуши не е задоволување) а тоа е можно само со поделба на локалите или отварање на локали за пушачи и локали за непушачи.
Не знам што си се фатил толку за анкетава...ја еве сега првпат ја запазив па пак не гласав,не ми се сака.Тоа што имало поише непушачи желни да кликнат на некоја опција не значи дека стварно сте побројни иако не знам што е толку важно колку ве има...сите водечки статистики низ светов ги праиме ние-пушачите на овој или на оној начин ако веќе се препуцаваме на анкети.
Тука, окулу тоа кој е во мнозинство не се согласуваме а не се согласуваме ни за тоа дека со здравјето може да се прави компромис.
За поделба на локалите на пушачки и непушачки нема да разговараме додека не дадеш конкретен предлог како мислиш дека тоа може да фунционира. Јас се обидов и се што успеав беше да предвидам нерешлив правен јазол.

Очигледно е дека го љубиш законот и си го сфатил ко Оче Наш,уште еднаш ќе ти кажам дека законот не е донесен ниту за мене ниту за тебе,си има своја позадина и намера која сигурно не е заштита на здравјето на граѓаните,ама ако читај си го секоја вечер пред спиење можеби ќе навлезеш во суштината и ќе видиш како стојат работите.
Обиди се да ја видиш ситуацијата од моја гледна точка и ќе сфатиш дека јас немам потреба во законот да гледам било што друго освен тоа дека го штити здравјето.

Не знам какви аргументи бараш од пушачите? Сакаш да ти кажам зашто сакам да пушам? Твојот единствен и најсилен аргумент е здравјето...е шо праиме сега кога јас ти викам дека мене не ми е гајле за здравјето,убаво ми е да пушам,ми причинува задоволство,а за твоето здравје и здравјето на другите пишав погоре.
Еве сега зима е,ама во лето кога ќе седиш на терасите пак чадот ќе доаѓа до тебе и шо ќе праиш тогаш?
Има ли посилен и подобар аргумент од здравјето?
Во ред е да имаш право го одбереш задоволството пред здравјето.
Не во ред истото тоа да го одбереш наместо мене. Јас имам право да го одберам здравјето.
И додека сме тука немаш ни право да одбереш за мене каде ќе излегувам, со тоа што пола или повеќе од локалите ќе станат „пушачки„.

Еве ти аргумент: страсните пушачи се попродуктивни работници,а сега со забраната им се скратува правото и се фрустрираат и не можат да ги извршуваат работните обврски затоа што цигарата(колку чудно и смешно би ти изгледало) им го намалува стресот и ги прави поподготвени за работа.
Не е грдо да се биде пушач на работа,грдо е да мораш да се извлекуваш од презентација за да запалиш цигара за да можеш да се сконцентрираш.
Тоа не валиден аргумент. Треба ли да им дадеме и ливчиња од кока да џвакаат за да се „сконцентрираат„ повеќе? (без намера да правам диреткна споредба, само ја нагласувам поентата)
Прочитај го работниот договор, никаде нема да прочиташ дека ти следува време и посебно место за пушење. Имаш право на пауза во времетрање одредено со законот.

Да,нарушен ми е комфортот зашто барем јас не ги терав непушачите кои биле со мене во друштво да излезат надвор и да мрзнат за да запалам цигара.Сум била толерантна и сум издржала така барам сега и вие да издржувате барем во поделени простории.
Проблемот е што кога би се сложиле (ние непушачите), не би се согласиле само на нарушување на комфорот, туку би се согласиле на нарушување на здравјето.

И за крај, затоа што спомна „поделени простории„ дозволи ми да ти го илустрирам проблемот преку вицот што наводно го кажал Трендо.
Трендо напиша:
Го поделиле базенот на пола со плутачка лента. Пола базен демонстративно го декларирале забранет за мочање. Во другата половина, нели за да има толеранција, дозволиле да се моча.
Сакаш да се бањаш во базенот? :wink:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Здравјето па здравјето па здравјето...ебаго..веќе оток стана...

Оди во кругот на клинички па види колку државата се грижи за твоето здравје, ем неможе да се пројде од возила (таа тесната уличка е изгледа најфрекфентната улица во Скопје) ем се смрди море бзди на бензин....а пази таму болни луѓе лежат...

Ебате беља......попрво ќе навлечеш некоја болештина од другите ѓубриња што по цел ден ги вдишуваш, јадеш и пиеш неголи од тоа малку дим што несакајки ќе го вдишеш во некое локалче.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
И јас можам за тебе да кажам дека си оток... си запнал за други проблеми а ние овде збориме за заштита од последици од пушење. А тоа „малку дим во некое локалче„ е всушност многу дим на мало место, 1000000 пати по концентрирано од другите ѓубриња што ги наведуваш. Јас сум и против тие ѓубриња, ти не си против сите ѓубриња?

@Владе
Да одговорам на што? Како се чувствував пред да се донесе законов...?
Обесправен. Ако сакав да не дишам тутунски чад единствен избор ми беше да не одам во локали. Што не значи дека не одев. Нормално желбата да се дружам со млади и промискуитетни госпоѓици секогаш беше појака...

На работа беше уште полошо. За тоа немав ама баш никаков избор, ако за кафич можам и да се заинатам и да бојкотирам (како Принц на пример) на работа морам да одам... Од колегите инаку само неколку пушат ама пушат повеќе од било кој друг што го знам... некои и по две-три пакла. Цигара за цигара, швајц апарат...
Со ретко кој од нив имаше разбирање. Разговор, замолување... џабе, олд скул комуњарски типови некои од нив се. И после законот (оној првиот, пред некоја година) даваа отпор... тек после неколки казни се научија. Сеа како попчиња си излегуваат надвор. Престанаа и да мрморат кога излегуваат.

Сега да ти одговорам и на следното прашање што ќе го поставиш...
Не ти не си сега во иста ситуација. Ако јас го имав изборот да одам во кафана или не, односно за работа немав никаков избор... ти имаш избор да правиш што сакаш. Само треба на минута да излезеш пред врата и за да не му сметаш на никој... Ја гледаш разликата?

Ресторан, кафуле, со физички оддвоени простории за пушачи и непушачи. Секој да има избор, а притоа да не му го загрозува здравјето на другиот.

Просторија за пушење во фирми, каде пушачите ќе може да испушат цигара како луѓе без да го загрозат здравјето на други луѓе, па и своето здравје со пушење надвор на температура под нула, како казнена експедиција.
- Просторија за пушење во фирми... звучи ок, но без обврска кон фирмите. Доколку газдата се сложи ок инаку зошто се должни компаниите да имаат екстра трошок за преуредување (или градење) на постории за да удоволат на потреба од зависност?

- Физички одвоени мали простории за пушење, херметички изолирани и по можност со посебен влез (значи без можност димот да преоѓа во главната просторија)... ова е разумен компромис, по услов строго да бидат дефинирани спецификациите кои мора да ги исполнат ваквите простории. Повторно, без обврска кон локалите, односно со одлука на газдата. Вакви решенија сум видел на неколку аеродроми.
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
@Сите (a највише за Тамарче i Strasniot)

Дами и господа.

Можете да се чудите на мојата упорност да пишувам за законов колку ви е волја. Исто можете и да навредувате колку ви е волја и да го искористувате начинот на кој е модерирана темава за да се препукувате со мене или било кој што не ви го дели искривеното гледиште дека е во ред да им наштетувате на сите окулу вас со вашиот чад. Тоа што ве има неколку што сте упорни во трескање небулози, без никакви аргументи... тоа не значи дека вие, дами и господа, сте во право. Па уште некои од вас се декларирате како непушачи што ете само понекогаш сте палеле по некоја, и ете Вие како „непушачи„ исто сте го застапувале „ставот на пушачите„ па затоа кој сум бил јас Вам да ви го солам умот...
Драг Господине,

Да го искористуваме начинот на кој што е модерирана темава?
Добро бе, ако дискутираме за тоа колку дупки има законов и за тоа колку други работи прво треба да се средат, и за тоа колку вие непушачите „се грижите“ за вашето здравје (од цигарите, а се` друго е валкано и гнасно околу вас), тогаш е бегање од темата?

И воопшто не реков, барем не јас, дека ти ни солиш памет. Само прашав дали во нас 20 души кои моментално пишуваме на темава, а неколку од нив се непушачи, дали во нас е проблемот, или е во тебе?

Знаеш, не може 20 души (меѓу кои и луѓе кои не пушат, значи објективно гледаат на законов) да не се во право, и упорно да зборуваат и да докажуваат, а ти еден, да бидеш за се` во право.
Едноставно, така не функционираат работите.
Ако е една личност со која не можеш да излезиш на крај, во ред, ќе се прифати дека не е во право и дека зборува глупости. Ама 20 души ти го зборуваат истото шо Аннабел го кажа (во еден така смирен пост, без нервози), ние сите десет страни наназад ти го зборуваме.
Сите работи кои ги наброив се поврзани со темата. Друга работа е тоа што тебе не ти одговара да дискутираш на тоа и затоа велиш сите да се држиме кон неа.

Ве интересира колку ви го застапуваат ставот?
Видете во анкетава на форумов.
Јас лично мислам дека вистинската бројка не е ни 66% непушачи спрема 33% пушачи...
Не мора да коментирам, Анабел совршено ти кажа.

Што не е ни битно, дами и господа, затоа што, прво законот вели дека не сте во право а второ ниту еден од вас нема други аргументи во дискусијава освен варијантите од: „имало толку други здравствено-еколошки проблеми нерешени, па зашто за пушењето се фатиле овие„ или „ма само сака владата пари да собере„... што впрочем и не се никакви аргументи во дускусија за закон што треба да заштити од последици од пушење.
Значи по твојот муабет, до досегашното постоење на Македонија пушачите беа во право, и од 1 јануари сега непушачите се во право?

И за аргументите молим те не зборувај. Тие се ите како аргументи кои држат вода, само што ти не сакаш да ги прифатиш.

Би ја сфатила целта на законот во држава каде што се` друго е средено, па ајде дојде време и да се реши проблемот со цигарите.

Ама ова, ова го нема нигде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom