Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.771
- Поени од реакции
- 34.028
@Сите (a највише за Тамарче i Strasniot)
Дами и господа.
Можете да се чудите на мојата упорност да пишувам за законов колку ви е волја. Исто можете и да навредувате колку ви е волја и да го искористувате начинот на кој е модерирана темава за да се препукувате со мене или било кој што не ви го дели искривеното гледиште дека е во ред да им наштетувате на сите окулу вас со вашиот чад. Тоа што ве има неколку што сте упорни во трескање небулози, без никакви аргументи... тоа не значи дека вие, дами и господа, сте во право. Па уште некои од вас се декларирате како непушачи што ете само понекогаш сте палеле по некоја, и ете Вие како „непушачи„ исто сте го застапувале „ставот на пушачите„ па затоа кој сум бил јас Вам да ви го солам умот...
Ве интересира колку ви го застапуваат ставот?
Видете во анкетава на форумов.
Јас лично мислам дека вистинската бројка не е ни 66% непушачи спрема 33% пушачи...
Што не е ни битно, дами и господа, затоа што, прво законот вели дека не сте во право а второ ниту еден од вас нема други аргументи во дискусијава освен варијантите од: „имало толку други здравствено-еколошки проблеми нерешени, па зашто за пушењето се фатиле овие„ или „ма само сака владата пари да собере„... што впрочем и не се никакви аргументи во дускусија за закон што треба да заштити од последици од пушење.
Тоа ви е, дами и господа, само плачење на зависници на кои им е нарушен комфорот.
Продолжете.
Ќе продолжам и јас... барем додека на некој одговорните за ред и мир не се сети дека во темава поголемиот дел од учесниците не дискутираат туку се препукуваат на прилично ниско ниво.
П.С. Секоја чест на некои како Лурц, Принц и уште малкумина што понекогаш барем се обидуваат да започнат нешто личи на дискусија. Другите сте дојдени да навивате како да сте на стадион а не на дискусија на форум. А искрено и јазикот што го употребувате не ви е поразличен од оној што се слуша на стадион.
П.П.С. Владе, се откажувам брат, ти не сакаш некој да ти објасни... ти сакаш сам да си објасниш нешто ама не ти е јасно баш што. Ама жив и здрав да си, неколку пати ме насмеаја твоиве (искрени) постови.