Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

UTD

@%^&
Член од
9 јануари 2010
Мислења
22
Поени од реакции
1
И, што е тука лошото?

На темата.
Се надевам дека ќе падне законов. И се надевам дека сите ќе сфатат колку е глупаво ова со летните тераси што го воведоа.
Преку к*уров ми е веќе кога одам некаде да не можам да влезам од причина што гужвата пред врата е огромна. Уште помутаво ми е кога ќе успеам да се протнам низ толпата, да влезам внатре и да најдам 2 без 3 како седат на сосем различни страни.
А највеќе ме нервира што нема можност за опуштање и уживање.
Дека сè уште луѓето излагаат и по кафичи и по дискотеки - излагаат.
Ама дека е тапа на секои 15 минути да одат надвор на цигара - тапа е.
Едноставно, правото на слобода на избор мора да биде загарантирано. А со овој закон и те како е прекршено.
Доколку не е штетно по здравјето, а се укинува, тогаш нешто не е во ред. Овде се заштитуваат правата на непушачите и не гледам ништо спорно.
Знам дека ние сме катастрофа народ со катастрофа менталитет и гледаме само нас да ни одговара, другиот кој го *бе ама тоа е.
Јас сум за тоа да има модификации и да може да се пуши на летни тераси и на отворено, другово е ок!
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728

На непушачот не му е скратено правото да избере дали ќе излезе со пушачко или непушачко друштво. Ама затоа на пушачот му е скратен и тој избор.
 
UTD

@%^&
Член од
9 јануари 2010
Мислења
22
Поени од реакции
1
На непушачот не му е скратено правото да избере дали ќе излезе со пушачко или непушачко друштво. Ама затоа на пушачот му е скратен и тој избор.
Зошто да е кратен тој избор, ќе излезиш и во зависност од ситуацијата или ќе пушиш или не.
Односно извини, мора да пушиш и во двете друштва, важно ти да си ја земиш дозата која ти го продолжува животот!
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Зошто да е кратен тој избор, ќе излезиш и во зависност од ситуацијата или ќе пушиш или не.
Односно извини, мора да пушиш и во двете друштва, важно ти да си ја земиш дозата која ти го продолжува животот!
Види, непушач сум ама знам дека цигарата од зависност преминува во навика и потреба. Не можеш да ограничиш некој да прави нешто кое моментално му дава убаво чувство.
Тоа што ќе се случува лично со моето здравје е нешто за кое треба самиот јас да бидам загрижен.
Ај ако не нека донесат закон за непушачите (а консументи на кока кола) да не смеат да ја пијат истата поради големата количина на шеќер која му пречи на организмот. Исто и поради јаглеродниот диоскид кој го има во неа. Нека ја забранат и брзата храна која може да доведе до зголемување на бројот на енормно дебели личности (и поубаво да го спречат сега, отколку откако ќе се појави масовсност да пробуваат да го искоренат). Нека донесат закон против издувни гасови од автомобили, па секој кој ќе запали автомобил затоа што издувните гасови му сметаат на моето здравје, да добие соодветна казна од некои си не знам колку евра.
Дебилен закон, уште подебилно спроведуван.
 
Доколку пиеш кока-кола и јадеш брза храна не загрозуваш ничие здравје туку само своето. Со цигарите страадаат и тие околу тебе.
За издувниве гасови треба да се регулира и се надевам за брзо време ќе е и тоа. Важно е дека се почна од некаде, минимално но мрдна од мртва точка!
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

да, ама брзата храна и кока колата се како што сам кажа - храна/пијалоци, а храна е потребна за живот (па и делумно штетна)
а цигарите се - цигари! и нашето тело нема никаква потреба од цигарите - нема потреба од никотин; а од катран уште помалце.
а ја што не пушам уште помалце сакам да го дишам чадот кој самите пушачи го издувуваат...
против издувните гасови пробуваат научниците да се справат, но автомобилизмот сеуште е основна форма за транспорт.
може е дебилно спроведен, но сметам дека законот е на место.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Доколку пиеш кока-кола и јадеш брза храна не загрозуваш ничие здравје туку само своето. Со цигарите страадаат и тие околу тебе.
За издувниве гасови треба да се регулира и се надевам за брзо време ќе е и тоа. Важно е дека се почна од некаде, минимално но мрдна од мртва точка!
Епа ако се загрижени за здравјето на граѓаните нека го спречат и тоа. Затоа што покрај мене од истата храна ќе проба и некој друг. Па и на тој друг ќе му премине во навика.
И многу е поважно да се регулираат издувните гасови, посебно затоа што низ земјава имаме коли постари и од дедото на дедо ми кои загадуваат ненормално многу и штетат на сите.
И нека ја средат и Окта.
Точно дека куќа се гради од темелите па нагоре, ама оваа тргна некаде од спалната без притоа да се подразмислат дали таа спална ќе опстане без темели под неа.
 
U

UniqueGirl

Гостин
Доколку пиеш кока-кола и јадеш брза храна не загрозуваш ничие здравје туку само своето. Со цигарите страадаат и тие околу тебе.
За издувниве гасови треба да се регулира и се надевам за брзо време ќе е и тоа. Важно е дека се почна од некаде, минимално но мрдна од мртва точка!
Едно прашање:
- Што ПО ЃАВОЛИТЕ бара особа која се грижи за своето здравје, во кафуле м?
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
да, ама брзата храна и кока колата се како што сам кажа - храна/пијалоци, а храна е потребна за живот (па и делумно штетна)
а цигарите се - цигари! и нашето тело нема никаква потреба од цигарите - нема потреба од никотин; а од катран уште помалце.
а ја што не пушам уште помалце сакам да го дишам чадот кој самите пушачи го издувуваат...
против издувните гасови пробуваат научниците да се справат, но автомобилизмот сеуште е основна форма за транспорт.
може е дебилно спроведен, но сметам дека законот е на место.
Овошје, зеленчук, цедени сокови... Или тоа не е одлична замена за фаст фуд и кока кола?
Ако си пушач телото ти има потреба од цигарите, и тоа огромна.
За дишењето на чадот само едно ќе ти кажам. Никој не ти става нож под грло да бидеш во пушачка средина. Точно е дека едноставно секаде се пуши и не може да се избегне чадот, ама има работи во животот кои и покрај тоа што не ги сакаме - влијаат врз нас.
Издувните гасови можат да бидат сведени на минимално ниво на загадување, ама кај нас не е возможно. Прва причина, многу луѓе возат стари автомобили. Втора причина, и да сакаат да купат нов - прескапи се за некои граѓани.
И за да може првично да се заштити околината мора да се промени нешто во овие две причини.
Исто и со цигарите. Ако спроведуваат и донесуваат закон нека започнат од неговата основа.
Што мајка даваат субвенции на тутунарите, а истовремено забранувааат пушење со што би се намалил и прометот а и производството во тутунската индустрија?
На крај, се ќе биде поубаво ако се купуваат лиценци за локалите за пушење.
Ем ќе си имаш избор кај да седнеш, ем нема да дишеш чад од цигари ако така сакаш.
И законот е дебилно составен, а уште подебилно имплементиран.
Идејата и замислата се добри, ама реализацијата е катастрофа.
 
M

marsovka

Гостин
Да пие кафе/чај/кокакола?
aj да ти прафразирам што сакала членката да каже:

Поентата е што имаш право на избор ок?
Значи ти си бираш дали твоето гзе ќе седи во кафич без вентилација и во чад од цигари или пак ќе седи на некое друго место каде нема чад од цигари.

Второ да не се лажеме ко мали деца овде е директно повредено правото на избор во случајот на пушачите . Главниот проблем е што не дава законот да изберат кафичите дали ќе бидат кафичи за пушачи или непушачи, туку стриктно се ограничуваат пушачите надвор. Друг проблем е да не се лажеме пола од кафичите нема ни В од Вентилација дури и да има е лоша , ретки се местата каде има вентилација како што треба. груб пример се кафичите во Центар кога ќе седнам таму скори сите пушат ама чад нема зошто затоа што има вентилација бре.

Наместо законот да пропише местата каде се пуши да има вентлација он забраннува секкаков вид на пушење.

Трето законов е толку глупо составен што страдаат сите вклучително и ти , да не се лажеме секој до нас има другар кој пуши и пола време ќе е надвор со цигарата во рака. Не можеш ти каде скоро 50 % од населението во Мк се пушачи да протуркаш ваков закон .Законите се прават според моменталната состојба во државата и се адаптираат според навиките и менталитетот на населението посебно закони од ваков тип.

Четврто после побуната, ќе воведат лиценци кои јас и ти ќе ги плаќаме преку сметката за кафе заедно со угостителите, ама никако прописи да има вентилација пристојна.

@Гладиус нели гледаш дека поентата на целиов закон е вшусност тоа лиценци кои на крај ќе не удрат по наш џеб . Не е поентата да има лиценци туку да има вентилација плус право на кафичите да се определат дали се за пушачи или непушачи.
 
U

UniqueGirl

Гостин
Да пие кафе/чај/кокакола?
Токму така. Поголемиот процент од непушачите кои посетуваат кафулиња се консументи на кафето.

Caffeine increases the stimulating neurohormone, noradrenaline, and reduces the calming neurotransmitter, serotonin.
Caffeine triggers a stress response that involves a surge in adrenal hormones and the classic fight-or-flight "emergency," affecting virtually every cell in the body.

Жените што пијат кафе или чај за време на бременоста го зголемуваат ризикот нивните деца да заболат од рак.

Научниците сметаат дека кофеинот му пречи на ДНК-та на детето, поради што се помалку отпорни на леукемија и некои други, за деца карактеристични дијагнози на рак.
На нет можеме да најдеме мал милион разлози кои инсинуираат колку се штетни цигарите, кафето, чајот и така натака..И не сме принудени да ги консумираме доколку веќе сме засегнати за своето здравје, не?
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
@Гладиус нели гледаш дека поентата на целиов закон е вшусност тоа лиценци кои на крај ќе не удрат по наш џеб . Не е поентата да има лиценци туку да има вентилација плус право на кафичите да се определат дали се за пушачи или непушачи.
Во право си. Ама како и да е, законот како закон припаѓа на групата ненормално глупи закони донесени во последно време.
Не ми се сфиѓа, во никој случај.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Токму така. Поголемиот процент од непушачите кои посетуваат кафулиња се консументи на кафето.

Caffeine increases the stimulating neurohormone, noradrenaline, and reduces the calming neurotransmitter, serotonin.
Caffeine triggers a stress response that involves a surge in adrenal hormones and the classic fight-or-flight "emergency," affecting virtually every cell in the body.

На нет можеме да најдеме мал милион разлози кои инсинуираат колку се штетни цигарите, кафето, чајот и така натака..И не сме принудени да ги консумираме доколку веќе сме засегнати за своето здравје, не?
ама ја ако пијам кафе тебе нема да те печат очите од чадот.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
нека има измени во законот-нека издаваат лиценци за објекти за пушачи,само така би се решил овој проблем,кој ужива во чадалници-нека си оди слободно...она со масите разграничување,па мерење и сл глупости што ги имаше претходниот закон и не беше баш идеален
 
Kajgana Shop

На врв Bottom