Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Нормално, браво за законот, кој со дополнението да се дозволи барови САМО за пушачи, ќе биде комплетен.
Абе...и непушачи нека влегуваат во тие барови, немам ништо против :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Сега се враќам од кафана (влегов силум прилика..по работа бркање) ..абе што да кажам, од кафана со нон стоп преполни маси и тоа со тешки гезмиња.....дупка празно беше.....

...важно воздухот чист беше.....го немаше ни оној пријатниот мирис на свежо печено...:pos2:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Кога ќе размислам што народ живее тука и да изгласаат со закон дека владиниве претставници треба секој ден да не сексаат, мислам дека мнозинството би кажале дека законот е супер.
Каков народ, такви закони :смајли:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ја би во било кое време би се согласил за закон по десет стапа по задник на секој пушач, ама да се укини акцизата за возилата и за нови и за поволни :icon_lol:.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Секоја објективна дискусија на темава мора да содржи конкретен предлог за некакво „заедничко„ решение... кое нормално ќе се базира на премисата заштита од тутунски чад и пасивно пушење.
А тоа дека секој локал имал соодветна вентилација... смешно, или е вентилатор-дупка или најчесто врата отварање. А дури и за најидеалната вентилација можеме да зборуваме само за намален процент над димот, никако за негово одсуство. Таков закон имавме и само ние непушачите изгледа си знаевме како функционираше. (односно не не функционираше)

А во врска со одразот врз економијата... едноставно е. На макроекономско ниво, на долгорочен план, само медицинските трошоци го прават законот економски исплатлив.
Второ, знаете некој локал/кафич што има вишак вработени? Капитализам, максимизирање на профитот. (не го критикувам ова, само го нагласувам) Работат на најниско ниво можно ниво на вработени, максимални саати (прекувремените нерегистрирани) ... нема шанси да отпуштаат никого. Нормално зборам на глобално ниво, исклучоци имало и ќе има (отпуштања заради Х причини).
Набавните цени на пијачките им се најмалку 5-7 пати помали од продажните... Кој од газдите на такви локали е без убава куќа, стан бесни коли, мотори... За жалење сигурно не се.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Секоја објективна дискусија на темава мора да содржи конкретен предлог за некакво „заедничко„ решение... кое нормално ќе се базира на премисата заштита од тутунски чад и пасивно пушење.
Mислиш разумен компромис, така?:uvo:

А во врска со одразот врз економијата... едноставно е. На макроекономско ниво, на долгорочен план, само медицинските трошоци го прават законот економски исплатлив.
Така е.Ем здрави ќе си бидеме, ем нема да се трошат пари за нас, туку за некое рекламче, шмизлише, офчиче.
Набавните цени на пијачките им се најмалку 5-7 пати помали од продажните...
Па нека си го затворат кафичот.Нашле па и они да профитираат и егзистираат од кафич.Глупости.
Кој од газдите на такви локали е без убава куќа, стан бесни коли, мотори... За жалење сигурно не се.
Абе за убави куќи ај, ама не секој знае да вози мотор.Ама може па и си го купил за да се учи да вози, бидејќи не знае што да им прави на парите.
Ма газдите на кафичи треба да се стрелаат јавно на плоштад.Не тука да ги мислиме дали ќе загинат од брзи коли, бесни мотори. И за нив ли да се секираме.

п.с.Ако не пазат како возат, со закон да се забрани и продажба на брзи коли и мотори :pipi:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Mислиш разумен компромис, така?:uvo:

Така е.Ем здрави ќе си бидеме, ем нема да се трошат пари за нас, туку за некое рекламче, шмизлише, офчиче.
Па нека си го затворат кафичот.Нашле па и они да профитираат и егзистираат од кафич.Глупости.
Абе за убави куќи ај, ама не секој знае да вози мотор.Ама може па и си го купил за да се учи да вози, бидејќи не знае што да им прави на парите.
Ма газдите на кафичи треба да се стрелаат јавно на плоштад.Не тука да ги мислиме дали ќе загинат од брзи коли, бесни мотори. И за нив ли да се секираме.

п.с.Ако не пазат како возат, со закон да се забрани и продажба на брзи коли и мотори :pipi:
За демагогија не треба многу... за објективна дискусија, треба.
 
M

marsovka

Гостин
Што се однесува до законот ригорозен е до немај каде, нека барем им бидат обезбедени лиценци на оние кафулиња во кои ќе биде дозволено пушење. Да бидат обете страни задоволени. :)
Момент на просветлување

*светлина паѓа врз моето главче и се рефректира кон вас *​

Тоа и е поентата на целиот закон

Првин јако,силно и агресивно удри кон кафанџискиот бизнис, за потоа да се согласат на било каков компромис во овој случај да плаќаат уште една давачка за лиценци и се ќе биде по старо пак,чад, дим у очи , вентилација никаде итн итн:)

Или пак тоа е само светилката која свети над мене ?!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.236
Објективна дискусија? Тешко. Објективно беше кажано дека вакви ригорозни мерки нема нигде со исклучок на неколку држави. На балканот воопшто. Тоа што не функционирало е до пропишаното и инспекциските служби, доколку пропишале соодветна вентилација, а прописот не е исполнет, вината е во инспекторите (кои имаат видено искуства од другите држави, не се ненашетани). Се што требало е да ги препишат буквално прописите од овие држави, ништо повеќе. Но очигледно не знаат да направат закон кој ќе има што помалку последици врз целото население и економијата.

Но ние овде тоа го збориме веќе на над 100-тина страни, џабе. И, не се само кафанџиите, тука се и фирмите, јавните и државни институции, банките...каде вработените висат пред врата како...многу недолично, лоша слика за нас во целина.
 
S

smart ass

Гостин
Ја би во било кое време би се согласил за закон по десет стапа по задник на секој пушач, ама да се укини акцизата за возилата и за нови и за поволни :icon_lol:.
:pos2::pos2::pos2:

Каај си бе КИНЏООО!!!:pos2:

абе дај интерпретирај тоа што го напиша и убаво елоквентно образложи....или смени го аватарот.

П.С Акцизата Кинџо е вид на данок...за луксуз(имаш парфеми,алкохол...па и автомобилите-иако денес се потреба...ама оние скапите се фрлање пари...ако ако...нека ги зголемат море акцизите за автомобилите над 30000 евра а да ги намалат за тие под 30000 евра, а Кинџо??

Ајде можеш...пушти едно рандом "мислење":vozbud:
 
M

marsovka

Гостин
да се допунам :vozbud:
ново блог серење :
Не за друго гласовите во мојата глава ми велат да го направам ова

Моментално добив момент на провидение додека читам препукувања околу новиот закон за пушење Цитирам „Што се однесува до законот ригорозен е до немај каде, нека барем им бидат обезбедени лиценци на оние кафулиња во кои ќе биде дозволено пушење. Да бидат обете страни задоволени.“ Ова беше ставот на една форумџика но и ставот што го чув пред некое време кога даваа изјава сопствениците на угостителски објекти кои протестираа против новиот ригозрозен закон кој да бидеме реални никако не соодвествува на ова подрачје.

Тогаш ме удри светлината од бога дадена , светлина која се рефлектира кон вас преку моето главче, а мојот чмар завибрира поради неговото присуство тука овде во моментот па решив да се исерам тука на блогерајов и во постов, пошто бог ми рече : сери марсовке кај ќе стигнеш

И така ќе биде .( која сум јас да се противам на божјата реч)

Поентава на целиов закон не е заштита на здравјето на населението , туку да се стави уште една давачка на грбот на угостителите . Прво се удира силно, јако по нивниот грб, кога ќе почне да опаѓа прометот бидејќи не смее да се пуши. Угостителите сами ќе се понудат да плаќаат лиценци за да дозволат на гостите да пушат, плус ќе наплаќаат 10-20 денаричиња од пијачка зошто гостинот седи во локал кај што смее да се пуши. Нешто слично ко законот за кесите, денар плус за кеса . На крај пак ќе биде исто: димни завеси, чад у очи и пијачка поскапа за 10 денари . А народот среќен заедно со угостителите дека смеат да пушат а власта исто така среќна што ќе најде пари за да ја наполни празната каса .

Честито стрижење народе Поздрав од Марс и од Бога
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Интересен стил... :)

Како и да е, кој сака може да прави теории на заговор и да размислува што се стои зад овој закон. Дали е точно или не... скриени интереси, буџети, пари, арач.
Она што мене како непушач ме интересира е дека законот конечно ме штити мене.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Најјаки ми се овие непушачиве што имаат напраено профил само за да го бранат законов...:vozbud:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Најјаки ми се овие непушачиве што имаат напраено профил само за да го бранат законов...:vozbud:
И, што е тука лошото?

На темата.
Се надевам дека ќе падне законов. И се надевам дека сите ќе сфатат колку е глупаво ова со летните тераси што го воведоа.
Преку к*уров ми е веќе кога одам некаде да не можам да влезам од причина што гужвата пред врата е огромна. Уште помутаво ми е кога ќе успеам да се протнам низ толпата, да влезам внатре и да најдам 2 без 3 како седат на сосем различни страни.
А највеќе ме нервира што нема можност за опуштање и уживање.
Дека сè уште луѓето излагаат и по кафичи и по дискотеки - излагаат.
Ама дека е тапа на секои 15 минути да одат надвор на цигара - тапа е.
Едноставно, правото на слобода на избор мора да биде загарантирано. А со овој закон и те како е прекршено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom