Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
G

Gray Foxx

Гостин
Искрено читајки ви ги патетичниве муабети за како тоа вие пушачите сте нормални персони ми се блуе. Зар е нормална персона онаа која намерно се труе бидејќи некој пред десет години рекол дека со кафето најубаво оди цигар? Зар е нормална персона онаа која свесно се труе самата и они околу нејзе? Зар е нормална персона онаа која дава по 70 ден секој ден за да се труе? Има милион причини, ама драги пушачи вие не сте ни н од нормална персона...
Со повеќе пушачи иам праено муабет, и пази го муабетов- абе и ја сакам да ги откажам, ама нешто ме тера, само колку да го запалам цигарот после ми е гаден... Муабетов бе човек. :tapp:
Само за вас да напраат триста денари кутија, нишо друго. Па да одите до фришоп да си изнакупите штеки и штеки и штеки... Патетики.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Дискриминација е да! Затоа што додека не постоеше мизерниов закон никаде ве немаше да се побуните за било што како што напоменав во предходни постови.Сега се ви смета.Дали пред да се донесе овој закон некој вас непушачите ве дискриминираше како што е случајов сега?
Излегувавте и вие по кафулиња и слично заедно со пушачи и никогаш ама никогаш за моиве 19 години не сум слушнала дека на некој тоа му пречи.
Значи вие никогаш не сте биле дискриминирани како што сме ние во случајов.
Не имало, само у кафуле од 50 душе имало 5мина непушачи ште е минорна бројка и не се можело да се побуниш, зашо нели кој си мал секој те удира по глава и ти вика трај бе ти, не смееш да кажеш нешто мал си. Ама сега кога некој "поголем" ти дава подршка имаш сила да кажеш и да те слушна сите, сега имаш "власт".

И аман више со тоа дискриминација, ко да ги слушам албанциве кога се бунат за нешо :tapp:

Доста е више, палим патикете и бегам од темава :smir:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Искрено читајки ви ги патетичниве муабети за како тоа вие пушачите сте нормални персони ми се блуе. Зар е нормална персона онаа која намерно се труе бидејќи некој пред десет години рекол дека со кафето најубаво оди цигар? Зар е нормална персона онаа која свесно се труе самата и они околу нејзе? Зар е нормална персона онаа која дава по 70 ден секој ден за да се труе? Има милион причини, ама драги пушачи вие не сте ни н од нормална персона...
Со повеќе пушачи иам праено муабет, и пази го муабетов- абе и ја сакам да ги откажам, ама нешто ме тера, само колку да го запалам цигарот после ми е гаден... Муабетов бе човек. :tapp:
Само за вас да напраат триста денари кутија, нишо друго. Па да одите до фришоп да си изнакупите штеки и штеки и штеки... Патетики.
Муабетов дојде дека пушачиве пушат од пичвајз демек некој рекол пред 10 години, имаш слушнато за никотинска зависност?

По темава пушач сум и го поддржувам законот едно од мои лични причини што сакам да го откажам тоа зло, од друга страна не знам што е толку лошо кога државата се обидува да искорени нешто кое е очигледно штетно, примерите со брза храна навистина не се соодветни зошто не се ниту блиску до вистината податоците што ги прочитав барем според светска здравствена организација.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Дур им тргнало со закониве , нека почнат да казнуваат и малолетници што се надвор после 23ч ....
 
G

Gray Foxx

Гостин
Муабетов дојде дека пушачиве пушат од пичвајз демек некој рекол пред 10 години, имаш слушнато за никотинска зависност?

По темава пушач сум и го поддржувам законот едно од мои лични причини што сакам да го откажам тоа зло, од друга страна не знам што е толку лошо кога државата се обидува да искорени нешто кое е очигледно штетно, примерите со брза храна навистина не се соодветни зошто не се ниту блиску до вистината податоците што ги прочитав барем според светска здравствена организација.
Така е зборот шефе. Оти гледам по автоматизам секоја 17 годишна будала тука јаде гомна како цигарот со кафе највеќе одело, бла бла бла...
Иначе поштуам вака луѓе како тебе кои знаат дека тоа што го пушите е срање и сакаат да го искоренат, а не останативе арогантни суштества.
Дај ми да пушам, абе дај ми цигар... Ама сакам кафе и цигарррр... Абе дај ми да запалам цигар со кафе, најубаво е. Као светот околу нив да се врти и нивната зависност...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Иако сум непушач морам да признаам вака при здрав памет мислам дека законов е дебилен во најмала рака.
На рамниште на оној кога во една просторија требаше да сместиш и пушачи и непушачи а чадот на не ви избега од просторот на пушачите.
Добро мајку му стара зошто има реклами и билборди за цигари и зошто владата стимулира производство на тутун ако го забранува пушењето.
Факт е дека кафеаните и дискотеките ги полнат пушачи,не може ти да затвориш цела гранка од економијата на државата онака од чиста мира.
Законот сакале нејкеле е глупост:toe:
ееееееее да си ми жив и здрав.. гледај сега како се поштуваат нашите закони.


МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО

Скопје, септември 2008 година
З А К О Н
за изменување и дополнување на
Законот за заштита од пушењето



Член 1
Во Законот за заштита од пушењето ("Службен весник на Република Македонија", бр. 36/1995, 70/2003, 29/2004, 37/2005 и 103 /2008), во член 3 се додава нов став 1, кој гласи:
,,Се забранува пушењето во јавните простории од член 2 од овој закон.,,
По ставот 1 кој станува став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
,, Во јавните простории од член 2 од овој закон и во собите за сместување на непушачи во објектите од став 2 на овој член одговорното лице на правното лице ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето.,,

Член 2

Членот 4 се менува и гласи:
,,Се забранува рекламирање на тутунските производи и на тутунската индустрија во било која форма, директно или индиректно, надворешно или внатрешно и тоа:
- на јавни места и во јавни простории,
- во дневниот, неделниот и месечниот печат, како и во други списанија,
- на радио и телевизија,
- по пат на филмски дијапозитиви и филмови,
- на паноа, табли и налепници,
- на тенди и на чадори за сонце или за дожд,
- било какви рекламни материјали кои што можат да се изложат на продажните места ( послужавник за враќање ситни пари, разни приврзоци и висулци и слично),
- на објекти и на/во средства за превоз ( сообраќај),
- по пат на светлечки реклами,
- на и во книги, календари, облека и други рекламни материјални и подароци,
- промотивни активности: наградни игри, различни видови на промоции, било каква форма на директен контакт и комуникација со потрошувачите ( интернет, СМС, промоции, подароци и слично), и
- спонзорирање и донации на спортски, културни, музички, забавни и други јавни приредби и манифестации од страна на претпријатија или други правни лица кои се занимаваат со производство и продажба на тутунски производи.


Тутунските производи можат да бидат изложени на продажните места ( киоск, продавница, ресторан, и др.) само во оригинални пакувања заедно со стандардната информација за цената.
Се забранува индиректно рекламирање на тутун и тутунски производи што носат име на тутунски производ, а не се тутунски производ. Како индиректно рекламирање се смета и употребата на лого, букви, знаци, симболи, слогани, место на производство на производот, кои биле користени во врска со тутунските производи во минатото или во сегашноста.
Како јавно место, во смисла на став 1 аниеjа 1 на овој член, покрај јавните простории од член 2 на овој закон, се смета било кое место достапно за секого, со или без влезници:
- улици, плоштади, пристаништа, плажи, паркови,
- административно-деловни и стамбени згради,
- објекти за спорт, рекреација, култура и забава,
- хотели, ресторани и други угостителски објекти, и
- трговски центри, продавници, киосци и слично.,,


Член 3

Во член 7 став 2 по зборовите ,, непрехранбена стока ,, се додаваат зборовите ,,и над спроведувањето на одредбата од член 4 од овој закон ,,.

Член 4

По член 10 се додаваат четири нови членови 10-а, 10-б, 10-в и 10-г кои гласат:

,,Член 10-а

Кога државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд и униформираниот полициски службеник ќе утврди дека е сторен прекршок од член 9 од овој закон ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.


Член 10-б

Кога државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар ќе утврди дека е сторен прекршок од член 10 од овој закон, на сторителот ќе му врачи покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата.
Ако сторителот на прекршок е малолетник во тој случај се постапува согласно член 33, 34, 35 и 52 од Законот за прекршоците („Сл.весник на Република Македонија“ , бр.62/06).
Ако сторителот на прекршокот од став 1 на овој член не ја плати глобата во рокот предвиден во став 1 на овој член државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд и униформираниот полициски службеник ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапака пред надлежен суд.
Во случај на водење на прекршочна постапка судот на сторителот му изрекува глоба во трикратен износ од утврдениот со одредбата на членот наведен во став 1 на овој член.
Ако сторителот на прекршокот од став 1 на овој член не ја плати глобата во рокот предвиден во ставот 1 на овој член комуналниот редар е должен да поднесе предлог до државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор односно државниот инспектор за труд за покренување на прекршочна постапака пред надлежен суд.

Член 10-в
За прекршокот од член 10 од овој закон, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување пред да поднесат барање за прекршочна постапка.
Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка за порамнување, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар составуваат записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејстивето на прекршокот и лицата затекнати на самото место.
Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последниците од сторување на прекршокот.
Државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар можат да му предложат на сторителот надминување на последиците од прекршокот да се стори со вршење или сторување на општокорисна работа во траење од најмалку 24 работни часа или доделување на средства за вршење општокорисна работа. Средствата ќе се користат наменски за спроведување на промотивни активности за заштита на здравјето на луѓето од штетното дејство на пушењето.
Ако сторителот на прекршокот од став 1 на овој член, во рок од осум дена прифати, а не врши општокорисна работа или не додели средства за вршење на општокорисна работа, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд.
Министерот за здравство го утврдува видот, висината на чинењето на општокорисната работа за секој прекршок одделно, како и начинот на нејзиното извршување во согласност со министерот за економија, министерот за образование и наука и минисерот за труд и социјална политика. Висината на средствата наменети за општокорисна работа не може да биде повисока од висината на пропишаната глоба за прекршокот, при што вредноста на еден час општокорисна работа изнесува најмалку 100,00 денари, а највеќе 250,00 денари во зависност од видот и сложеноста на општокорисната работа .
Државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар се должни да водат евиденција за покренатите постапки за порамнување и за нивниот исход.


Член 10 - г

За прекршокот од член 9 од овој закон државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и здравствен инспектор, државниот просветен инспектор и државниот инспектор за труд може на сторителот на прекршокот да му предложи посредување и постигнување на согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последици од прекршокот.
Инспекторот од став 1 на овој член составува записник за прекршокот во кој се констатира согласноста на двете страни за покренување на постапка за посредување на кој се потпишува и сторителот на прекршокот.
Постапката за посредување се покренува со доставување на записникот од став 2 на овој член до Комисијата за посредување, кој инспекторот е должен да го достави во рок од три дена од денот на составувањето и потпишувањето.
Постапката за поредување се води пред Комисија за посредување формирана од министерот за економија односно министерот за здравство односно министерот за образование и наука односно министерот за труд и социјална политика.
Комисијата за посредување е составена од три члена од кои еден ја врши функцијата на претседател. Членовите на Комисијата се избираат од редот на државните службеници вработени во Министерството за економија односно Министерството за здравство односно Министерот за образование и наука односно Министерството за труд и социјална политика од кои еден е дипломиран правник.
Претседателот на комисијата е должен постапката да ја започне во рок од 24 часа од денот на доставувањето на записникот.
Комисијата работи на седница на која задолжително присуствуваат претставници на сторителот на прекршокот и државниот пазарен инспектор, односно државниот санитарен и задравствен инспектор, односно државниот просветен инспектор и односно државниот инспектор за труд.
За постигнатата согласност во постапката на посредување се склучува спогодба со сторителот на прекршокот.
Во спогодбата се утврдуваат обврските на сторителот на прекршокот а особено:
1. висината и начинот на плаќање на глобата,
2. висината и начинот на плаќање на другите давачки и трошоци и
3. мерките кои треба да ги преземе сторителот за отстранување на последиците од прекршокот.
Во случаите во кои е постигната согласност во постапката за посредување, глобата на сторителот за сторениот прекршок може да биде намалена за најмалку половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот.
Министерот за економија односно министерот за здравство односно министерот за образование и наука односно министерот за трид и социјална политика донесува деловник за работа на комисијата за посредување.
Комисијата за посредување е должна да води евиденција за поведените постапки за посредување и за нивниот исход.
Спогодбата од став 8 на овој член има сила на извршна исправа.
Ако постапката за посредување не успее се поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.,,


Член 5

Членот 10-а станува член 10-д.


Член 6

Одредбата од член 2 од овој закон ќе се применува од 1 декември 2008 година.

Член 7
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
едит: овој е стар закон. неможам да го најдам уште новиот. се утепав барајки. ако некој го има новиот нека го пише тука да го разгледаме шо се ни забранува :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Епа сеа не смеат , и зашто не е во ред законот ?
Затоа што покрај цигарите има и други услови кои влијаат на нашето добро здравје, меѓу кои:

  • Нервозата како да ги подмириш сите сметки кон државата со минимална плата, а притоа да не умреш од глад
  • Труење од фабриките и не превземање на никаква заштита од државата
Е кога државата на сите македонци ќе им овозможи ЕВРОПСКА ПЛАТА, може да носи европски закони.Кога државата нема да применува диктатура кон народот и ќе му овозможи слободен избор, тогаш ќе кажам браво.Кога државата ќе ги казни сопствениците на фабриките кои не бираат дали трујат пушачи или непушачи, тогаш ќе кажам дека државата навистина се грижи за моето здравје и ми мисли добро, а не власта да профитира од секој моронски закон а македонецот да биде со празен џеб.
Затоа кратко и јасно:НЕКА СИ ГО НАПИКААТ ЗАКОНОТ ПРОТИВ ПУШЕЊЕ У Г'З

АКо сакаш да пушиш , искочи надвор , чао пријатно ...
Ако сакаш да имаш држава, треба да постои слога меѓу народот.И пушачите и непушачите се луѓе и граѓани на Македонија.Али како и обично, власта функционира по принцип:растури, па владеј и ќе си носи закони каде македонците ќе си ископаат очи еден меѓу друг, ќе бидат и без пари и без држава, а политичарите ќе си фаќаат сеир и ќе си полнат џебови.Кој како нас, нели?
 
П

Паган-др

Гостин
Дур им тргнало со закониве , нека почнат да казнуваат и малолетници што се надвор после 23ч ....

Има за после 24, за казна незнам ама бркаат. :)


он:
Со "протестов" ништо нема да постигнат. Само уште помалце промет ќе имаат. Нека им е со среќа.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Но, протестот беше одложен. бидејќи, како што велат, од Комората на угостители им рекле дека во текот на оваа недела Уставниот суд ќе ја преиспита уставноста на законот, кој најверојатно ќе биде укинат.
Пази сега уште иницијатива се нема поднесено за за преиспитување на уставноста, однапред се знае како ќе пресуди судот.
Стрпете се малку првин некој дали ќе поднеси барање за уставноста, па потоа одлука :toe:.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Искрено читајки ви ги патетичниве муабети за како тоа вие пушачите сте нормални персони ми се блуе. Зар е нормална персона онаа која намерно се труе бидејќи некој пред десет години рекол дека со кафето најубаво оди цигар? Зар е нормална персона онаа која свесно се труе самата и они околу нејзе? Зар е нормална персона онаа која дава по 70 ден секој ден за да се труе? Има милион причини, ама драги пушачи вие не сте ни н од нормална персона...
Со повеќе пушачи иам праено муабет, и пази го муабетов- абе и ја сакам да ги откажам, ама нешто ме тера, само колку да го запалам цигарот после ми е гаден... Муабетов бе човек. :tapp:
Само за вас да напраат триста денари кутија, нишо друго. Па да одите до фришоп да си изнакупите штеки и штеки и штеки... Патетики.
1, Што е нормално?

Значи тутун се пуши со векови и сите биле ненормални?
Дали е нормално ова што денешнава младина киснат пред компјутери играат дота по 20 саата наместо да излезат надвор да играат фудбал и многу други децки игри. Нормално ли е да префрлаат на постари и да немаат таков почит? Нормално ли е да дркаш на порничи на нет наместо да излезеш и да бркаш женски. Многу работи не се нормални..

2, За тоа си во право за тој моабет. Но јас им викам ако ти прави задоволство пуши ако не немораш. Јас додека пушев никогаш нереков да сакам да ги откажам или сл. Кога ги откажав ниту реков дека нема да пушам, ништо. Ниту пак планирав да ги откажем, едноставно не ми одговараше и не запалив повеќе. Покасно пак имав желба за цигара и си запалив и пушев едно година дена сега веќе 2 години пак непушам едноставно негледам задоволство. Затоа доколку на некого тоа му причинува задоволство слободно нека пуши, а ако ми смета ќе му кажам и доклку тера инает нема јас што да барам со него. Сепак пријателите можеш да ги бираш. А тоа дека труе по кафичи и дека здравјето се нарушува се чисти глупости.

Татко ми е пушач од дете, има скоро 60 год, а има повеќе кондиција од 80% од непушачите тука на форумов.

Не имало, само у кафуле од 50 душе имало 5мина непушачи ште е минорна бројка и не се можело да се побуниш, зашо нели кој си мал секој те удира по глава и ти вика трај бе ти, не смееш да кажеш нешто мал си. Ама сега кога некој "поголем" ти дава подршка имаш сила да кажеш и да те слушна сите, сега имаш "власт".

И аман више со тоа дискриминација, ко да ги слушам албанциве кога се бунат за нешо :tapp:

Доста е више, палим патикете и бегам од темава :smir:
Епа нели за се се гледа мнозинство, ако не е така законите нека ги носи опозицијата а не владата затоа што се малцинство во парламент.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
затворите све кафане
нек се моја душа смири јеее...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Еве нека земат пример од Сауди Арабија каде е забрането многу што, нека забранат да се произведуваат цигари и ќе експлодира народов од нервоза...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Дискриминација е со закон да се обесправен од нешто. Односно една средина да ти ускратува некое право.
Непушачите до сега, а ни сега не се дискриминирани. Чист воздух (колку што дозволува околината во која живееме) имаш ако застанеш на тераса, ако отидеш на Водно, покрај кеј на Вардар.
Ама пушачите чадот од цигарите го немаат на овие места, и едниствен извор на истиот се цигарите.
Е сега, ако непушач не сака да дише чад од цигари, има каде да отиде и законски сето тоа да му биде дозволено. Ќе се испенатри на Водно, ќе потрча покрај кеј итн.
Ама пушачот сега ЗАКОНСКИ не смее да прави нешто кое го прават и непушачите, односно не смее сам да избере каде и каков воздух ќе внесува во бели дробови.
Е сега, да се надоврзам на претходни постови од стилот дека на локалите им е за профитот. А за што да им биде? За тоа што некој кој не го познаваат не може да си запали цигара?
Па, нив гајле им е дали некој кој ќе седне кај нив ќе пуши или не (односно сега и те како им е гајле, со казниве). Само што, факт е дека пушачите се побројни. И факт е дека кога едно поголемо друштво ќе седне/отиде во кафич/кафана/ресторан/клуб/диско прави убав промет. Епа по некоја случајност, 97% од тоа друштво се пушачи. Другите 3% таа вечер решиле да не излагаат затоа што биле на слава.
Ко ќе видиш логично е затварањето да биде поврзано со профитот. Не може газдата на рандом угостителски објект да си го затвори локалот затоа што него лично му е забрането пушење. Нема логика. Ама затоа ќе затвори затоа што едноставно нема никакви придобивки од тоа да троши стурја и вода за сметка на три маси кои биле зафатени таа вечер.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
овде кај нас пушат за да се смират за да не пукнат од нервоза, забранете им пушење и пиење на народот и одма ќе се крене на револуција, а вака се изпразнува енергијата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom