Не излегувај надвор, ладно е. Ама ни под разно, не сакам да чујам причина и повод - ти надвор не смееш да излезеш. Еден ден ќе ми се заблагодариш за ова, ама касно ќе сватиш.
Него, што ако сум 27 годишен дечко, со редовни приходи, и ете, сакам да се трујам себеси? Што ако сакам да седам на бетон? ЈАС САКАМ ДА СЕДАМ НА БЕТОН. Кој мој-твој право на државата под присила да се грижи за моето здравје?
Во исто време, за да биде иронијата уште поголема, децата ни се лекуваат по туѓи држави, со пари собрани врз основ на донации, бидејќи
1. Државата не ги обучила здравствените работници да ги лекуваат тие болести (им дале на доктурките по некој мобилен со камера, да се сликаат покрај пациенти дур истите се во шок)
2. Државата не го покрива материјалниот трошок.
Отвори го подфорумот за хуманост, види колку државата се грижи за здравјето на нашите поколенија.