Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Шо е бе ова... на шо личи да му се невиди? Вака нема да можиме уште долго, барем тоа е мое мислење. Не не тера некој како непушачи да седиме заедно со пушачите кои патем се мнозинство. И од секогаш било, мнозинството го контролира малцинството... ама кај нас ништо од тоа не функционира.

Едно ќе се затворат доста кафани/кафичи, друго незнам колку ќе издржи законот. Мислам дека нема да тера долго пред да почне масовно да се игнорира.
 
Мислам дека законот нема да влијае толку на економијата и нема да дојде до затварање на локали бидејќи парите што ги даваат луѓето за цигари, сега ќе ги даваат за алкохол.

A и што убаво ми беше вчера, не видов ни еден да запали цигара.Се плашаат:baeh:
 
Aha da, koga ke najdes ti pusac sto pie alkohol bez cigara, javi se.
 
Вчера бев на кафе, ебате кафето, на два пати го шмркнав цело, не е лезет без цигаре, си ги собравме парталите со другарот и заминавме.
Сношти во кафана, ќе добиев анти-никотинско труење, се осеќаше само чистиот воздух и аромата на мишки неприкриена од мирисот на цигарите, ебате атмосферата. :)

Барем сега знам дека им е полесно на Велешани и луѓето кои живеат во Миладиновци. Откако ни забранија да пушиме сигурно и нив воздухот им е многу почист и значително ќе се намалат белодробните заболувања таму, ОКТА и Топилницата не се битни :toe:, а и на сите кои чекаат 22 на Партизанска, сигурно сега полесно ќе дишат и нема да им смета чадот од цигари, не се добиваат белодробни заболувања од крнтиите на ЈСП :toe:.

п.с http://kupot.on.net.mk/onnet/bookbox/chadot-na-bogovite
 
Шо е бе ова... на шо личи да му се невиди? Вака нема да можиме уште долго, барем тоа е мое мислење. Не не тера некој како непушачи да седиме заедно со пушачите кои патем се мнозинство. И од секогаш било, мнозинството го контролира малцинството... ама кај нас ништо од тоа не функционира.

Едно ќе се затворат доста кафани/кафичи, друго незнам колку ќе издржи законот. Мислам дека нема да тера долго пред да почне масовно да се игнорира.
Ај ке се крстеме дека за 6 месеци ке падне на уставен иако првиот го мина не мора да пага барем мала модификација би била супер...
 
Шо е бе ова... на шо личи да му се невиди? Вака нема да можиме уште долго, барем тоа е мое мислење. Не не тера некој како непушачи да седиме заедно со пушачите кои патем се мнозинство. И од секогаш било, мнозинството го контролира малцинството... ама кај нас ништо од тоа не функционира.

Едно ќе се затворат доста кафани/кафичи, друго незнам колку ќе издржи законот. Мислам дека нема да тера долго пред да почне масовно да се игнорира.

Жими се брат за инает збораш.

Беше вчера излезен?

Топ беше луѓе и никој не запали цигара. Незнам како е можно тебе да ти се одрази негативно законот. Ептен ти е глуп муабетот.
 
Денес на пладне влегувам во кафанче кај еден мој познат......и има што да видам, никој нигде, дупка празно, пријателов ми вика......„ми се еба мамичето ни сталните гости ми ги нема’’.
Нормално ни јас не останав, само нова година му честитав и му посакав успешна година...:vozbud:

офтопик.....

Казнија ли некого за употреба на пиротехнички материјали.....цело Скопје труе на барут?

какво казнување бе.. тоа не е штетно по здравјето... и ако се деси нешо од невнимание мож да е само.. :uvo:
ѓ
ја пушам али еве пробувам да оставам цигари.. намалувам од кутија ипол на 4 5 цигари дневно па ке видам како иде.. инаку како и да е законов НЕ Е ОКЕЈ !!! толку сте се разгракале цигарите цигарите цигарите....
ШТО Е СО АЛКОХОЛОТ ??? О заборавив.. он не е штетен.. баш е корисен за луѓето... :nenene:
 
Конечно некој добар закон и се надевам ќе потрај повеќе отколку лани.

Не е воопшто дискриминирачки туку напротив.
„никој нема право да ми забранува што да правам со моето здравје и кесе одрази врз економијата“ -
Да никој нема право да ми го загадва воздухот наоколу на јавни места. Ако сака да пуши мислам сеуште можи да го прај то нешто дома ;)

--- Ајде и мал додаток. Бидејќи знам какви се сите пушачи ко ќе неможат да запалат цигара можи малку да им се поможи и да се инсталира по некоја пушачка кабина на јавните места. т.е и ова е потреба како кога ви се оди во wc. Па можи да има ист третман. :smir:
 
какво казнување бе.. тоа не е штетно по здравјето... и ако се деси нешо од невнимание мож да е само.. :uvo:
ѓ
ја пушам али еве пробувам да оставам цигари.. намалувам од кутија ипол на 4 5 цигари дневно па ке видам како иде.. инаку како и да е законов НЕ Е ОКЕЈ !!! толку сте се разгракале цигарите цигарите цигарите....
ШТО Е СО АЛКОХОЛОТ ??? О заборавив.. он не е штетен.. баш е корисен за луѓето... :nenene:
A kој рече дека не е штетен, само што не испушта чад, инаку е подеднакво штетен како и цигарите!
 
Ќе има одредени последици кон микроекономијата пошо сепак локалите ќе работат со намален интензитет, а аналогно на тоа ќе имаат помал профит и ќе треба да отпуштат одреден број вработени. Од друга страна, лично за мене би ми сметало да идам по локали, особено дискотеки, токму заради цигарите. Да, како и да го вртиме законов е дискриминирачки. Дали сега, кога за пушачите ќе биде забрането, или како што беше до пред 3 дена.
Настрана сето тоа, сметам дека за неколку месеци ќе си падне овој закон како и скоро секаде во Европа, и мислам дека е најубаво да си остане по старо, односо да се почитува поделбата на локалите, пола-пола. Ем пушачите сити, ем непушачите и вработените на број. :)
 
Абе по економијата не можи да има повеќе последици негативни законов во глобала, може пред се позитивни да има според мене: здравје, трошоци на население и друго.
Но едно друго ме загрижува со кафичиве. Имено, иако лишени сме од облаци чад, се појавува друг проблем на кој не сме навикнати а кој еве уште веднаш мене почна да ми смета: многу различни неубави миризби кои досега беа неутрализирани или сузбивани од цигарите, сега почнаа да се чувствуваат на сите страни. Кромидче, скариче, лукче, моч, пот,.. - доста смрдит.:toe:
 
верувам дека најдобро ќе си поминеш, ако излагаш во манастир....:toe:

Добро бе се постра од стегање, чим толку се пниеш сигурно си еден од оние пушачи шо дома кај мама и тато не можат да запалат цигара, па сега му ескалира нервозата.

Незнам ти сине од кај си, ама во Битола ќе се излегва “на кафе“ , па макар и кафето го забраниле. А шо се однесува до “ноќниот живот“ евентуалното (пошто вчера не го забележав) намалување на гужвата во ноќните клубој апсолутно е, само и само подобрување.
 
Не живеам со мама и тато.

А во моево Кавадарци, синоќа беше смешно и жалосно, лугето стоеа надвор пред локал пушејки цигари со пијалокот во раце, незнам дали е добро или лошо тоа,
Ги дискриминираш пушачите, со твоите постови, затоа ти напишав во манастир ке ти е топ.:smir:
разбирам ако ти смета чадот од цигари, не си должен да го трпиш нормално, но законов како таков навистина е тапа и ке се одрази врс ноќниот живот насекаде:helou:
првиот закон кој им наложуваше на угостителите да ги поделат своите објекти на два дела нели за пушачи и непушачи, беше добар и праведен спрема сите, иако сум пушач нема да ми смета да седам одвоено од непушачите,
но вака тешко дека ќе е на арно, пушач со кафе без цигара, е смешка:toe:
 
Законот е во ред. Зошто? Епа пушачите никако никако и никако да сватат дека тој закон е за нивно добро, за нивно здравје. Јас несакам да седнам во кафуле и некој од таму да ми чури како оџак. И ако сакаме да влеземе во ЕУ не треба да има пушачи. И за каква дискриминација ми зборувате? Добро тогаш ајде да нема никакви закони еве на пример црвено и зелено. "Е како не вие мене ќе ми забранувате да возам на црвено вие ли ќе ми се мешате јас што сакам ќе си правам мој живот-моја работа." Така? Дали се согласувате и со ова?
Полека но сигурно пушењето убива! Пред се луѓе за вашето здравје! Помислете и на вашите деца. Иако се пасивни пушачи сепак се пушачи! Дали е тоа добро за нив и нивното здравје? Дали пушењето е добро за вас и вашето здравје? НЕ!
Па освестете се пушачи!
 
Конечно некој добар закон и се надевам ќе потрај повеќе отколку лани.

Не е воопшто дискриминирачки туку напротив.
„никој нема право да ми забранува што да правам со моето здравје и кесе одрази врз економијата“ -
Да никој нема право да ми го загадва воздухот наоколу на јавни места. Ако сака да пуши мислам сеуште можи да го прај то нешто дома ;)
Уште да беше навистина донесен со цел да се заштити здравјето : )))

И да не се стимулираа со премии оние кои го произведуваат тутунот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom