Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Абре аман?! За истата грешка различно да плаќаме зошто немаме исти примања? Никако не се согласувам со ова.
Таке е мислам некаде во Скандинавија. Колку заработуваш е јавен податок и цајканите те казнуваат според тоа.
Може, што да не, ако постои добро регулиран систем за информации на сите примања, да се применува.
Ползата е од овој аспект на менталитетот.
Тој кој заработува 100000 евра месечно, нема воопшто да се засекира или да го штипне казна од 300 евра, па нема да има желба да се корегира.
Па мора пропорционално да му се накачи казната, за да почуствува макар и минорна загриженост.
Во прилог на ова да го споменам и предлогот да се таксани бонусите на директорите и останатите на некоја позиција на над 90%.
Значи ако заработил како бонус милион долари, да му се земат 900 илјади.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Таке е мислам некаде во Скандинавија. Колку заработуваш е јавен податок и цајканите те казнуваат според тоа.

Сигурен си за казните дека е тоа? Немам точна информација, знам дека данокот така се плаќа, по форумула каде процентите не се еднакви за сите категории на примања. Малку ми е сумљив ваков систем кај што полицаецот има на неколку клика информација од сечии домашни примања, премногу ризично за мој вкус.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.802
Поени од реакции
12.289
Абре аман?! За истата грешка различно да плаќаме зошто немаме исти примања? Никако не се согласувам со ова.
Е добро, многу сериозно сфативте, као за на парламент :) суштината беше друга...сега више беспредметна.

Јас еве лично цигарата ја гледам како грешка. Не велам дека не се согласувам дека има уште еден куп големи говна што треба да се средат, ама конкретно законово го поддржувам целосно. И нека ги дуплираат казните - сеедно ми е. На секое доаѓање дома не можам ко чоек да седнам да јадам/пијам негде без црепот од соседната маса да чади во мене.
Анастазија, јас сум пушач повеќе од 25 години, но ако јадам/ручам мене исто ми смета дим од запалена цигара во лице од некој што седи до мене и дува додека јадам. Но забраната важи и за дискотеки и локали каде нема исхрана. Некои објекти имаат солиден систем за вентилација, некои не па можда и тоа има мала улога.
Како пушач сепак би одбрал место каде е дозволено пушењето. Можеби доколку се направел компромис/решение немаше да дојде до улични блокади и воопшто вакви реакции. Решение каде би имало соодветни простории (некој и претходно спомена), едни каде се дозволува, други каде се забранува пушење. На тој начин ќе се реши проблемот на лицата кои не сакаат мирис на цигара, но и на оние кои уживаат во вкусот на цигарата додека пијат кафе, пиво...впрочем вакви решенија мислам дека се применуваат во некои земји така да ние нема да излеземе најреволуционерни туку едноставно ќе следиме и применуваме пофлексибилни искуства на другите држави.

Тој кој заработува 100000 евра месечно, нема воопшто да се засекира или да го штипне казна од 300 евра, па нема да има желба да се корегира.
Сега го видов ова. Поентата беше оваа, но можеби е повеќе за економија, право или сличен подфорум, затоа само го споменав...прием, цел, резултат на казните.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Сигурен си за казните дека е тоа? Немам точна информација, знам дека данокот така се плаќа, по форумула каде процентите не се еднакви за сите категории на примања. Малку ми е сумљив ваков систем кај што полицаецот има на неколку клика информација од сечии домашни примања, премногу ризично за мој вкус.
Не само полицаецот туку кој сака го има.
Сите податоци кои се во државните архиви на Норвешка тука.

Ако сакаш да видиш примања на било кој Норвежанец..тука

На англиски за да ви е појасна целава работа.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
каков си ти пушач ако можеш да одговориш,јас тебе не те разбирам?:wink:
Пушач шо сака да запали цигара со кафе, ама неверојатно многу му смета пушење цигара за цигара во преполна дискотека.

Законот го оправдувам и апсолутно на никаков начин не можи негативно да се одрази. Парите шо луѓето “нема“ да ги потрошат за цигари или кафе, во никој случај нема да изчезнат, ами истите ќе се потрошат можеби во друг сектор т.е. опшеството НЕ губи ни денар.

Муабетот дека станва збор за дискриминација е инфантилен и нема да си вреѓам интелегенција пак да објаснувам.

Синдикат и твојот е чуден мубает...за курој газој и туршија, ништо конкретно.
Поентата ми е шо ти сакаш да имплицираш дека секој шо го подржува законот е или непушач или вмроец. Сакаш да истуркаш некоја друга несврзана поента, мешаш тука други “проблеми“ депонија, загаденост, за кои ниту сакам ниту пак е место да разговарам.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Законот го оправдувам и апсолутно на никаков начин не можи негативно да се одрази. Парите шо луѓето “нема“ да ги потрошат за цигари или кафе, во никој случај нема да изчезнат, ами истите ќе се потрошат можеби во друг сектор т.е. опшеството НЕ губи ни денар.
Грешиш.Секако дека ќе има директно влијание врз економијата преку секторот угостителство и туризам,можеби ќе се намали и побарувачката за цигари,а со тоа и сумата која ќе влезе преку aкцизи.Гранките кои ќе настрадаат,ќе повлечат надоле приход од даноци по било кој основ.Оние што ќе останат без пари(плата),нема од каде да трошат во други сектори,семејниот буџет уште толку ќе се намали,со што директно ќе се влијае на домашната кошничка. Голем дел од тие што имаат,ќе ги трансформираат во странски туризам,а со тоа и директен одлив на девизи.
Одговорот е дека има влијание и општеството губи:smir:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

sepak ZMIJATA na pricinsko posledovatelnite dejstvija nema da bide bas takov :).......sekade po svet kade odamna e zabraneto pusenjeto na nacin kako predviduva inkriminisaniov zakon, ne bas da propadna stopanstvoto vrzano so tutunskiot biznis...:)....kaj nas malku se smesni kaznite koi se prerodbenicki zabegani, no generalno zemeno vo site sredeni zemji vo svetot kako rabota na kultura i dobro vospituvanje se smeta sposobnosta da ne se maltretiraat lugeto naokolu so ispustanje na nikotinski oblaci...
...e sea kolku sme nie sredeni...toa e drugo prasanje.....
 
За тутунскиот бизнис напишав можеби ќе намали.Ние со милион популација која пуши (произволно) ќе биде незабележителна промена.Него ништо и никој не може да го урне,а како се канализира преку фармација и граници нека каже БЦ :)))
 
S

smart ass

Гостин
Синдикат и твојот е чуден мубает...за курој газој и туршија, ништо конкретно.

Васпитање ил Ај кју.

Ова е ДИСКРИМИНАЦИЈА,зошто не забранат пиење,вода од јавни фонтани(кучиња пијат од нив-невакцинирани)..:wink:

Уште еден начин да се соберат пари од нездравото трошење,и ПРоектите.

Пушењето убива...Бавно но сигурно.:pos2::tapp::tapp:(заборајле никотин продукција ахах)

А без разлика дали пушите или не-еден кинески мудрец рекол-

Со секое вдишување и издишување сте поблиску до смртта.

Јас знам и непушачите умираат....правеле рачуни,бла,бла 2 часа од животот скратува-бла бла...

Треба да си има посебни места за пушачи и посебни за непушачи....башка не на секој непушач му смета,всушност на мнозината непушачи не им смета(имаат другари/другарки пушачи)....

ПЛАЌАЈТЕ КАЗНА-од тебе зависи.

ај за хигиена,плукање...ок,ама ова е нонсенс.

неколку стаклари,и пазарџии...беа казнети 5000 евра оти немале фирма регистрирано.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Пусто турско.........врати се назад.....ако вака се продолжи и гаќите ќе ни ги земат....:pos2:
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.440
Поени од реакции
6.094
Незнам зошто не одиме на референдум за законов ...150 000 потписи и да видиме каде стојат работите...дали бил дискриминирачки или не бил.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Е неможе референдум овој народ е глуп и за него ке одлучува Гвујо и компанија,кој го прашува народот каки референдум каки бакрачи шо е ова швицарска ајде молимте
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.440
Поени од реакции
6.094
Па не е само грујо и другите беа исти...Туку народов се срами од референдум џоа европска унија ке се наљутела од референдуми како пред 5-6 години
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Грешиш.Секако дека ќе има директно влијание врз економијата преку секторот угостителство и туризам,можеби ќе се намали и побарувачката за цигари,а со тоа и сумата која ќе влезе преку aкцизи.Гранките кои ќе настрадаат,ќе повлечат надоле приход од даноци по било кој основ.Оние што ќе останат без пари(плата),нема од каде да трошат во други сектори,семејниот буџет уште толку ќе се намали,со што директно ќе се влијае на домашната кошничка. Голем дел од тие што имаат,ќе ги трансформираат во странски туризам,а со тоа и директен одлив на девизи.
Одговорот е дека има влијание и општеството губи:smir:
Која глупост.
Ајде сите да станеме конзументи на тутунот за да ја придвижиме македонската економија напред :tapp:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Грешиш.Секако дека ќе има директно влијание врз економијата преку секторот угостителство и туризам,можеби ќе се намали и побарувачката за цигари,а со тоа и сумата која ќе влезе преку aкцизи.Гранките кои ќе настрадаат,ќе повлечат надоле приход од даноци по било кој основ.Оние што ќе останат без пари(плата),нема од каде да трошат во други сектори,семејниот буџет уште толку ќе се намали,со што директно ќе се влијае на домашната кошничка. Голем дел од тие што имаат,ќе ги трансформираат во странски туризам,а со тоа и директен одлив на девизи.
Одговорот е дека има влијание и општеството губи:smir:
Претпоставката ти е од чиста нервоза зошто ти смета законот. Не е можно опшеството да губи кога пари НЕМА да се одливаат. Ако ете јас испушам една пакета цигари помалку и испијам 2 кафиња помалку ова недела не значи дека тие 200 денари се одливат од економијата, истите се преливаат евентуално во друг сектор.

Мислам дека нема потреба да ти објаснувам понатаму, да не ти вреѓам интелегенција сега со инфантилни хипотетички сценарија (како јас си купувам чокалатце место цигари и како витаминка ги вработва тутунарите пошто им се зголеми производството).

Опшеството не губи во никој случај, а мене искрено ми е жал шо верваш во ваква ефтина политичка реторика.

П.С. Ај да ми објасни некој во кој дел од законот има ДИСКРИМИНАЦИЈА, пошто гледам во претенциозната анкета стои. Дискриминација е кога некоја група на луѓе е третирана различно, шо не е случај, законот важи подеднакво за сите никој не е дискриминиран.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom