Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Инспекторите ноќе нема да спијаат додека не се спроведи законот на дело :icon_lol:.
 
Драги браќа и сестри пушачи (на цигари)

Не се замарајте, ќе издржиме месец - два ќе се наполнат државните каси и потоа ќе се укине тој закон.

Viva la revolution!
 
http://docs.google.com/viewer?a=v&q=cache:JPS9OK7nq1MJ:electrolux.mk/index.php%3Foption%3Dcom_docman%26task%3Ddoc_view%26gid%3D1440+zakon+za+zastita+od+pusenje&hl=mk&sig=AHIEtbTxCtDA6Glqzgc3l_cNOk0Wb5NZPA
или
http://www.logincee.org/remote_libraryitem/23204?lang=mk

Од pravo.org.mk еве ја претпоследната измена (малце подолгичок), член 2 е сменето она што ги засега кафанџиите

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО
Сл. Весник на Р. Македонија бр.103/08 од 19.08.2008 година



Член 1
Во Законот за заштита од пушењето (“Службен весник на Република Македонија“ број 36/95, 70/2003, 29/2004 и 37/2005), во членот 1 зборот “одредени“ се брише.

Член 2
Во членот 2 по алинејата 7 се додава нoва алинеја 7-а, која гласи: “- кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафе барови, кабареа, дискоклубови и пивници;“. Алинејата 9 се менува и гласи: “- други јавни простории (сали, канцеларии, работни простории, чекални, ходници и
слично);.

Член 3
Членот 3 се менува и гласи: “Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за
пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот.“




Членот 7 се менува и гласи:

Член 4


“Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот просветен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.
Државниот пазарен инспекторат врши инспекциски надзор во објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна, интернет кафеа и објекти за продажба на непрехранбена стока.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши инспекциски надзор во јавни и приватни здравствени установи, социјални установи, во објекти во кои се врши воспитно-згрижувачка дејност (градинки), објекти и превозни средства во меѓународен јавен превоз.
Државниот просветен инспекторат врши инспекциски надзор во објектите во кои се врши основно образование, средно образование, високо образование, научни институции, ученички и студентски домови, јавни и приватни воспитно-образовни и згрижувачки установи и игротеки.
Државниот инспекторат за труд врши инспекциски надзор во органи на државната управа, установи и институции во органите на локалната самоуправа во кои се одржуваат состаноци и средби, други јавни простории (сали, канцеларии, работни простории, чекални, ходници и слично), објекти и превозни средства во
домашниот јавен превоз, жичари и ски-лифтови, затворени и отворени простории
во кои се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации,
собири и други јавни приредби.“

Член 5
Насловот пред членот 9 се менува и гласи: “ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ".




Членот 9 се менува и гласи:

Член 6


“Глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако постапи спротивно на членовите 3, 4, 5, 5-а, 6 и 7 од овој закон.
За прекршокот од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.“




Членот 10 се менува и гласи:

Член 7


“Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето (член 2).
За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот.“

Член 8
По членот 10 се додава нов член 10-а, кој гласи:

“Член 10-а
Прекршочната постапка за прекршоците предвидени во овој закон ја води надлежниот суд.
Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон, надлежните министерства од областа на
економијата, здравството, образованието, односно трудот, водат постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците.“

Член 9
Одредбите на членовите 2 и 3 од овој закон ќе започнат да се применуваат по истекот на 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Одредбата на членот 2 алинеја 7-а ќе започне да се применува од 1 јануари 2010
година.

Член 10
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.
 
Сосема праведно. Ако веќе се донесува законот, не само овој било кој, треба да се спроведе од моментот кога стапува во сила и тоа да биде почитувано во спротивно да има казни.
Поддршка за законов.
 
Нека стават забрана па на што личи ова седам на маса за непушачи а ми дуваат во фаца пушачите од другата маса епа сеа :pusk:
 
Сосема праведно. Ако веќе се донесува законот, не само овој било кој, треба да се спроведе од моментот кога стапува во сила и тоа да биде почитувано во спротивно да има казни.
Поддршка за законов.

законов ти е ко да забраниш мочање у базен.. те молам која подршка... ај подршка да стапи на сила .. теоретски у 00:00 треба да стапи на сила односно НАСТАНУВА на сила али кажете ми вие има ли логика... идеш у кафана од 9 до 12 се пуши ко парна коломотива унутра да влегла и оп 12:00 нема пушење.. сеа чист воздух дишиме.. а вие пушачии сеа пушете .!. Ма ајде те молам.. не подржувам ваква глупост.. и уше некој чиче у 00:05 да ти дојде и да ти рече законот е стапен на сила ПРЕД 5 МИНУТИ ај сеа казна ке ти опнам.. ЛОГИКА = 0
 
Плувам по законов. Најдобро решение е да направат одделци за пушачи и непушачи соодветно. Единствената причина поради која што одам на кафе по кафичите е да го испијам со пола кутија родео меко...
 
да бе во 12 часот ќе дојде полицаец и ќе ве избрка:pos2::pos2::pos2:
не верувам дека на некој ќе му се деси :)
 
Пред да си честитате Нова Година, исфрлете ја цигарата. После тоа ќе биде доцна. :))):smir:
 
законов ти е ко да забраниш мочање у базен.. те молам која подршка... ај подршка да стапи на сила .. теоретски у 00:00 треба да стапи на сила односно НАСТАНУВА на сила али кажете ми вие има ли логика... идеш у кафана од 9 до 12 се пуши ко парна коломотива унутра да влегла и оп 12:00 нема пушење.. сеа чист воздух дишиме.. а вие пушачии сеа пушете .!. Ма ајде те молам.. не подржувам ваква глупост.. и уше некој чиче у 00:05 да ти дојде и да ти рече законот е стапен на сила ПРЕД 5 МИНУТИ ај сеа казна ке ти опнам.. ЛОГИКА = 0

Конкретно за законот пушачите и непушачите си имаат свои ставови и тешко дека ќе ги променат.
Јас како непушач долго време си имав проблеми да ме трујат од страна кај и да влезам без да ме прашаат што се вика, да смрдам на цигари и да треба да се перам на секои 2 дена. Мислам сепак станува збор за јавна просторија дома никој не забранува да се пуши ама во јавна просторија со право нема да има привилегии за пушење.
 
Искрено кажано следниот закон којшто очекувам да стапи во сила за неколку месеци ќе биде " забрането жвакање мастика во јавни простории, на улица може да се жвака ама не смееш да правиш балони " нешто во тој стил ќе биде следниот закон го осеќам тоа лол.

Уште еднаш едно големо НЕ за овој закон апсурдно е бе
 
само во чајче :) се што е во хартија е недозволено :)

Можеби сакам да пушам магданос, црвен пипер или мирудија во хартија, а во законот не се опфатени тие продукти (дупки во законот).

Значи нема што да се секирам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom