Да де, по то е познати нашиве :smee:Инспекторите ноќе нема да спијаат додека не се спроведи законот на дело .
Сл. Весник на Р. Македонија бр.103/08 од 19.08.2008 годинаЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО
Во Законот за заштита од пушењето (“Службен весник на Република Македонија“ број 36/95, 70/2003, 29/2004 и 37/2005), во членот 1 зборот “одредени“ се брише.Член 1
Во членот 2 по алинејата 7 се додава нoва алинеја 7-а, која гласи: “- кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафе барови, кабареа, дискоклубови и пивници;“. Алинејата 9 се менува и гласи: “- други јавни простории (сали, канцеларии, работни простории, чекални, ходници иЧлен 2
слично);“.
Членот 3 се менува и гласи: “Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување заЧлен 3
пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот.“
Членот 7 се менува и гласи:
Член 4
“Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот просветен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.
Државниот пазарен инспекторат врши инспекциски надзор во објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна, интернет кафеа и објекти за продажба на непрехранбена стока.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши инспекциски надзор во јавни и приватни здравствени установи, социјални установи, во објекти во кои се врши воспитно-згрижувачка дејност (градинки), објекти и превозни средства во меѓународен јавен превоз.
Државниот просветен инспекторат врши инспекциски надзор во објектите во кои се врши основно образование, средно образование, високо образование, научни институции, ученички и студентски домови, јавни и приватни воспитно-образовни и згрижувачки установи и игротеки.
Државниот инспекторат за труд врши инспекциски надзор во органи на државната управа, установи и институции во органите на локалната самоуправа во кои се одржуваат состаноци и средби, други јавни простории (сали, канцеларии, работни простории, чекални, ходници и слично), објекти и превозни средства во
домашниот јавен превоз, жичари и ски-лифтови, затворени и отворени простории
во кои се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации,
собири и други јавни приредби.“
Насловот пред членот 9 се менува и гласи: “ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ".Член 5
Членот 9 се менува и гласи:
Член 6
“Глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако постапи спротивно на членовите 3, 4, 5, 5-а, 6 и 7 од овој закон.
За прекршокот од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.“
Членот 10 се менува и гласи:
Член 7
“Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето (член 2).
За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот.“
По членот 10 се додава нов член 10-а, кој гласи:Член 8
Прекршочната постапка за прекршоците предвидени во овој закон ја води надлежниот суд.“Член 10-а
Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон, надлежните министерства од областа на
економијата, здравството, образованието, односно трудот, водат постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците.“
Одредбите на членовите 2 и 3 од овој закон ќе започнат да се применуваат по истекот на 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.Член 9
Одредбата на членот 2 алинеја 7-а ќе започне да се применува од 1 јануари 2010
година.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.Член 10
законов ти е ко да забраниш мочање у базен.. те молам која подршка... ај подршка да стапи на сила .. теоретски у 00:00 треба да стапи на сила односно НАСТАНУВА на сила али кажете ми вие има ли логика... идеш у кафана од 9 до 12 се пуши ко парна коломотива унутра да влегла и оп 12:00 нема пушење.. сеа чист воздух дишиме.. а вие пушачии сеа пушете .!. Ма ајде те молам.. не подржувам ваква глупост.. и уше некој чиче у 00:05 да ти дојде и да ти рече законот е стапен на сила ПРЕД 5 МИНУТИ ај сеа казна ке ти опнам.. ЛОГИКА = 0Сосема праведно. Ако веќе се донесува законот, не само овој било кој, треба да се спроведе од моментот кога стапува во сила и тоа да биде почитувано во спротивно да има казни.
Поддршка за законов.
Конкретно за законот пушачите и непушачите си имаат свои ставови и тешко дека ќе ги променат.законов ти е ко да забраниш мочање у базен.. те молам која подршка... ај подршка да стапи на сила .. теоретски у 00:00 треба да стапи на сила односно НАСТАНУВА на сила али кажете ми вие има ли логика... идеш у кафана од 9 до 12 се пуши ко парна коломотива унутра да влегла и оп 12:00 нема пушење.. сеа чист воздух дишиме.. а вие пушачии сеа пушете .!. Ма ајде те молам.. не подржувам ваква глупост.. и уше некој чиче у 00:05 да ти дојде и да ти рече законот е стапен на сила ПРЕД 5 МИНУТИ ај сеа казна ке ти опнам.. ЛОГИКА = 0
само во чајче се што е во хартија е недозволеноОК, цигари не смеам. А свети билки ...?
Можеби сакам да пушам магданос, црвен пипер или мирудија во хартија, а во законот не се опфатени тие продукти (дупки во законот).само во чајче се што е во хартија е недозволено