Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
пропаднаа преговорите со бориело батулецот барал преголема плата ....која јуве неможи да му ја плати ... мислам дека бесе 3 или 4 мил не сум сиг
 
пропаднаа преговорите со бориело батулецот барал преголема плата ....која јуве неможи да му ја плати ... мислам дека бесе 3 или 4 мил не сум сиг

Во Милан зема 3.5 ваљда вамо барал појќе типот !
 
смешки е овој Бориело,мило ми е што толку се цени човекот.....ми олесна што има други поуверливи шпекулации за доведување на уште еден напаѓач
 
Буфон е повреден пола сезона
Киелини е одличен тука нема збор
Маркизио игра со многу променлива форма и не е воопшто конзистентен
Дел Пиеро колку и да е брилијантен, нема 90 минути во нозете и тоа е сосема нормално со оглед на неговите 36 години.
Иако Буфон беше повреден,јас го сметам за еден од најдобрите играчи во Јувентус.Буфон е најдобар голман на светот,и неговото присуство во тимот е од непроценливо значење.Затоа,Марота уште во своето прво интервју како Директор во Јуве, изјави дека Буфон не заминува од Јувентус по никоја цена.

Маркизио и од Прандели и од Липи е сметан за иднината на Италијанската репрезентација,и играч околу кој ќе се гради средината во Италијанската репрезентација.

Диего, човек на кој му помина периодот за адаптација од една година и беше најдобар (без никаква дилема) на подготвителните натправари и покрај тоа што играше како втор напаѓач е подарен за смешна сума на пари на 3 дена од истекот на трансфер периодот.

Џовинко, блескав талент кој не доби никаква шанса во Јуве, никако не смееше да биде пуштен ако веќе имало намера за продажба на Диего. Моја прогноза е дека ќе растури во Парма сезонава.

Диего и минатото лето беше најдобар на подготвителните натпревари,Амаури минатата сезона во подготвителните даде 10+ гола,но едно е да бидеш најдобар против Штурм,Шамрок и Јувентус Примавера,а друго е против Интер,Милан,и цела сезона тимот да се потпира врз играчот.Диего можеби носи најмала вина за слабата сезона,но реално не го покажа она што се очекуваше од него.Сумата реално е мала во однос на тоа што Јуве го плати за него минатата сезона,но реален интерес од најсилните клубови за него немаше.Единствените заинтересирани беа Шалке и Волфсбург.

А за адаптацијата,Моџи имаше изјава „На супер играч,му се потребни максимум 10 натпревари за да се адаптира на нов тим“.

За Џовинко,ако постои некој фудбалски работник во Јувентус кој го познава најдобро Џовинко,тогаш тоа сигурно беше Чиро Ферара.Чиро беше задолжен за младата школа,во која беше Џио.Кога беше поставен за тренер на Јуве,Џовинко и сам изјави дека сигурно ќе добива поголема шанса,но не доби шанса.Ако се покажи во Парма,Џовинко ќе биде вратен во Јувентус,ама едно е да бидиш најдобар во Парма а сосема друго е да бидеш во Јувентус.

Преговорите со Бориело пропаднале поради тоа што Бориело барал плата поголема од таа што ја зема во Милан (3.5 мил).

После Трезеге,уште еден играч што имал голем придонес веројатно ќе замини од Јувентус, Мауро Герман Каморанези.Според шпекулациите,Каморанези се наоѓа во Германија на медицински прегледи во Штутгарт.
 
Го продадовме Диего... зошто не одговарал во плановите на дел нери и во 4-4-2 формацијата... што праиме утре ако си замине дел нери и ако дојде некој друг тренер што ке игра со поинаква формација во која ке се вклопува диего?
 
Го продадовме Диего... зошто не одговарал во плановите на дел нери и во 4-4-2 формацијата... што праиме утре ако си замине дел нери и ако дојде некој друг тренер што ке игра со поинаква формација во која ке се вклопува диего?

Не верувам дека ако треба да се мења тренер во иднина дека управата ке дозволи да дојде некој што ке ја смени формацијата.Ова е нашата најдобра формација и вака треба да се игра.Грешка беше што лани ја сменивме формацијата.Требаше по пензионирањето на недвед да се донесат Чаби Алонсо и крило некое и оваа година да донесеме уште едно класа крило и бекови исто пари ке потрошевме ама ке имавме далеку подобар тим..

Оваа година околу 50 милиона потрошивме
Лани 50 милион потрошивме
2008 полусен и манингер незнам колку коштаа..

Со овие пари ке можевме да ги донесеме Алонсо кој ке играше одлично со маркизио на средината и плус како што пишав погоре некои крилни играчи.
 
Агуеро?Незнам за тоа....ај да видиме па ке праиме муабет ама не верувам.
 
OFFICIAL: Juventus Defender Jonathan Zebina Rescinds Contract & Gets Ready To Join Brescia -ајде пријатно :)
 
Јувентус ја одфрли "преценетата ѕвезда Бориело",и сега сака да склучи договор со Сампдорија за Пацини,не викам дека играчот не е лош,но има подобри од него кои се во Серија А -.-
 
Еј дај бе земајте го Бориело да не му биде џабе патот на Робињо до Милано :@
 
Еј дај бе земајте го Бориело да не му биде џабе патот на Робињо до Милано :@
само за тебе одма ќе му ѕвонам на марота.Марота одлучува мислам дека до сега ќе беше донесен ако сакаа ама очигледно се тргнати по друг напагач некој како Пацини
 
Бориело изјави дека ако си замини од Милан,тоа сигурно ќе биде перманентен трансфер,а не позајмица.Јуве многу тешко дека ќе ги плати 15 милиони кои ги бара Милан. линк

Агентот на Ташчи изјави дека играчот сакал да се пресели во Јувентус,но клубот не сакал да го продаде,но најави дека можно е да се очекува реализација на трансферот следниот трансфер период.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom